|
|
Власта на СДС и ДУИ на душа носи многу животи |
Свекрва Мода има одговорност за злоупотребата на лекови! Долго време Клиниката за онкологија ја тресат скандали. По по влегувањето на полицијата на почеток на месецот во Онкологија во јавноста излезе уште поголем скандал. Повикувајќи се на сведоци од пациентите, нивни роднини, како и од вработени на клиниката, медиумите говорат дека „се препродавале цитостатици од страна на вработените со што дел од пациентите биле оставени без терапија. А кога недостигала терапија, пак, вработени ја продавале на болните „под рака“. Се говори дека пациентите плаќале и по 4000 евра за лек. Во препродажабата на лекови се говори дека на Клиниката за онкологија биле замешани неколку лекари, а медицинска сестра била фатена дека во два наврати украла цитостатици. Таа добила отказ многу подоцна и сега не била достапна за истражните органи. Иако државните ревизори констатираат неправилности уште пред две години, власта дури сега реагира. Сето ова раѓа сомнеж за поврзаност со раководните структури и власта на СДС и ДУИ. Дополнително овој сомнеж се зголемува по сознанието дека КАТО системот за контрола на терапијата (набавен од предходната влада на ВМРО-ДПМНЕ) на пациентите бил изваден од употреба по доаѓањето на власт на СДС. Медиумите ќе забележат дека „по 2017 година започнуваат сериозни проблеми со крадење лекови“. Зошто МВР и Обвинителството долго време молчеа и зошто токму сега го отвараат случајот? Дали тоа се високите долгови направени од клиниката или потребата од свртување на вниманието на јавноста од другите скандали поврзани со СДС и ДУИ или пак потребата да се сврти вниманието од притисокот што го спрема власта да го изврши врз пратениците на опозицијата за да се извршат уставни измени? Јавното обвинителство дури сега отвори предистражна постапка за препродавање на скапа биолошка терапија за лекување на болните од рак на клиниката. Поради закаснетото реагирање, власта на душа носи многу животи, кои можеле да бидат спасени доколку на време ја спречила препродажбата на лекови. Некој треба да сноси одговорност. Меѓутоа, во народот ретко кој верува дека ќе има правична завршница, исто како што беше случајот со модуларната болница во Тетово, Дурмо транс и Беса транс, особено не по измените во Кривичниот законик. Сите овие настани во изминатите години од владеењето на СДС и ДУИ дипринесоа да се создаде една страшна слика на разорено здравство, образование, економија, промена на име и др., општество кое е исполнето со криминал и корупција, општество во кое не се цени човековиот живот. Скандалот на Онкологија е одраз на целокупната слика во државата, во која по доаѓањето на власт на СДС и ДУИ цвета јавашлукот, корупција и криминал. Денес како никогаш досега е изгубена човечноста, етиката и моралот. Станавме општество во кое власта ги гони ситните, а ги штити крупните криминалци. Станавме општество во кое речиси никој од власта не сноси одговорност, во кое никој од нив не поднесува оставка како морален чин за случени несреќи и катастрофи во кои се изгубени човечки животи. Во Онкологија функционирала организирана мафија, директорот, министерот и Ковачевски се директно одговорни. Невозможно е да се случува кражба на цитостатици од масовни размери на Онкологија, а директорот, министерот и Ковачевски да не знаат. Самиот факт што никој од Онкологија не е во притвор говори дека власта го заташкува случајот. Македонија мора да го спречи овој геноцид врз сопствениот народ. И уште еднаш да повториме, оваа ненародна власт мора што побргу да замине во историјата. Потребни се брзи избори и власт која ќе знае да ја ресетира државата. |