Среда, 29 Ноември 2023   
СДС од 1990 година до денес нема направено ништо добро за македонскиот народ

1svekrva Свекрва

Во режија на Социјалдемократите, парламентарните, претседателските и локалните  избори во Македонија, од почетокот на повеќепартиските избори (1990г.) секогаш беа пратени со низа контраверзи. Со ретки исклучоци  на почитување на изборната воља поранешните комунисти, подоцна СДС, владееле со Македонија во периодот од 1992 до 1998 г., потоа во Владата на широка коалиција во 2001 г., па од 2002 до 2006 г., и од 2017 до денес. И додека ВМРО ДПМНЕ од осамостојувањето се залагаше за независна и суверена држава која ќе членува во ЕУ и НАТО, СДС прво се бореше за останување на државата во рамките на Југославија, а потоа во текот на речиси три децении ги растураше камен по камен темелите на државата. Конечно Македонија во март 2020 г, беше втурната во НАТО но не со вистинското уставно име, туку со сменето име Република „С“ Македонија

Инаку, првите повеќепартиски избори се оддржаа во 1990 г., кога Македонија беше дел од СФРЈ. Тие беа одбележани со низа контраверзи. Одлуката на Републичката изборна комисија (РИК) да дозволи да се гласа со тогаш сеуште важечкиот југословенски пасош предизвика сомнеж дека така може двапати да се гласа со што би била фалсификувана изборната воља на граѓаните.

Исто така, додека некаде имаше недостиг на гласачки ливчиња, на некои избирачки места имаше вишок. Тоа ќе биде повод за протести на ВМРО-ДПМНЕ на кои беше побарано да се поништи гласањето како нерегуларно и да се распушти РИК. Како последица на ова, но и на порастот на тензиите во СФРЈ, дојде до пресврт во вториот круг, по кој беше формирана техничка влада на чело со Никола Кљусев.

Но, оваа влада не траеше долго. По низа политички игри на СДСМ, на 17 август 1992 г., Македонското собрание изгласа недоверба на експертската влада, а потоа беше избрана првата политичка влада на Р. Македонија, на чело со Бранко Црвенковски. За негово време, се интензивира спорот со Грција околу името и од 1993 година започна македонската приватизација на претпријатијата со општествен капитал. Тоа беше процес кој траеше се до 2003 г., процес во кој многу работници останаа без работа и кој покрај Романија се смета за најнеуспешен во земјите од Централноисточна  Европа. 

Првите парламентарни избори по стекнувањето на независност на Македонија се одржаа во 1994 година. И овие избори ги красеше контраверзи, игри на СДС поради кои ВМРО ДПМНЕ го бојкотираше вториот круг на изборите со образложение дека има сериозни нарушувања  на изборниот процес. Поради овој бојкот, кандидатите на Сојузот за Македонија (Социјалдемократскиот сојуз, Либералната партија и Социјалистичката партија) во вториот круг успеаја во голем број да бидат избрани за пратеници. Периодот на нивното владеење ќе биде запомнет како темно време за демократијата, време во кое се случи атентатот на претседателот Киро Глигоровм а два дена потоа, на октомври 1995 г. беше сменето државното знаме Сонцето од Кутлеш со сегашното стилизирано осумкрако златно сонце. 

Поради ваквиот однос, на парламентарните избори во 1998 година, победник беше ВМРО ДПМНЕ, кој по изборите формира коалициска влада заедно со Демократска алтернатива и Демократската партија на Албанците. Но, враќањето на украдената демократија беше нарушено со бегалската криза по нападот на Алијансата врз СР Југославија во 1999 г., потоа аферата „Големото уво“, која кон крајот на 2000 година ја обелодени водачот на опизициската СДС Бранко Црвенковски, како и воениот конфликт со албанската паравоена формација, кој започна во јануари и траеше се до ноември 2001 година. Тоа беше искористено, СДС да влезе во владата на широка коалиција. Од мај до ноември 2001 г. министрите на СДС беа во Владата, што беше доволно време да го попречат справувањето со албанските терористи и да се потпише Рамковниот договор од Охрид.

Потпишувањето на Рамковниот договор во август 2001 година, подоцна ќе ја чини ВМРО ДПМНЕ изборен пораз на следните парламентарни избори.  Со ветувања дека ќе вработува, дека ќе се справи со корупцијата и криминалот, дека ќе обезбеди независно судство, дека ќе го подобри ученичкиот стандард, дека ќе ги зголеми пензиите и т.н., СДС за првпат чисто ги доби парламентарните избори во 2002 година.

