Среда, 08 Ноември 2023   
Иван Мирчевски е во право!!!

 

За жал пред краток период само ми се потврди тезата дека ЗНМ е квази медиумска организација, или пак можам слободно да кажам дека нејзиното раководство составено од помалку од 3 члена (другите се однесуваат како забезекнати „француски собарици“) ја доведе во ситуација некогаш моќната новинарска организација да сите оние кои разбираат медиуми заклучат дека е на ниво на обична „бљувотина“, или уште попрецизно обична повраќаница. Оваа организација е онаа која во овој момент мисли дека новинарите мораат да бидат бизнис ориентирани, наместо да се грижат за ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС. Нивното право лице го покажуваат во случајот Иван Мирчевски наспроти Исмет Рамадани.

Пред да го дадам заклучокот морам да ги кажам моите лични искуства со спомеантиве кои во нашава мила државичка Македонија станаа мега популарни и каде ја поделија јавноста за каков тип на заклучок да донесе. Јас велам вака:

Г-динот Исмет Рамадани со неговиот настап на ТВ Канал 5 ме остави во шок од едноставна причина. Со него сум бил на дуел во ТВ Ера и бил фантастично коректен. Она што он не го разбира е дека во медиумите во Македонија нема национализам. Има национализам кај гостите. Во конкретниов случај лично и персонално г-динот Рамадани, од причина што неговиот соговорник, а не водителот, г-динот Горан Момировски буквално го доведе во ситуација да неможе да опонира и да незнае што на крајот да каже освен да ја набеди телевизијата дека е албанофобична.

Она што не го знае г-динот Рамадани е дека јас делев канцеларија или ист воздух 20 месеци со Иван Мирчевски. Иво има свои мани, чак што више ако не го познаваш лично можеш да носиш заклучоци дека е „курчевит“ повеќе од што треба, ама има две работи:

  • Не е албанофобичен
  • Разбира телевизија доста сериозно

Да беше албанофобичен немаше заедно во Луцерн, Швајцарија да ги купиме Лига на Шампиони и Лига Европа во која ветивме дека ќе има и коментар на албански јазик и тоа еден временски период беше реализирано. Иво ако сакаше можеше без предупредување да му се јави на реализаторот на емисијата и да му рече притисни го копчето и изгаси ја емисијата. Е, тоа е навреда на уредништвото. Напротив се уклучи и брутално ја спаси телевизијата како целосен концепт од повеќе вработени. Новинарите се многу клучни, ама се 12 % како работна сила во една телевизија. Ама без нив не се можело. Да не се може ниту без организатор, шофер, камерман, монтажер, инскрајбер, тонец, видео, продуцент, реализатор, маркетинг, сценографија, козметика и костимографија итн.

Инаку г-динот Мирчевски ако му се даде сериозна можност преку законска рамка веднаш ќе започне да отвара дополнитени телевизиски сервиси на Канал 5 и тоа филмски, музички (принцип само на спотови и тоа поп, рок, фолк, симфонија концепти) историски и спортски. Е, кога сме кај спортски за разлика од оние од АВМУ и ЗНМ кои ја продаваат државата Македонија и го негираат Уставот на Македонија, а ги глорифицираат официјалните јазици на Хрватска и Србија, токму Мирчевски веднаш ќе воспостави коментирање на македонски и албански јазик. И плус ќе создаде центар за обука преку Македонски Олимписки Комитет. И уште нешто, сам неможе да купи целосна програма, ама ќе направи коалиција за заеднички принцип со сите што купиле спорстки права како што се: Сител, Алфа, Алсат, Телма и други.

За сите оние сега што коментираат со потсмевнување по Иван Мирчевски да знаат дека се во мојот видеокруг како личности со неизреализирана младост и трауми од детството.

Дигресија за ЉуБчо Георгиевски

Господинов праша дали следниот пат некој ќе бил натепан во студио. Еве отворено. Ти си тој што од позиција на сила како Премиер сакаше да ја срушиш Канал 5 од политички причини, а сопругата на Иво Мирчевски беше пред капиите.

Препорака за Мирчевски

За Џабир Дерала имаш можност да ги побараш официјално од АВМУ неговите услиги кои ги давал до некогашнот Совет за радиодифузија. Второ започни да се занимаваш со темата медиумска коцентрација и поврзани лица и авторски права за текстови и фотографии, а богами и видео формати секаде каде што функционира Џабир Дерала.

За Младен Чадиковки на секои 20 минути пуштај му го видеото каде Велија Рамковски пред затворање на А1 телевизија вели: „Претеравме со новинарството“. Младен беше главен и одговорен уредник.

Овие двајца да ги вработиш на место во некоја авто механичарска работилница на позиција гланцачи на ауспуси (коли или автобуси) они веднаш ќе сакаат да идат во гумара да држат хебли.

Младен Чадиковски јавно тврдам дека не е на списокот од осумтемина кодоши на А1 телевизија, ама му препорачувам веднаш да започне да склопува коалиции како што Иван Мирчевски спрактикува, на пример со Радио станиците. И линеарните сервиси можат да сонуваат дека ќе ги надминат телевизиите. Ама се прекрасна конкуренција.

Да живее Македонија

Некорумпиран колумнист Виктор Грозданов!

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.