Среда, 30 Август 2023   
Народот повеќе не им верува на оваа расипничка власт!

1svekrva Свекрва

Предизвиците во Западен Балкан не се исчезнати.

Состојбите во БиХ, Црна Гора, Србија, Косово, Македонија, земјите кои се наоѓаат на т.н. „линија на огнот“ не се сјајни. Република Српска се заканува со отцепување, на северот на Косово има постојани тензии, а Бугарија со вето го попречува евро интегративниот процес на Македонија и Албанија. Сето тоа овозможува пораст на национализмот, криминалот и социјални тензии.

Ваквите состојби го попречуваат евро-интегративниот процес на Западен Балкан, но не се пречка ЕУ да размислува на Украина како можна членка.

Отука албанскиот премиер Еди Рама на панел дискусијата на Бледскиот стратешки форум иронично ќе рече дека „Бугарија може лесно да ја нападне Северна Македонија, Хрватска - Србија, Србија да го нападне Косово, Босна и Херцеговина самата да се нападне, ако ги замолиме Грците со задоволство ќе не нападне нас, а Црна Гора ќе се излежува на плажа. Тогаш Украина може лесно да стане членка.

Во негов стил, албанскиот премиер размислувајќи кој кого може да нападне на Балканот, ќе ги спомене речиси сите земји, но ја исклучува својата како можен агресор. Меѓутоа, албанскиот премиер заборави дека покрај бугарските барања, по негово патронство на 7. О1. 2017 г., од страна на претставниците на албанските партии во Македонија се потпиша Тиранската платформа, која со своите барања беше директен атак врз унитарноста на државата и уставниот поредок.

Иако голем дел од одредбите на Платформата беа надвор од Рамковниот договор и надвор од уставот, иако тоа беше вовед во бинационалниот концепт кој секогаш ги продлабочува разликите, СДС за да остане на власт го донесе Законот за употреба на јазиците во 2018 г. Промената на името и прифаќањето на барањата на Албанците ќе ја натера Бугарија да ги зголеми своите барања.

Настаните подоцна покажаа дека никогаш нема да има крај на барањата. И покрај исполнување на најголем дел на барања на албанската заедница во Македонија, изостана нивната лојалнист кон државата. По Законот за употреба на јазиците сега албанските пратеници во парламентот бараат да се тргне од уставот 20%, а се бара и дебата за знамето, химната и државниот грб, Денес тие го веаат знаме на „голема Албанија“ и се закануваат дека нема Албанец од Македонија кој ќе ја отпее „Денес над Македонија се раѓа“ како негова химна“.

Неодамна, за време на неофицијален пречек на косовскиот премиер Албин Курти во Тетово беше истакнато знаме со картата на „Голема Албанија“, а имаше изостанок на македонски знамиња, химна и превод. Исто така, тој беше пречекан со песната „добродојде во Албанија“. И за време на посетата на специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар на Македонија, во Тетово беше истакнато знаме со картата на „Голема Албанија“.

И додека Албанците се единствени во своите барања, ние Македонците неможеме да се договориме да ги одбраниме највиталните прашања за иднината на Македонија. Така, многумина експерти, меѓу кои и луѓе на СДС, ги правдаат овие националистички испади како предизборна реторика, начин на помалите албански партии да си го зголемат рејтингот.  Исто така, истите ги бранат и барањата за влез на Бугарите во Уставот. Но, ако се разгледа подлабоко, ќе се примети дека и едните и другите работат во остварување на нивните големодржавни соништа.

Во нивен прилог им оди корупцијата и криминалот кои цветаат во земјата и кои уште повеќе не одалечуваат од ЕУ и ги поткопуваат темелите на државата. Меѓутоа, кога имаш јавен обвинител и Уставен суд, подложни на власта, лесно е самонаречените проевропски партии да спроведат одредени активности кои се против националните интереси. Во тој контекст е и положувањето на правосуден испит пред дипломирањето на синот на Собранието.

И додека народот гладува, а државата нема пари за лекови, свесни дека им се ближи крајот, како пред распад на една држава, власта енормно врши одлив на пари по разни основи на фирми блиски до нив. 

Платите на функционерите се покачени за 78%, а луѓе на власта добиваат без пари трговски центри или пак откупуваат земјишта и деловен простор за  багателни цени. По разни тендери се одлеваат исто така енормни средства на фирми блиски на ДУИ и СДС. И за да се покрие сето тоа, власта дава милиони за реклами на блиски фирми.

Но и покрај скапата пропаганда, народот повеќе не и верува на оваа расипничка власт, која ја растура државата по сите основи. Никој веќе не ни помислува на уставните измени.

Свесни дека под палката на ова крининална багра државата се повеќе се распага, дека здраството, образованието, економијата секој ден се повеќе колабира и дека  никој не одговара за тоа, народот се повеќе го крева својот глас. На нозае се сите, од вработени во државната администрација, здраство, образование и др., па до пензионерите.

Сите чекаат нови избори за да оваа мафијашка и петоколонашка власт замине во историјата, а сите оние кои ја доведоа државата во оваа позиција да одговараат пред судот на народот.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.