|
|
КАКО ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ СО ОВИЕ НЕКАДАРНИЦИ??? |
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор Речиси нема повод, а особено кога е некој државен празник, актуелниве што се на власт во нашата Македонија да не повикаат на единство, обединување и други апели што - како што покажува праксата, се само празни флоскули без суштина и вистински смисол бидејки постојано го работат спротивното и се дистанцираат од сите оние (не само припадници од опозицијата) што не мислат како нив. Да го земеме како пример лицето Стево Пендаровски кој како шеф на државата буквално никогаш не најде за потреба да се консултира, а камо ли да прифати став на опозицијата. Тоа е не само недостаток на политичка култура, туку и непочитување на самата функција "шеф на државата", што популарно ја нарекуваат и небаре "татко на нацијата". И самиот доживеав неколку такви непријатни ситуации последниве месеци. Во август, пред годишнината од Референдумот од 8ми септември 1991, се јавив на директорката на Музејот на револуционерната борба за да подарам моја лична донација - предмет непосредно врзан со тој настан што го реализиврав јас лично со колегите од Министерството за информации! Го дадов мојот приватен теленфон, но таа никогаш не ме удостои да ме побара, иако вети дека ќе ми се јави! Но следново искуство мислам дека вреди да го споделам со пошироката јавност за да ја информирам што се случува во нашето секојдневие. Имено, повеќе пати протестирав до претседателот на Собранието на РМ г. Талат Џафери зошто на манифестациите по повод Денот на независноста 8ми септември не се канат пратениците од првиот пратенички состав на Собранието кои донесоа одлука за организирање референдум за независност и членовите од Експертската влада на акад. д-р Никола Кљусев кои го р е а л и з и р а а референдумот! Ниту едните ниту другите никогаш не беа уважени и почестени на било каков начин изминативе 32 години, а сметам дека без сомнеж тоа го заслужуваат, бидејки токму тие ги поставија темелите на современата македонска суверена и независна држава!!! Наместо пратениците и министрите од експертската влада (голем број и од едните и од другите веќе се починати), на приемите во Собранието по тој повод беше канет освем лицето Стојан Андов кој дезертираше на денот на референдумот и не гласаше за осамостојување на Република Македонија. Но годинава ниту тој изгледа не беше на споменатиот прием во Собранието. На моите протести уследи постапка од надлежните во Собранието што е најблаго речено зачудувачкa! Имено, дали по налог на претседателот на Собранието, поранешен мајор на ЈНА а подоцна командант во терористичката УЧК, кој и тој самиот не учествуваше на Референдумот за независност, како и мнозинството негови сонародници - албанци, или е гаф на администрацијатаво Собранието, во што не верувам, и минатата година, но и оваа, добив покана во смисол: "Те канам, за да не ми дојдиш". На 24. октомври, на мое големо изненадување, во поштенското сандаче најдов препорачано писмо од претседателот на Собранието со печат од 4ти септември и внатре покана за прием на 7ми септември по повод 8ми септември Денот на независноста и државноста. Поканата со архивски печат е заведена под бр. 09-4233 од 31.08.2023, но ја добив речиси еден месец и половина подоцна!? Случајност? Не верувам дека е случајност бидејки се случува по втор пат. Истото ми го направија и минатата година! Па добро бе луѓе и нелуѓе од актуелната власт, па како замислувате единство и сплотување кога се однесувате вака негаторски и потценувачки кон оние што не мислат како вас? Зарем не сваќате дека ваквиот ваш однос не води никаде, особено НЕ за доброто на нашава заедничка татковина - Република Македонија што ја доведовте на просјачки стап и ја ништите по сите основи? Има ли нормални луѓе меѓу вас кои размислуваат космополитски и со меѓусебна толеранција за да речат "Доста е! Ајде да работиме заедно за наше заедничко добро и за доброто на идните генерации". Засега не гледам такви лица во оваа номенклатура што ја тормози и разнебитува државата која треба што поскоро да си замине!!! Патем, сеуште чекам термин за средба, на мое барање, со претседателот на Сојузот на борците од НОБ др Никола Стпојановски. Изборите ни се неповторлива шанса да се ослободиме од оваа неман!!! |