Среда, 04 Октомври 2023   
ВАЖНО Е да се обединиме против лошото владеење!

1vmro 13

Македонија се наоѓа на крстосница, а изборот е повеќе од јасен: или ќе продолжи бездушната апатија која како вртлог ги влече луѓето кон дното или ќе ги промениме работите.,Македонија и граѓанинот губат на секое поле.

Власта го понижува секој еден граѓанин со цел да наметне слика дека ништо не зависи од народот.

Власта се плаши од народот, зошто знае дека тој е суверен и единствен кој одлучува за Македонија.

За лични бизнис интереси ја жртвуваат иднината на цела генерација. Економијата тоне, здравството произведува смрт, образованието се распаѓа, земјоделието е запуштено, правдата е уништена, народот живее живот на рати.

И додека економски го убиваат секој човек и СДС и ДУИ со штетните договори ја зациментираа безизлезноста.

Народот може да стави крај на апатијата, криминалот и безизлезноста. ВАЖНО Е да го крене гласот.

ВАЖНО Е да се обединиме против лошото владеење!

ВАЖНО Е сега, вистински важно е сите да се приклучар на промените и да знаат дека од секој еден зависи заедничката иднина и иднината на нивните најблиски.

ВАЖНО Е сега да знае секој дека ако сака да ги промени работите мора да се обединиме околу ВМРО ДПМНЕ и само така секој еден глас ќе има вредност и важност.

ВАЖНО Е да се направи разлика помеѓу власта, слугите на власта во опозицијата и опозицијата што ја руши власта.

ВАЖНО Е  секој да учествува во решенијата и програмата кои ќе ги создадеме, во програмата и понудата за која ќе се избориме.

ВАЖНО Е да победи надежта, да се гради иднина. МАКЕДОНИЈА да застане на нозе. Да изгрее сонцето на слободата, да ја кренеме главата, да дојде почетокот на обновата во која веруваме и за која се бориме.

Државата се наоѓа во мигови на пресвртница, на колективно рестартиње на деградираното општество и на враќање на вредностите во кои веруваме.

Лошите и криминални политичари не се и не смеат да бидат посилни од добриот и напатен народ.

Се бориме за достоинство среќа и иднина. За нашата горда и просперитетна Македонија.

За генерациите што немаа можност да се изборат, а оставија завет, но и за генерациите што доаѓаат.

За среќен народ!

За иднина во која веруваме и заедно, само заедно ќе победиме.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.