|
|
Членството на ВМРО ДПМНЕ сплотено како никогаш досега! |
Свекрва Членството на ВМРО ДПМНЕ сплотено како никогаш досега! ВМРО ДПМНЕ како партија во својата историја памети одредени разединувања меѓу своите лидери, но мнозинството членови секогаш застанувале зад актуелниот претседател на партијата. Така беше кога Никола Груевски го замени Љубчо Георгиевски, така е и сега кога на местото на Груевски е Христијан Мицковски. Христијан Мицкоски по доаѓањето на власт се соочува со низа тешкотии и тој упорно работи да ги збие редовите од партијата и да ја поврати довербата на нарадот. Мицкоски доаѓа на чело на партијата во декември 2017 година, по низата бомби и обвинувања на повеќе партиски функционери за финансиски криминал и злоупотреба на службената должност, големи долгови и обиди да се избрише партијата од централен регистер. Исто така, Мицкоски доаѓа на чело на партијата во време кога СДС и ДУИ ја разнебитуваат државата, кога се распродаваат националните интереси, кога се негира името, идентитет, јазикот и културата на македонскиот народ и кога едноставно е тешко да се биде Македонец. Меѓутоа, со своите секојдневни заложби за Македонија, за правичен третман на државата и македонскиот народ во евроатланскиот интегративен процес, па за правично општество, независно судство, за искоренување на корупцијата и криминалот, за развој на економијата, за раст на платите и пензиите, за подобрување на состојбите во здраството и образование и т.н., Мицкоски успева да ги збие редовите во партијата и да ја поврати довербата на народот. Така на Локалните избори во 2021 година ВМРО ДПМНЕ освои градоначалнички места во 42 општини, што е повеќе од двојно од СДС која освојува само 16 градоначалнички места. Две години потоа, анкетите покажуваат уште поголема предност. Таа изнесува скоро три према еден и ВМРО ДПМНЕ е на прагот на најголемата победа на следните избори од осамостојување до денес. Денес ВМРО-ДПМНЕ е единствена партија која претставува пречка во целосно разнебитување и распродажба на македонските национални интереси. Нападите врз ВМРО-ДПМНЕ и врз актуелниот лидер на партијата Христијан Мицкоски, како што велат одредени актуелни политичари, „ќе доживеат фијаско, а ВМРО-ДПМНЕ со Мицкоски на чело, од нив ќе излезе уште посилно.“ Таквата констатација е сосема во право зошто денес, кога државата се наоѓа на крстопат, кога е доведена во прашање нејзината иднина, членството на ВМРО-ДПМНЕ ги зби своите редови и е уште пообединето и верно на Христијан Мицковски. Сите структури во ВМРО-ДПМНЕ му даваат поддршка, а зад него стои и мнозинството од македонскиот народ. Едноставно кажано, ВМРО-ДПМНЕ нема да потклекне, а пратениците нема да ги изгласаат уставните измени. И покрај тоа, под водство на Мицкоски, Македонија ќе стане членка на ЕУ, а набрзо, ќе дојде време кога многумина од сегашните претставници на власта инволвирани во корупција, криминал и распродажба на националните интереси ќе одговараат пред лицето на правдата. Тие ќе треба да објаснат многу работи, меѓудругото и тоа како од обични граѓани станале милионери. |