|
|
Историско-политичка информација по македонското прашање |
Свекрва „Историско-политичка информација по македонското прашање“ од Институт за историја при БАН (Софија, ноември 1968 г.). Незадоволен од самостојноста на југословенското комунистичко раководство на чело со Јосип Броз Тито, како и одбивањето да се потчинат на советскиот диктат, Јосиф Сталин и ИБ во јуни 1948 година, ќе донесат Резолуција со која се осудува раководството на КПЈ. Резолуцијата на Инфорбирото доведе до измена во односите меѓу ФНР Југославија и социјалистичките земји, кои поведоа груба антијугословенска кампања, економска блокада и раскинаа повеќе меѓународно договори. НР Бугарија која беше во истурена позиција на ИБ и Сталин, му удри печат со посебна острина на кампањата. Кризата на билатералните односи не го одмина и македонското прашање. Документите од овој период сосема сведочат за ставовите на БКП(к) и на Владата на НР Бугарија по ова прашање и за еволуцијата во овие ставови. Во текот на целиот овој период БКП(к) и Владата на НР Бугарија не го одрекоа постоењето на македонска нација, јазик култура и самобирност. Меѓутоа, иако на почетокот се залагаа за правата на Македонците во Пиринска Македонија, вклучувајќи го и нивното право за обединување со Вардарскиот дел на Македонија, по Разолуцијата на ИБ, Софија го промени својот став. По обвинувањето дека ФНР Југославија е фашистичка земја, сега Пиринска Македонија како единствен слободен дел, стана пиемонт за обединување на Македонците. Тоа беше всушност стратешкиот концепт за разбивање на тогашна Југославија. Овие бугарски ставови практично се движат до смртта на Сталин во 1953 година, кога доаѓа до осуда на сталинизмот и ИБ и подобрување на односите меѓу Југославија и социјалистичките земји. Подобрувањето на односите меѓу СССР и ФНР Југославија пополека доведоа и до повремени подобрувањето на односите меѓу Белград и Софија, која сеуште признава постоење на македонски народ. Пописот од 1.12.1956 година покажа дека во Пиринска Македонија вкупно живеат 281.015 жители од кои 178.862 или 63.7% се изјасниле како Македонци. Промена на курсот од признавање до негирање на постоење на македонска нација, јазик, литература, култура и самобитност, а со тоа и на правата на Македонците беше најавен во 1958 година. Прво ретко, по периферијата на бугарското општество започна негирање на Македонците и припишување на бугарски карактер на македонското население. Со текот на времето од периферијата, одделни статии со негирање на македонскиот народ, се преселија во централните органи кои го креираа јавното мислење во Бугарија. Особено се ангажираа историските институции и публикации. Посебно место во негирањето на Македонците зазеде Бугарската академија на науките (БАН), како највисока научна институција во НР Бугарија. Тогашните позиции на БАН по македонското прашање не се разликуваат од тие денес. Затоа ви ја пренесува во неколку продолжениа „Историско-политичка информација по македонското прашање“ од Институт за историја при БАН (Софија, ноември 1968 г.). Во неа стои: „Народна Република Бугарија води политика на зацврстување и продлабочување на врските и соработката со Социјалистичка и Федеративна Југославија. Во последните години, и посебно по средбите и разговорите на првиот секретар на ЦК на БКП и претседател на Министерскиот совет на НР Бугарија другарот Тодор Живков со претседателот на СКЈ и претседател на СФР Југославија Јоспи Броз Тито во јануари 1963 година во Белград и во септември 1965 година во Софија, односите меѓу двете земји осетно се подобрија. Тоа се пречека со задоволство од нашиот народ. Се проширија политичките врски, се разви стопанската соработка, се зголеми културната и научната размена. Со цел уште повеќе да се подобрат односите меѓу Бугарија и Југославија, да се рашири нивната соработка, за време на средбите на најодговорните раководители на двете земји беше разгледано и таканареченото македонско прашање, по кое постојат сериозни разлики во ставовите на двете партии и држави. Во интерес на делото на социјализмот меѓу раководителите на БКП о СКЈ беше постогната меѓусебна договореност дека треба да се пројавува максимална трпеливост и разум по македонското прашање, дека разликите по тоа прашање не треба да бидат пречка за развивањето на добрососедските односи. Беше договорено тие разлики да не се претворат цо предмет на политичка полемика, туку нивното разгледување да им се препушти на научните работници за докажување на објективната историска вистина. Бугарската комунистичка