|
|
Александар Џеповски: Бугарија беше нормална земја само во времето на Ѓорѓи Димитров |
Александар Џеповски
Тоа беше времето кога можеше да се разговара со Бугарите и работите тргнаа по нагорна линија. Никој не се измотаваше со нив како денес на пример или после тоа во времето на Тодор Живков. Доминираше взаемна почит, искрени разговори и братска приврзаност како резултат на релаксирана романтична идила.
Немаше ништо невозможно или недостижно и имаше најави за Бугарија да влезе во федерација со тогашна Југославија и сето тоа ќе беше една голема земја која ќе доминираше во Европа. Двоецот Тито - Димитров имаа формула за се како и начин ете Македонија да се поврзе со Пирин како културна автономија и без граница.
Доколку успееше таа замисла, Бугарија ќе уживаше во благодетите на Европа преку тогашна Југославија и многу Македонци ќе заштедеа во изобилство две црвени но од друга страна Македонскиот наталитет ќе се намалеше но немаше гаранција дека новосоздадените Македонци на овој начин ќе создадат хомоген Македонски зацеметиран идентитет.
Лидер краси но лидер и гнаси е како синоним за Димитров и Живков. Првиот се покажа како тотален пријател и брат со Македонците а вториот како изрод кој не можеше да се помири со реалноста и фактот дека Македонија е конечно слободна и спремна за многу поголеми предизвици и остварени желби. Пренесите мошти на Гоце и ветената автономија на Македонија каде секој еден слободно се пишуваше и изјаснуваше како Македонец беше само почеток на бурата пред затишје.
Секој почеток има и свој крај но само Македонија има бесконечна магија која е присутна на секој чекор и во секоја пора кај сите нормални луѓе. ВЕРУВАМ(Е) ВО ЕДНА НРОМАЛНА БУГАРИЈА КОЈА ЗАЕДНО СО МАКЕДОНИЈА БРАТСКИ ЌЕ ЧЕКОРИ НАПРЕД САМО ДОКОЛКУ СЕ ОТСТРАНАТ ЖИВКОВОФЕРДИНАНТСКИТЕ ИМБИЦИЛИ И ПРОВОКАТОРИ А ЗА СЕТО ТОА ДА СЕ ПОГРИЖИ ГОРНИОТ.
АМИН !!! |