Меѓутоа, наместо да ги исполни ветувањата во текот на своето владеење, коалицијата на СДС и ДУИ (партија формирана од припадниците на ОНА кои го предизвикаа конфликтот во 2001 г.), извршија промена на Уставот и нова територијална поделба во 2004 г. Против Законот за територијална поделба беа најголем дел од Македонците, како и помал дел од Албанците кои сметаа дека со новата територијална организација се врши нарушување на етничката равнотежа во земјата. Владеачката коалиција предводена од СДСМ го попречи демократскиот процес за референдумското изјаснување по повод територијалната организација, а како опомена за македонскиот народ, во пресрет на референдумот за територијалната поделба стружани беа претепани од полицијата.

Лажните ветувања на СДС и погрешната политика која ја нагриза македонската држава доведоа да СДС ги изгуби регуларните парламентарни избори во јули 2006 година. Новата влада предводена од тогашното раководство на ВМРО ДПМНЕ силно тргна напред и редеше успех за успех. Повторно се реновираа напукнатите темели на државата. Но, ветото на Грција заради името за влез на Македонија во НАТО ќе доводеат до првите предвремени парламентарни избори во јуни 2008 г. И покрај неуспехот во Букурешт, народот својата подршка ќе му ја даде на ВМРО ДПМНЕ.  

Свесни за успешното менаџирање со македонската држава, СДС по секоја цена се обидуваше да ја сруши Владата на ВМРО ДПМНЕ. Меѓутоа на предвремените избори во јуни 2011 и април 2014 г. покажаа дека мнозинството не и верува на СДС, незаборавјќи ги предавствата, бркањето од работа и неисполнетите ветувања. Сепак, СДС ќе ги искористи грешките на власта предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Лидерот на партијата и премиер Никола Груевски на 31 јануари 2015 година ќе објави дека добивал закани од водачот на опозицијата Зоран Заев за објавување на нелегално добиен материјал од странска служба. Набрзо потоа, З. Заев во фебруари истата година започна со објавување т.н. бомби, прислушувани разговори, по што следеа протести и оставки на министрите на ВМРО ДПМНЕ, доблест, која денес не може да се види кај коалициона власт на СДС и ДУИ и покрај многубројните афери. 

На почетокот на јуни 2015 г. со посредство на меѓународниот фактор, водачите на четирите партии во Пржино се договорија СДС да се врати во Парламентот (напуштен по последните вонредни избори), формирање на техничка влада и формирање на Специјално јавно обвинителство (СЈО) за гонење на кривични дела поврзани со прислушкуваните материјали. На чело на оваа параинституција беше поставена Катица Јанева, која подоцна водена од СДС ќе започне пресметка со ВМРО ДПМНЕ: политички прогон на партиските челници, процес за одземање на имотот и истата да биде избришана од регистерот како најголема пречка на СДС за да може слободно да ги распродава националните интереси .

За да се разреши кризата создадена со т.н. шарена револуција, во која членството на СДС  и др. уништуваа државен имот, повторно беа распишани вонредни избори во ноември/декември 2016 г. 

Иако ВМРО ДПМНЕ победи, тогашниот лидер Никола Груевски не успеа  во рок од 20 дена да оформи влада, по што Зоран Заев со подршка на странскиот фактор успеал да оформи парламентарно мнозинство преку коалиција на СДС со ДУИ, Беса, и коалицијата Алијанса за Албанците. По ветувањето дека нема да го смени името З. Заев го доби мандатот од тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов. Но година дена по добивањето на власта, тој го прекрши ветувањето и покрај противењето на мнозинството Македонци. Со договорот од Нивици од јуни 2018 г. го смени името на државата. По договорот со Грција за промена на името, СДСМ продолжи со распродажбата на националните интереси.

Власта потклекна под уцените на Софија и доколку остане на власт таа е спремна за тотално обезличување на македонскиот народ. 

Имено, многубројните афери поврзани со челниците на сегашната власт предводена од СДС и ДУИ, зголемената корупција и криминал, покажаа дека нив не ги интересира ниту државата, ниту благосостојбата на народот, туку нив ги интересира само личниот интерес и богатење на сметка на народот. Тоа го покажува и случајот „Рекет“ за кој поранешната специјална обвинителка К. Јанева беше осудена на 7 години затвор, потоа поранешен генерален секретар од оваа власт беше исуден на 8 години затвор за злоупотреба на службена должност и т.н.

Во текот на три децении од осамостојувањето на Македонија, СДСМ нема направено ништо добро за македонскиот народ. Денес, многубројните протести во земјата покажуваат дека на народот му е доста од владеењето на ДУИ и СДС и дека тие ќе им пресудат на следните парламентарни избори во 2024 г.

Но со оглед на досегашното искуство, сите треба да внимаваат и да ги спречат манипулациите на ДУИ и СДС. Само така можеме да ја спасиме државата и да создадеме благосостојба за народот.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.