Среда, 14 Февруари 2024   
Неспособната власт на СДС и ДУИ речиси ја ставија земјата во самоизолација

1svekrva Свекрва

Проектот „Вардарска долина“ овозможува енергетска независност!

Македонија е целосно во хаос поради промена на личните документи (пасош, лична карта, возачка дозвола и тн.). Неспособната власт на СДС и ДУИ речиси ја ставија земјата во самоизолација. Само оние кои успееја да ги променат личните документи со новото име ќе можат да излезат од земјата, додека останатите не ќе можат да го сторат тоа, иако можеби имаат потреба од економски, здраствени или други причини.

Незадоволството кај народот е огромно и неминовно ќе дојде до промена на власта на парламентарните и претседателските избори на пролет.

Според анкетите довербата на народот во ВМРО ДПМНЕ е неприкосновена. Што значи дека оваа партија која ќе ја формира идната власт по изборите ќе ја чека огромна работа. Многу знаење, работа, пот и непреспиени ноќи ќе треба да вложат луѓето на ВМРО ДПМНЕ за да се обнови државата која за седум години ја разрушија од темели СДС и ДУИ.

СДС и ДУИ ќе останат запаметени по тоа што не изградија, речиси ниту километар автопат, железничка пруга, ниту пак болниците кои беа предвидени и тн. Исто така, тие ќе останат запаметени по незапамтена корупција и криминал, како партии кои сакаа не само да ја ослабнат во однос на соседите, туку да ја уништат македонската држава.

И додека тие ја разградуваа Македонија, соседите размислуваат како да изградат патишта и да го прошират своето влијание во регионот. Србија и Грција говорат за изградба на брза пруга меѓу двете држави. На Србија и е потребна пруга до Солунското пристаниште и таа била подготвена да купи капацитети во Солун и во пристаништето Пиреј. Дел од оваа пруга минува низ Македонија, но постоечката која меѓудругото е запоставена од сегашната власт, далеку е од брза пруга.

За изградба на брзата пруга низ Македонија, покрај завршување на веќе започнатите проекти, ќе треба да работи новата власт, но за таа цел ќе треба да се предвиди сосема нова траса бидејќи постоечката кон Гевгелија не е соодветна за да можат да се постигнат големи брзини.

Промена на трасата треба да има и поради проектот „Вардарска долина“. Тоа е стратегиски проект на Македонија во енергетскиот сектор. Со овој проект, кој ќе ја измени географската мапа на земјата, се опфаќа рационално и интегрално користење на водните ресурси во државата, што ќе доведе до значително зголемување на водниот и економскиот потенцијал на земјата. Со овој проект по Вардар до Велес да пловат вистински бродови.

Проектот „Вардарска долина“ овозможува и енергетска независност на земјата.  Со овој проект се предвидува по течението на Вардар, од Велес до Гевгелија, да се изградат 12 хидроцентрали, од кои две поголеми централи кај Башино село, Велес и Градец, Удово. Вкупната инсталирана моќ на централите ќе изнесува од 350 до 400 мегавати, додека просечното годишно производство на електрична енергија ќе изнесува меѓу 1.000 и 1.400 гигавати.

Идејата за да се искористи водниот потенцијал на реката Вардар, е стара повеќе децении. Кралството на Југославија уште во 1932 година побарала од меѓународната заедница да го финансира проектот за изградба на каналот Морава – Вардар – Егејско Море. Со овој проект се предвидувало содавање на нов пловен пат кој би бил долг 700 километри и преку Дунав на север би бил поврзан со Рајна и со Северното Море, потоа со подунавските земји и Црното Море, како и со сите држави кои излегуваат на Средоземјето, вклучувајќи го тука и Суецкиот Канал, преку кој би се сообраќало практично со целиот Исток. Но, истиот не бил прифатен од тогашната Лига на народите во Женева.

И по Втората светска војна, Македонија била заинтересирана за проектот „Вардараска долина“. Но, за жал тој не е спроведен, Оваа идеја повторно била актуелна по осамостојувањето во 1991 година, а прв пат беше започната нејзината реализација од 1994 до 1999 година од страна на два конзорциума, еден македонски и еден француски. Откажувањето од овој проект од страна на францускиот конзорциум се смета дека е направен од политички причини.

Покрај Французите, пред десетина години и Кинезите биле заинтересирани за овој проект. Но од страна на опозицијата предводена од СДС тој беше протолкуван  дека е економски неисплатлив, но исто така и за можен меѓународен спор со Грција.

Очигледно е дека од формирањето на македонската држава по Втората светска војна, па се до денес, сите македонски влади биле заинтересирани да се реализира проектот „Вардарска долина“. Тој значи спас во енергетска, транспортна, еколошка, туристичка и во целокупна економска смисла за државата. Но, ако се анализира зошто досега овој проект не е спроведен, на површина ќе се појави не само капацитетот на политичките гарнитури, туку и политичките игри на јужниот сосед и воопшто на соседите.

Сепак, за разлика од СДС и ДУИ, сметаме дека ВМРО ДПМНЕ по доаѓањето на власт може да ги заврши веќе започнатите проекти со кои се мачи сегашната власт, туку да реализира и еден ваков мега проект како што е „Вардарска долина“.

Желбата на Србија и Грција за изградба на брза пруга, овозможува полесна реализација на овој проект.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.