|
|
Зачувување на националните интереси најважна цел во 2024 г.! |
Свекрва Во декември 2023 година ЕУ донесе одлука за отворање на преговорите за членство на Украина и Молдавија и за доделување кандидатски статус на Грузија, додека ги одложи преговорите за Македонија и Албанија. Босна и Херцеговина, Србија со Косово беа оставени настрана. И покрај тоа што ЕУ им вети шест милијарди, сепак земјите од Западен Балкан добија јасна порака дека уште долго ќе останат во европската чекална. Украина, Молдавија и Грузија станаа приоритет на ЕУ, откако Русија започна специјална воена акција во Украина. Очигледно е дека овие држави се поважни од земјите на Западен Балкан, штом ЕУ започна со нив забрзан процес за евроинтеграција. Оставајќи ги државите од Западен Балкан настрана ЕУ покажа дека тие не им се стратешки важни без разлика што европските политичари постојано повторуваат дека за ЕУ е важна стабилноста на Западен Балкан. Иако земјите од Западен Балкан се поподготвени, тие се оставени во чекалната откако ја изгубија својата стратешка важност. Наводно се било според процедурите. Сега се отвораат преговори со земји како Украина и Моладавија, кои не само што не се ни блиску до стандардот што се бара од земјите од Западен Балкан. Напротив една од нив е во војна, а и двете земји не контролираат делови од својата територија. Сето ова покажува дека и покрај сите приказни на европските и домашните политичари, Брисел нема намера во догледно врема за прием ниту на Македонија, ниту на другите земји од Западен Балкан. Но, ваквиот однос на ЕУ кон Украина, Молдавија и Грузија преставува лош пример на земјите од Западен Балкан. Имено пред изборите во Македонија, кај албанските партии се повеќе се забележува зголемен големоалбански национализам, кој заедно со мешањето на Курти, може да доведе до дезинтеграција на земјата. Ништо не е подобра ни состојбата на Косово, Србија и БиХ. Треба ли во земјите од Западен Балкан да започне вооружен конфликт за да регионот стане стратешки интересен. Во овој театар на апсурдноста, Бугарија поддржана од ЕУ, продолжува да се заканува на Македонија со вето ако не се внесе бугарското малцинство ви Уставот. Се разбира дека сето се прави насилно со цел да се озвлечат дополнителни остапки со кои ќе се бугаризира земјата. Всушност, тоа не се интереси на ЕУ, туку интереси на поедини членки, кои се историски фрустрирани. За некои земји од ЕУ, интеграцијата на Македонија, не само што не е приоритет, туку сите се свесни дека таа е далечна. Но, она што им е приоритет е да се избрише македонското, Затоа се подржува барањето за влез на Бугарите во Уставот по секоја цена. Имајќи го сето ова предвид, клучно е да престанеме да правиме какви било натамошни отстапки, дури и да се однесуваат на спроведување на обврските од потпишаните договори - затоа што другата страна нема да исполни ниту една своја. За Македонија, најважна цел во 2024 година и потоа, треба да биде зачувување на националните интереси, корените, идентитетот, јазикот и културата на македонскиот народ. |