|
|
ЗА ХЕРОЈСТВОТО НА ХРИСТИЈАН |
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор 1. Старата 2023 година е веќе зад нас. Во тек анализи за тоа што добивме, а што не добивме лани како земја и народ, сепак јас се одлучив да пишувам само за една тема, а тоа е: херојството на Христијан Мицкоски. Велам херојството, бидејки навистина е тешко да се најде адекватен израз за искушенијата и прометејските маки и мамутските притисоци што како титан, машки ги издржа овој средовечен човек, професор на Машинскиот факултет во Скопје и актуелен претседател на водечката опозициона партија во Македонија ВМРО-ДПМНЕ. Искушенијата со коишто се соочува овој човек и партијата што ја предводи немам никаков сомнеж ќе продолжат и во оваа 2024. година! Очекувам дури и со поголем интензитет и бруталност од експонентите на длабоката држава отаде и одовде на Атлантикот, но досегашниот цврст и непоколеблив став на Христијан да непопушти пред политичкото насилие од таканаречената меѓународна заедница, но и од нивните домашни измеќари кои се сеуште на власт (за кратко, цврсто верувам) и кои се натапацираа тешки милиони валкани пари од тајните служби и од други странски извори за да им служат да туѓи интереси. Но, и покрај се, можам слободно да констатирам дека Христијан веќе си го завзеде местото во нашата понова историја на еден модерен Даме Груев, Ѓорче Петров, или Мисирков. Зошто го велам ова што го пишувам? Македонија се соочуваше во текот на 2023 година со невидени притисоци и бескрупулозни уцени да ја прифати преговарачката рамка на ЕУ како услов за почеток на преговорите за членство (тоа го чекаме цели 17 години). А во неа, замислите, бирократите во Брисел, или поточно сатрапите на нас македонците како нација, си ја зацртале една од завршните фази според сценариото за наше ништење: внесување на бугарите како конститутивен народ во нашиот Устав. Ваквото безобразие и бескрупулозност до лудило не само што е без преседан во меѓународната пракса, туко тоа отвора многу сериозни прашања и ќе биде внесено како преседан дури и во антилогиите на правната наука. Пред се, зошто таа фамозна ЕУ ниту еднаш не покрена прашање за правата на македонците во Бугарија и за непочитување на 16 пресуди на Меѓународниот суд во Хаг за кршење на човековите права на македонцивте во Пиринска Македонија, што е констатирано и во извештаите на Стејт Департментот и на Обединетите нации! Зошто Европска Унијо? До кога ќе сеете магла и ќе продавате демагогии и ќе затворајки очи пред видливото практикување на национал-шовинизам од бугарските власти кон македонците во таа земја? Од друга страна, прашувам: што е со вашите Копенхагенски критериуми како предуслов за членство и во која мерка Бугарија ги исполн(и)ува? Негирајки се себеси, ЕУ сега преминува во нова уште поагресивна фаза кон нашата земја (дури 17 години чекаме датум за почеток на преговори) да ни вметне страно тело во нашето национално битие. т.е бугари во нашиот Устав и со тоа легално (ако се во Устравот - далеку било) сиситематски да не разнебитува од внатре? Ваквото однесување е невиден срам за самата Унија, но со тоа нема да се случи!!! Нема, бидејки Македонија сеуште раѓа и има синови како Христијан Мицкоски! Токму Христијан, со целосна подрешка и на народот, но и на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, храбро опстојува на браникот на македонштината и таквите мизерни уцени не поминуваат. Годинава што е пред нас ни претстојат клучните, па дури би рекол и одлучни избори за опстанокот на македонците како нација и затоа е од пресудно значење сите ние граѓаните да излеземе на избори и да одбереме нова - патриотска власт, за да се спротиставуваме на современиот фашизам (исчезнување на македонците како нација) што е зацртано во сценариото на длабоката држава од двете страни на Атлантикот. На овој план среќа е што го