Среда, 11 Октомври 2023   
Ламбе Арнаудов: Светците на светлината веќе маршираат низ Македонија

1 Lambe Ламбе Арнаудов

“Македонскиот специјалитет“ започнат од Зоран Заев и неговата орда, во продолжение од кретени, дебили и катастрофичари предводени од неговиот глупав наследник узурпатор, дрво неделкано Димитар Ковачески, сега веќе брзо заминува, за никогаш повторно да не се врати.

За среќа на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД вакви срамни, лажни и неприфатени патенти, протуркани на мала врата не поминуваат кај народот.

Седум години уживавте својот народ да го правите МИЗЕРИЈА, да го понижувате, да се потсмевате со него, за ништо да не го прашувате и ниту една желба, макар и најскромна што живот им значи на граѓаните, да не испочитувате.

Упорно, без трунка срам и намус својот народ на кого безрезервно треба да му служите, го држите во мрачна темнина.

Ако се земе во предвид времето и местото и прогресот на демократијата воопшто, овој период од вашата СТРАВОВЛАДА е најцрна темнина од ИНКВИЗИЦИЈАТА наваму.

И, тоа од кого? Од своите. Не рекол бадијала нашиот мудар човек дека најтежок облик на владеење е оној кога малиот број осакатени и деформирани дилетанти ја приграбат власта, без личен интегритет, потпирајќи се на лажни поддршки од СИЛНИТЕ, го толчи својот народ и го држи во темнина.

Секако ова најсликовито го доловува приказната за двајцата браќа.

“Кога некој човек после долго време го видел својот пријател без едно око, видно изненаден и возбуден го прашал:

Кој ти го ископа окото?

Брат ми, гласел одговорот.

Аха, затоа толку длабоко.

Сега, темнината што ја надвисивте над МАКЕДОНИЈА ќе биде одувана, растерана од незапирливата војска СВЕТЦИ НА СВЕТЛИНАТА кои триумфално маршираат низ цела МАКЕДОНИЈА, носат бранови на светлина која отвора нови видици и хоризонти, убавини и добрини што не можеа да се видат од создателите на темнината (само за тоа способни), толку светла што ќе им ги заслепи очите за да разберат како е да однесеш цел еден народ во апсолутна темнина, за никогаш повеќе и никому да не му текне тоа да го направи на ниеден народ посебно не на СВОЈОТ.

Симболиката СВЕТЕЦ која ја употребувам во колумната, не е глорификација на личности, туку напротив, СПРОТИВНОТО односно едноставноста на обичниот човек кој благородно ги прима даровите поделени од народот и татковината, а за возврат, не малу, не повеќе, не највеќе туку све дава за својата татковина и народ, притоа не жалејќи да го положи и својот живот.

Ете, затоа, светците се ред во ГОСПОДОВАТА војска кои се овоземни, тукашни и заслужиле да се слават заедно со небесните војски, серафими, херувими и другите сите НЕПОБЕДЛИВИ.

Овие СВЕТЦИ НА СВЕТЛИНАТА веќе подолго време маршираат низ нашата татковина МАКЕДОНИЈА, го осветлуваат патот што води во многу, многу подобар, подостоинствен и со радост исполнет живот што граѓаните го заслужуваат.

Затоа денес тие се секаде добредојдени, со големо внимание слушани, и со искрена верба се во поголем број се придружуваат затоа што се сигурни дека нема да бидат изневерени или измамени од овоземните СВЕТЦИ, оти:

СВЕТЕЦОТ НИКОГАШ И НИКОГО НЕ ИЗНЕВЕРИЛ.

За да биде појасно. Погоре пишував за едноставноста на делата и вистинската вера во доброто што го прават овоземните СВЕТЦИ што пак од друга страна создаваат интуиција за да донесат правилна одлука што народот ќе ја препознае и со меѓусебна нераскинлива врска, заеднички ќе ја преточат во решение добредојдено, поволно и за среќа, радост и бериќет на сите.

А, за тоа многу малку е доволно.

Најголема чест внедрена во срцата и душите на овоземните СВЕТЦИ е да се живее ХРАБРО, рамо до рамо да се бориш со своите сонародници, да ги сакаш другите луѓе како своите најблиски, оти ако не ги сакаш другите не ги сакаш ни своите, да го почитуваш сиот човечки род како себе си се почитуваш, да ги браниш својот дом, своето семејство и со иста жар и посветеност тоа да го правиш за домовите и семејствата на сите луѓе познати и непознати и конечно да ги браниш збирно од сето ова својот НАРОД и својата ТАТКОВИНА МАКЕДОНИЈА.

Ако ова наједноставното го правиш, никогаш нема да ја преиспитуваш својата СОВЕСТ дали си овоземен ЧОВЕК – СВЕТЕЦ.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.