Понеделник, 30 Октомври 2023   
Ламбе Арнаудов: Мислителот против насилниците

1 Lambe Ламбе Арнаудов

Денешнава колумна ќе ја започнам доста необично. Ќе ви поставам, драги читатели една загатка што сум ја слушнал од мојот покоен дедо, која се однесува токму за борбата помеѓу мислителот и насилниците, борба помеѓу мислителот кој што успеал единствено да ја сочува својата независност на личноста и мудроста што произлегува од безграничната љубов кон знаењето, наспроти обемниот арсенал на смртоносно оружје што го поседувале насилниците, дополнето со самобендисаност, силеџиство и глупост.

Ќе бидам максимално искрен, никој од тие што ја слушнавме загатката, а и години подоцна ретко ја погодиле.

Еве ја загатката:

Некој си мислител длабоко внесен во желбата да направи добро на човештвото, одејќи со саати, несвесно стапил на забранета територија што ја користеле сурови и бесчувствителни насилници, кои секој неповикан гостин го убивале од како арамбашата ќе ја поставел загатката, а неповиканиот не ја решил.

Имено, во конкретниов случај, на мислителот му ја поставил загатката така што од него побарал, да ја земе пушката, да ја симне капата од глава, да оди 100 чекори, да ја остави капата, да се врати на местото на поаѓање и свртен со грб кон метата (капата) да ја погоди. Ако успее што би било можност рамно на нула, ќе биде ослободен, посебно што мислителот до тогаш немал фатено оружје во своите раце.

Како и да е, мислителот успешно ја решил загатката, арамбашата го ослободил, како?, нема да обелоденам, ќе оставам на читателите сами да ја решат и барем малку да се доближат до малобројното друштво на мислители.

За оние што нема да ја решат загатката, решението ќе го прочитате во наредната колумна. Одма да кажам и јас не ја решив и затоа не се наоѓам себе си во мислителите што и не е толку трагично, бидејќи загатката, иако едноставна е многу тешка за разбирање.

Зошто е потребен овој можеби неприкладен, мистериозен и несериозен вовед?

Токму тој вовед е сржта но и пораката на сé што од него произлегува.

Имено, денес власта во нашата татковина МАКЕДОНИЈА е преполна со бездушни крајно нецивилизирани и неразумни насилници, кои повеќето наликуваат на разбеснети и ненаситни волци кои ќе заколат и 100 овци и не како животните волци една да изедат, ами од лакомија преголема ќе јадат додека лакомоста не им ја изеде главата.

За жал, за голема жал на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и сите ГРАЃАНИ, во нивните редови нема ниту еден мислител.

Ај што нема, и да се понуди некој со потсмев ќе го отфрлат.

Сите се тука, арамбашата само сега не првиот, туку резервниот, и двајцата кукавици од прва категорија, целата нивна дружина, јатаци во врвот на институциите, наоружани до заби со сите оружја, методи и присила.

Има разлика, бандата насилници од загатката имаат ограничена територија, оваа БАНДА ја контролира целата територија (не баш) на МАКЕДОНИЈА и го тероризира максимално бездушно својот НАРОД.

Дел од функционерите место да се министри, се масовни убијци во здравството каде што место да ги лечат луѓето прават тоа што прават.

Потпретседателот на Владата како најдолен суруш се однесува во Собранието. Други министри место да се тоа што треба да бидат се макроа, а оние глупавите се муштерии.

Не знам зошто се бунам. Па тоа се бара. Влада каде што сите се сакаат и нормално она што потоа сигурно следува.

Горат болници, сообраќајни несреќи од неисправни возила, жртви не само на пешачки премини дури и на тротоари, а не си сигурен од безумните разгалени деца на власта вљубеници во големи брзини и на крововите на куќите и зградите.

Младите ги бркаат, образованието има за цел и она што детето малу знаело како самоуко и тоа да му го избрише.

На пензионерите им го скратуваат животот, без можност за набавка на лекови и гладување. Двата столба на државата, полицијата спие, армијата се посрамоти.

Нема спорт, култура, издаваштво, науката стопирана, академици неми, институти предавници, судство голтари и што ли не друго што носи несреќа темнина на живеење на народот. Да не должам. Има една многу мудра поговорка која вели:

“Го гледаш волкот, трагата не ти треба.“

Не треба да решаваме загатки и сите да бидеме мислители. Сé е јасно како на дланка.

А, МИСЛИТЕЛОТ е веќе одамна меѓу сите нас, оди, шета, разговара, споделува искуства, раскажува но и слуша, знае како да ги реши многуте загатки а не една. Тежок е неговиот од по патот на успехот, но веќе е пред целта на радост и среќа за сите нас.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.