партија сукцесивно се придржува кон постигнатата договореност. Од југословенска страна таа, меѓутоа, систематски се нарушува. Особено во последната година во скопскиот печат, а исто така и во централниот југословенски печат, се разви бесна антибугарска кампања и се клевети се бугарско. „Научните“ работници од Скопје без церемонија присвојуваат голем дел од историјата и културното минато на бугарскиот народ. Скопските раководители ја бранат тезата дека македонкото прашање е југословенско прашање, дека тоа може да се реши само во рамките на Југославија, незвисно што трите дела на Македонија се наоѓаат во три различни балкански држави и што денеска две третини ид населението во Вардарска Македонија е од бугарски потекло. Застанати на такви националистички антибугарски позиции, шовинистичките кругови во Југославија развиваат неприфатливо сфаќање дека божем одделна македонска држава и народност постоела и во средниот век, дека уште од почетекот на минатиот век започнала да се оформува одделна македонска нација, дека словенското население во цела Македонија секогаш преставувала одделна од Бугарите етничка заедница, потиснувана и асимилирана од Бугарите. Поради тоа тие секаат да ну се даде на населението од Благоевградскиот ојруг „слобода“, „права“, „културна автономија“ како на некакво одделно, небугарско, македонско население и др. Нешто повеќе – југословенскиот печат упатува алузии или директно префрлува дека кај нас немало демократија, дека сме биле „конзервативци“, „насилници“, „денационализатори“, „поробувачи“ на македонското, т.е. на југословенското малцинство отн. Всушност, меѓутоа, денационализација, изопачување, репресалии и други насилства станувале и стануваат не во НР Бугарија, туку во СР Македонија и СФР Југославија. По крајот на последната војна во Вардарска Македонија стотици комунисти други прогресивни дејци беа обвинети за соработка со бугарските „окупатори“ и убиени без суд и пресуди. Нивната единственна „вина“ беше тоа што се чуствуваа Бугари. Меѓу големиот број отепани или жестоко репресирани се и истакнатите долгогодишни револуционерни и културни дејци во Вардарска Македонија како Павел Шатев - единствениот останат жив учесник во солунските атентати од 1903 година, Панко Брашнаров – одговорен за ВМРО (обединета) во Вардарска Македонија, Методи Ченто – првиот претседател на Президиумот на СР Македонија, истакнатиот поет и револуционер Венко Марковски, најстариот и истакнат комунистички деец ви Вардарска Македонија, Бане Андреев и други. Официјалнат југословенска историграфија се стреми да ја образложи политиката на денационализација на бугарското население во Македонија, изопачувајќи и фалсификувајќи го неговото историско минато. Бес каква и да е научна основа се тврди дека Климент Охридски му припаѓа не на бугарскиот, туку на некакав одделен македонски народ, дека тој македонски народ им дал писменост на другите јужни и источни Словени, дека Самиловото царство не било бугарска држава туку прва држава на македонските Словени, т.е. на некаква одделна македонска народност итн. Се негира бугарската национална припадност на истакнати политички и културни дејци, титани во борбата за национална слобода и независност на нашиот народ, на кои животот и дејноста се неразделен дел од несговата историја и борби. И покрај историските факти се вложуваат усилби да се докаже дека браќата Миладиновци. Григор Прличев, Рајко Жинзифов, Дамјан Груев, Гоце Делчев, Јане Сандански, дури и Христо Смирненски, Никола Вапцаров и др. биле не Бугари, туку преставници на некаква одделна македонска националност. Се изопачува вистината и по однос на дејноста на Внатрешната-македонско-одринска револуционерна организација, при што се истакнува дека создавањето на Социјалистичка Република Македонија во рамките на СФРЈ означувало оставрување на нејзините идеали. Во усилбите да се формира насила нова македонска нација се поактивно се вметнуваат во создаваниот сега „книжеве“ македонски јазик српски и други туѓи зборови, со цел да се оддалечува тој јазик од бугарските народни говори на Македонија и од литературниот бугарски јазик. И не само тоа. На VI меѓународен конгрес на славистите во Прага во месец авгист 1968 година скопските претставници отворено изјавија дека „македонското“ население во Благоевградскиот округ по Втората светска војна национално не било ослободено. При таква положба се наложува да се внесе научна и политичка јасност пред нашиот народ по македонското прашање...“ (Од признавање до негирање“, 1970, Скопје) |