Среда, 28 Февруари 2024   
KOJ И ЗОШТО ГО ИЗВРШИ УБИСТВОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ И СИТЕ ПАТНИЦИ ВО КИНГЕРОТ

1martin1

М.р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

На 26 фебруари годинава се навршија 20 лета од убиството на вториот претседател на Република Македонија од осамостојувањето, Борис Трајковски. Достојна почит кон ликот и делото на Борис Трајковски беше оддадена медиумски со потсетување особено на неговата лична заслуга за постигнување мир по конфликтот што балистите на ОНА го испровоцираа во земјата, но и со други пригодни манифестации и активности.

  Но и денес, по две децении од неговото загинување во авионската - наводна "несреќа" близу Мостар, останува непознаницата: кој го тоа направи (како што би рекол сега покојниот Ѕинго), а ниту  м о т и в о т:  ЗОШТО  некој би се осмелил да изврши такво нешто!? Кому му пречеше Борис Трајковски, кој по природа беше мирољубив човек, осем тоа и протестаснтски свештеник кој самиот проповедаше мир и љубов меѓу куѓето!? Зошто???

  Званичните, полузваничните и неформалните изјави на поединци или групи главно се сведуваа дека Кингерот /авиончето/ со којшто леташе сега покојниот Борис на меѓународна конференција во Мостар, наводно паднал по грешка на пилотите, и на тоа се остана. Но чувме дека авионот го летаа многу искусни пилоти што одлично го познаваа теренот околу Мостар, што ја доведува во прашање валидноста на оваа теза! Да не ќе да е нешто друго во прашање!? Да не ќе да е вината, на пример, кај контролорите на летење на аеродромот во Мостар - и  двајца воени контролори од францускиот контингент што го контролираше аеродромот во Мостар??? И зошто званичен Париз  в е д н а ш  ги повлече тие контролори на летање дома и до денес се крие нивниот идентитет!? Единствено тие - контролорите,  останаа несослушани, а секако се најверодостојни познавачи што се случи и како дојде претседателовиот авион да лета многу пониско од вообичаената маршрута за да удри во планината? Дали Франција можеме да ја оптужиме и за убиство на нашиот претседател и неговата придружба? Претседател на држава не е само личност - човек или жена, туку е и институција - шеф на државата и татко на нацијата. Со еден збор станува збор за многу сериозен инцидент и би сакал да верувам дека некој ден сепак ќе ја дознаеме вистината.

  Дека сепак станува збор за однапред смислено и професионално егзекутирано убиство на шефот на нашата држава немам апсолутно никаков сомнеж! Ама баш  н и к а к о в! Во моментот кога се случи "несреќата" бев на позиција амбасадор на РМ во Шведска. Тој ден околу 9 часот работев на некој извештај кога заѕвони телефонот, а еден наш сонародник по потекло од Преспа, од другата страна на линијата, од Малме, вознемирен заѕвони и ни соопшти дека слушал вести на турски ТВ канали кои известиле дека "исчезнал" авионот на претседателот!? Околу 10 часот истото утро курир од амбасадата на Франција во Стокхолм ми донесе рачно напишано писменце да ми изрази "сочуство по повод смртта на Претседателот Трајковски" (во дипломатската пракса изрази на голема тага или радост често пати се пишуваат на рака). Па нели 24 часа (повторно "наводно") не можеа да ги најдат остатоците од авионот (да не ќе да им требаше време да ги скријат трагите и доказите за злосторот? Има извори што тврдат дека некој од патниците биле живи и им функционирале мобилните телефони, а за нивна елиминација биле употребени и фрлачи на огон???). Патем, веројатно францускиот колега амбасадор се избрзал со пораката што ја оставив на мојата работна маса, но која мистериосно ми исчезна!!!

   Истиот ден ми телефонираше еден член на Парламентот на Норвешка, близок пријател на Борис, за да ми изрази сочуство прашувајки се и самиот за нелогичностите што пристигнуваа по агенциите за настанот. Но најцврст аргумент дека нешто матно се случува ми дојде по разговорот со тогашната амбасадорка на Словенија Д.К. дека дента кога се случи инцидентот била во Хелсинки во придружба на тогашниот претседател Јанез Дрновшек кој престојувал во официјална посета на Финска. "Двете делегации беа седнати во салата за разговори и пред да почнат разговорите влезе еден ординанс (офицер за придружба на претседателот) кој и шепна на уво нешто на финстката претседателка Тарја Халонен. Таа се вомјази и со тага  изусти: Мораме да ја прекиниме средбата. Туку што ми соопштија дека утрово загинал нашиот пријател, Претседателот на Македонија Борис Трајковски". Е па како дознале и финците нецели два часа по настанот, за смртта на претседателот ако не можеле да го најдат паднатиот авион?

  Има уште многу контроверзи што потврдуваат дека станува збор за однапред смислено убиство. Тука не треба да имаме никаков сомнеж! Но дали овој трагичен настан не предупредува дека една земја како Франција, со која сме небаре сојузници во НАТО, е спремна дури и на ваков злостор - убиство на претседател на држава, со цел да одработува за  туѓи интереси!?. Франција очигледно ја презведе таа улога и тоа го докажува од самиот почеток на независноста преку Португалски декларации, па до "француски поредлози" и којзнае што се уште не!

  Франција можеби ја изживува својата лебедова песна како голема колонијална сила, но веќе ја избркаа од повеќе нејзини бивши колонии од Африка и таа ќе мора да се соочи со тој факт и не смее повеќе да подготвува  авионски "несреќи" и слични дејанија. Македонија не е Буркина Фасо или Централноафриканската Унија и со право треба да очекуваме дека кога и да е ќе го дознаеме нејзиниот удел и во убиството на Претседателот Борис Трајковски и сите патници во авионката несреќа кај Мостар пред 20 години.

  Но истовремено се поставува прашањето:  како тоа некои од најблиските соработници на Претседателот кои редовно го придружуваа при неговите посети во странство, вклучувајки го и сегашниот претседател на држава кој му беше советник на Борис, не беа во составот на  делегацијата во таа прилика? Да не ќе да е некој да им дошепнал некои работи што може, или што ќе се деси и како ќе заврши тој лет до Мостар!?

   Логично се поставува клучното прашање: што би можел да биде мотивот, односно причината за ваква страотна завера за убиство на претседател на држава, во случајов нашата држава Република Македонија!? Една од теориите е категоричното одбивање на пок. Борис Трајковски да не го потпише законот за локална самоуправо, со кој закон некои општини со мнозинско македонско нареселие, на пример Струга, Кичево, Чаир им се додадоа населени местоа со доминантно албанско население со што се промени етничката ситуација на теренот. "Ваков закон ни мртов нема да потпишам", има изјавено во една прилика Борис! 

  За жал, се чини дека таа изјава му беше негова смртна пресуда. 

  Но времето ке покаже дали е така или не! 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.