|
|
ВМРО-ДПМНЕ не е ниту пробугарско, просрпско, прогрчко, ВМРО-ДПМНЕ е промакедонско, било и ќе биде |
Свекрва Власта предводена од СДС и ДУИ секојдневно ја разградува државата на македонскиот народ. Нема сегмент од општеството кој не е уништен, нема ниту една здрава институција за да го спречи овој процес на разградување. Судството е под капата на актуелната власт и сето тоа допринесува цветање на криминалот и корупцијата, канцер кој уште повеќе ја уништува државата. Согледувајќи дека во земјата светлата полека се гасат, околните мршојадци со аспирација кон нашата територија ја разграбуваат нашата историја, индентитет и култура. Единствената сила која можеше да се справи со ваква ситуација се некорумпираните млади, но тие во потрага по подобар живот заминуваат од земјата. Остануваат само оние кои имаат редовни и добри плати и пензионерите. Тоа се оние пензионери кои ја граделе оваа земја и на кои во текот на транзицијата црвената боржуазија им го одзеде општествениот капитал, им ги одзеде акциите. Тоа се оние пензионери кои денес имаат дупки во работениот стаж поради нередовна исплата на придонеси во пензискиит фонд. Тие денес имаат минимални пензии со кои едвај да можат да преживеат. Денес децата на црвената боржуазија, кои сметаат дека се предодредени да владеат, дека земјата е нивна имовина, продолжуваат со разграбувањето и разградувањето на земјата. Тие им го продадоа името, а сега им го распродаваат на мршојадците од соседството идентитетот, историјата, културата. Секој кој им се спротиставува е изложен на прогон и малтретирање, а пак пензионерите како сила која може да им застане на патот ги уценуваат со пензискиот фонд и ниските пензии. Додека власта си ги зголеми платите за 78 %, за пензионерите има само цркавица од 5.3 посто. Меѓутоа, можеби токму пензинерите, заедно со останатите Македонци кои останаа во земјата гледаат како полека се гасат светлата на македонската држава, и час поскоро, заедно со опозицијата на чело со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе им пресудат на предавниците и криминалците. Тие не сакаат и нема да дозволат македонскиот народ да ја има судбината на Ерменците од Нагорно Карабах. Свесни дека на следните избори ќе им се случи народ и дека ќе одговараат за сето извршено злосторство, СДС подготвува разни игри да остане ден повеќе на власт. Се подготвуваат да донесат Закон на амнестија со кој од затвор ќе излезат криминалци кои ќе бидат искористени од страна на власта во предизборната кампања или пак евентуално за воведување на вонредна состојба. Опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ сето тоа будно го следи и се подготвува да спречи секој чекор во таа насока. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Втората годишна конференција на Унијата на Ветерани на ВМРО ДПМНЕ оддржана во Струмица ќе изјави дека „доколку законот за амнестија се носи по скратена постапка и со злоупотреба на европско знаменце, ќе побара од највисоките тела на партијата поддршка за одлуката пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да ја напуштат работата на Парламентот.“ Време е опозицијата да ја спречи оваа разуздана власт, која се претставува како проевропска, а всушност со своите постапки работи против членството во ЕУ. Време е опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „повторно да го обедини македонскиот народ“ за да стави крај на владеењето на СДС и ДУИ. За разлика од нив, како што ќе истакне на Конференцијата лидерот на партијата Христијан Мицкоски: „ВМРО-ДПМНЕ било, е и ќе остане прозападна политичка партија.“ Меѓутоа, “ВМРО-ДПМНЕ не е ниту пробугарско, просрпско, прогрчко, ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија за македонско национално единство и е промакедонско, било и ќе биде. А мојата порака до меѓународната заедница е да не дозволите уште еднаш да бидете заложници на руските интереси удоволувајќи и на Бугарија за повторно да се обиде да го асимилира Македонецот...“ |