|
|
Александар Џеповски: Колку песни испеале Бугарите и Грците за Македонија а коку самите Македонци |
Александар Џеповски Колку песни испеале Бугарите и Грците за Македонија а колку самите Македонци ? Како едните така и другите си прават бајрам со паметот наводно Македонија е нивна, кај јужните од антиката до среден век а кај источните од среден век па се така до денес. Сведоци сме на многу песни Македонски стари и нови едноставно снимени во Бугарија и оп, страчка нема врачка па одма станаа бугарски со тапија. Што се однесува до оригинални песни со тема и збор Македонија едноставно кај нив нема ниту една туку по некоја така срамежлива и скриена некаде направена по нарачка и скриена некаде во некои фиоки недостапно до јавноста од пусти срамови и јадови и без никаква идеја и основа. Просто кажано доаѓаме до заклучок колку што имал Јул Бринер влакна на главата толку имаат Грците и Бугарите песни за Македонија. Но колкав е бројот на песни за Македонија на Македонците ? Колку што има жители целата планета, песни што ги знаеме и не знаеме ама знаеме само дека Македонија е секогаш број еден тема, инспирација и мотив кај секој еден Македонец од почеток на светот па до денес и ќе трае бесконечно овој феномен. Колку само се наежува кожата кај секој Македонец кога ќе се спомне името Македонија и Македонец во секоја песна, со солзи во очите и воздишки во гардите !!! Дали истиот феномен го има кај Грците и Бугарите и за една единствена секунда ? Апсолутно големо НЕ ни во сон ни на јаве. ЕТЕ ЈА РАЗЛИКАТА И ФАКТОТ КОИ СЕ ЈАВУВААТ КАКО ГОЛЕМ ФАКТОР ДЕКА МАКЕДОНИЈА ПРИПАЃА САМО НА МАКЕДОНЦИТЕ И ДЕКА ГРЦИТЕ И БУГАРИТЕ САМО СЕ ГЛУПИРААТ И ВЛЕГОА ВО ИГРА ВО КОЈА ТОТАЛНО ГУБАТ И СЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО ОКУПАТОРИ И НЕГАТОРИ ШТО САКААТ ДА ПИЈАТ МАКЕДОНСКА КРВ. НО ГОЛЕМ Е ГОСПОД И ЌЕ ГИ СРЕДИ СИТЕ РАБОТИ ШТО НИЕ СМЕ ГИ ИСПУШТИЛЕ И ФРЛИЛЕ НА СТРАНА. АМИН !!! |