Среда, 20 Септември 2023   
Македонскиот народ верува во Христајан Мицковски и во пратениците на ВМРО ДПМНЕ
1svekrva Свекрва
 
Професорот Христијан Мицковски има силен личен интегритет. Тој е личност која е подготвена без внатрешни сомнежи да се жртвува себеси за своите уверувања.
Во одбрана на македонскиот идентитет тој има голема поддржка од членството на партијата и македонскиот народ. Исто така, во оваа борба тој ја има и поддржката од ветераните на ВМРО ДПМНЕ, кои се спремни во секое време да застанат на браникот на македонската држава.

Повторно сме сведоци на негирање на Македонците, како и обиди креирање на големи држави на сметка на нејзината територија. Притисокот за влегување на Бугарите во уставот не е ништо друго до отварање на пат за поделба на земјата, веќе видено за време на Втората светска војна.

Македонскиот народ во Вардарска Македонија во борба со германските, бугарските, италијанските и балистичките фашистички сили за време на Втората светска војна, имаше околу 25000 загинати борци. За жал нивните синови и внуци кои се денес во редовите на социјалдемократите ги испоганија нивните гробови и ја погазија нивната борба за независна и суверена македонска држава.

Под притисок на Грција, тие дозволија да се смени името на државата, а под притисок на Бугарија тие се дрзнаа да ја корегираат историјата, прифаќајќи туѓа историја која го негира македонскиот идентитет, јазик и култура.

Уште од осамостојувањето на земјата, државите учеснички во поделбата на Македонија во Букурешт во 1913 година и нивните спонзори меѓу големите сили, водат специјална војна против македонскиот народ.

Во текот на три децении од Лисабонската декларација (1992), во која се признаваше држава без да го содржи името Македонија, овие сили не‘ користат гасни комори или не се фрлаат напалм бомби врз Македонците како во минатото, но вршат притисок сами да се откажеме од својот македонски корен.

СДС за да ги зачуваат привилегиите и нејзиниот коалиционен партнер во власта ДУИ за да ја оствари големоалбанската идеја, која се совпаѓа со интересите на некои големи сили, прифаќаат се што ќе им се сервира од т.н. меѓународна заедница.

Го сменија името и ги поткопааа темелите на македонската држава. АСНОМ-ска Македонија повеќе ја нема. Имено, челниците на СДС како ништо да не ги интересира подалеку од линијата Групчин – Подмоље, а изгледа дека остатокот би го однеле, како што вели поранешниот македонски екс премиер со бугарски пасош, а сега во власта - кај „своите браќа Бугари“.

Единствено кој дава отпор е опозицијата, предводена од Христијан Мицковски, лидер на ВМРО ДПМНЕ. Тој се противи на диктатот од Софија, Бугарите да влезат во Уставот на Македонија. Па поради овој отпор, Мицковски се наоѓа под жесток притисок на петоколонашите во власта и т.н меѓународна заедница. До него отворено или во скриена форма доаѓаат секакви понуди, но  и меки и тврди закани за да го прифати барањето на Бугарија.

Мицковски и претениците на ВМРО ДПМНЕ го застапуваат ставот на мнозинството Македонци и во моментот нема индиции дека ќе попуштат под притисоците. Сепак, познавајќи ја бескрупулозноста на домашните предавници и нивните народбодавачи, македонскиот народ се плаши да не се повтори ситуацијата од октомври 2018 година кога седум уценети и поткупени пратеници на ВМРО ДПМНЕ и еден од коалицијата гласаа за промена на името.

Свесни за популарноста на Христијан Мицковски и ВМРО ДПМНЕ, кои со помош на македонскиот народ нема да дозволат СДС и ДУИ да спроведат демакедонизација. внатрешните елементи, петоколонашите и агентите на меѓународната заедница вршат и ќе прродолжат да вршат притисок до парламентарните избори за нивна политичка елиминација.

Се виде на 18 август единството на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени и таа тема е затворена.

ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот под бугарски диктат.

Македонскиот народ верува во Христајан Мицковски и во пратениците на ВМРО ДПМНЕ.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.