|
|
Време е СДС и ДУИ да платат за гревовите кои ги направија на македонскиот народ |
Свекрва Лидерот на ДУИ Али Ахмети во минатото вети дека следен Претседател по Стево Пендаровски ќе биде Албанец. Сега, пред претседателските и парламентарните избори, кога по две децении на власт бродот му тоне, се заканува дека ќе оди во опозиција доколку не се прифати барањето во парламентот да се избира претседател на Македонија. Иако ова барање не е од вчера, сепак тоа преставува алиби од престојниот пораз на изборите. Ваквото барање доаѓа и од албанските опозициски партии, но со оградување дека би бил услов за коалицирање со победничката македонска партија. Сепак, барањата за промена на Уставот и внесување на Бугарите во него, остранувањето на 20% што го дефинира албанскиот јазик, како и изборот на претседател на државата во Собранието, покажува дека албанските партии немаат чуство ни за времето, ни за општеството во кое живеат. Ставајќи се на прво место, тие како да забораваат на мнозинството Македонци и другите етнички заедници. Барањата на Албанците, тие и Македонците во иднина да одлучуваат за распределбата на трите највисоки државни функции, не ги рушат бариерите како што сакаат да престават, туку ја рушат не само меѓусебната доверба, туку и довербата на останатите заедници. Едноставно, ваквите барања го трасираат патот кој води до рушење на унитарниот карактер на земјата. Во тој контекс, само да ги погледнеме таблите на македонските институции, покрај на македонски и англиски стои назив и на албански, како да сме бинационална држава. На таблата нема испишано име на институцијата на турски, влашки, српски, бошњачки или ромски јазик, што е дискриминирачко во однос на помалите заедници. Ваквиот начин на водење политика доведува до покачување на етничките тензии. Инаку, само Киро Глигоров досега бил избран со гласови на пратеници во Собранието во јануари 1991 година. Потоа, тој и сите други поранешни македонски претседатели биле избрани на непосредни избори. Секое враќање на избор на претседател во Собранието е газење на демократските права на граѓаните да бираат кандидат кој го заслужува тоа место, а истовремено тоа би значело и усложнување на функцијата на претседателот кој треба да ги штите интересите на граѓаните и националните интереси на државата. Добро е што и двете најголеми партии ВМРО ДПМНЕ и СДС се против барањата на албанските партии за укинивање на непосредните избори за претседател и негов избор во Собранието. ВМРО ДПМНЕ се изјасни дека не прифаќа уцени и побара од граѓаните на изборите да го испратат ДУИ во опозиција. СДС која е најголем виновник за позицијата во која се наоѓа земјата и која на ДУИ и ветуваше и даде се, само да остане на власт, сега е против нивното барање. Сепак, обидот на СДС да се извади со ваков став, покрај сите негативни одлуки против интересите на македонскиот народ, нема да ги спаси од изборен пораз. Македонскиот народ и останатите заедници одлучно ќе им кажат не на политиките на ДУИ и СДС. Тие ќе им кажат доста ви е владеење, доста правевте штети на државата. Време е да платите за гревовите кои ги направивте на македонскиот народ. |