имаме Христијата Мицкоски кој, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е гарант за нашиот опстанок. Актуелниве властодршци спремни се да продадат се, но проклети се тие пари што носат зло и ним, но и на сите нас. Екс-претседателот Ѓорге Иванов неодамна соопшти дека за подршка за продажба на името ба земјата меѓународната заедница инвестиреала 150 милиони долари, но јас имам информација дека се дадени најмалку 200 милиони долари! Уште нешто, Ковачевски, Маричиќ, Османи и ним слични упорно тврдат дека преговарачката рамка за почеток на преговори нема да се промени!? Но, од друга страна заменикот на Комисијата за евроинтеграции на владата на РМ Драган Тилев, кој според мене е еден од најдобрите познавачи како функционира ЕУ, неодамна рече бувално дека преговарачката рамка м о ж е да се промени, но дека корупцијата и политизираното судство се главна пречка за напредокот на Македонија во евроинтеграциите. Е па господо властодршци, што правиме сега и кој ја зборува вистината??? Да резимирам: Христијан, сите сме со тебе! Ти гарантирам дека со тебе е и македонската дијаспора! Годинава ни престојат клучни избори на кои сигурно ќе победиме, а ќе победиме бидејки народот е со тебе и опцијата што цврсто како дијамант ја нудиш и ја браниш, а тоа е едно големо НЕ на длабоката држава и нивното сценарио за бришење на македонците како нација. Ах тој идиотски консензус! 2. Не можам да одолеам а да не напишам збор-два за апсењето на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети. Тој бил уапсен бидејки при рутинска контрола во неговото возило се пронајдени 750 парчиња пиротехнички средтва и сега е во истражен затвор. Многу сум љубопитен како коалиционите партнери во Владата ќе му приоѓаат на овој случај. Па досега, апсење на внук на лидер на партија која практично раководи со владата беше незамисливо! Веќе дознаваме од медиумите дека се вршат притисоци да се преквалификува делото од производство на експлозивни средства и распрскувачки материјали (за што следи затворска казна до 10 години), во дело: превоз (!?) на распрскувачки материјали, за што следи парична казна од неколку стотини евра. Е ајде сега да видиме како ќе постапи македонското политизирано судство, особено по острите критики во извештаите на ЕУ и Стејт Департментот. Но случајот со Дрин Ахмети побудува и друго - многу вазно, прашање. Имено. пред половина и нешто повеќе од годината што измина, на прес-конференција беше соопштено дека токму внукот на Али Ахмети стана сопственик на дел од супер-луксузниот комплекс Соравија во Градскиот трговски центар во Скопје вреден 39 милиони евра, а делот му го отстапил сопственикох на центарот Хано Соравија "заради извонредни менаџерски способности" на 25-годиниот Дрин Ахмети!? Па кој нормален денес подарува 39 милиони вреден имот некому туку така, заради симпатии и глупави образложенија како што беше соопштено на пресот? Познато ми е дека Хано Соравија беше страшно лут на УЈП бидејки не му враќале половина милион евра за наводно пренаплатени даноци, но тој да поклони на 25-годишно детиште 39 милиони, тоа се граничи со научна фантастика. Мислам дека случајов е особено атрактивен за реакција на Комисијата за борба против корупцијата на г-ѓа Биљана Ивановска, и особено за Финансиската полиција бидејки од небо се гледа дека се работи за случај на г о л е м а коруптивна зделка! За на крај, да прашам: зошто некој (во случајов Дрин Ахмети) кој поседува, или попрецизно да кажеме на негово име се води, имот вредден 39 милиони евра би се бавел со шверц на петарди? Кој стои зад сомнителната зделка на наводно отстапување на имот вреден 39 милиони евра, односно кој и колку пари има платено п о д р а к а, за истиот имот без да се платат давачки за државата??? Некој очигледно е зрел да се најде не само на американската Црна листа, туку и во Идризово! |