|
|
Ламбе Арнаудов: Образот ви е на кондурот, ѓон на образот |
ОМРАЗА! Најидиотскиот порок на човештвото. ОМРАЗА кон својот народ. Каде ли ви се насобра и кога се всели во вашите генијални глави на злото? Со што тоа го заслужи македонскиот народ и Македонија? Каде се прекина љубовта што е појака и поблагородна од сé на светот, а секогаш и меѓу сите народи претставува највисок дострел на изразено чувство од нас упатено кон најсветото? Го знам одговорот. ТАКВИ СТЕ РОДЕНИ! Години, векови, милениуми, злото е составен елемент, и тоа доминантен во вашето РЕЗИЛ ДНК. Безнадежни сте, и ви нема поправка, хаварисаната духовна состојба на клиенти што ни најдобро составен конзилиум на светски експерти, психолози и психоаналитичари не може да ве излекува. Тешко им е, претешко. Не ја знаат причината за оваа неизлечива болест и затоа не можат да ве лекуваат. Вчудоневидени од наталожената омраза во вас што постојано расте и покрај применета каква таква терапија (неуспешна), креваат раце и ве прогласуваат за непознаница од прв ред. Заедничко за сите е што се согласни дека местото ви е во глобалната психијатриска болница кои сами ја изградивте за себе, и каде што најудобно и најсреќно се чувствувате. Фашизмот речиси исчезна. Автофашизмот се расцвета и разбукти. Каде? Токму овде во напатената и несреќна Македонија, благодарение на вас, мајстори од дванаесеттата Ложа на срамот, понижувањето, проклетијата и идиотизмот што го демонстрирате, сурово и безобзирно врз народот, вие клети, народни прво, а потоа државни непријатели. Со секое наредно предавство што во серија го сеете вашето отровно семе, сé потешко го казнувате народот. Систематски но незапирливо го разнебитувате МАКЕДОНЕЦОТ посебно, но и сите граѓани кои ги прогласувате за невидливи, непостоечки ВИШОК во општеството што го градете само за вашите празни глави, дебели мевови и единствени во постојана врвна форма, работливите задници. Тие, задниците, работат ли работат, без престанок и максимално се трудат да ја надокнадат дембелијата на искривоколчените глави. Варшавското ГЕТО замина во историјата. “Добре дојде македонското гето“ Го напикавте народот во теснец, го опколивте од сите страни со телесни жици, од народ признат, ценет, почитуван заради своите светски вредности, направивте не племе туку орда која ништо нема, име, јазик, идентитет, историја, ги избришавте насилно сите обележја на МАКЕДОНЕЦОТ. Сите нé направивте азиланти. Азиланти меѓу своите во својата татковина. Немаме крстителства, без документи сме, не можеме да излеземе од ова сивило, ниту можеме да влеземе во посветлото. Никој дома не нé сака, надвор не нé прифаќа. Се прашувам во кое столетие живеам и дали воопшто живеам. И сето тоа благодарение на вас, белосветски идиоти, антологиски незнајковци кои образот, најсветлиот орган на човековото тело сте го ставиле на долу, на кондурите и го валкате со прав, кал и фекалии, а на главата несмасно сте го ставиле ѓонот. Среќа што е така. Веднаш ве препознаваме. Лесно ќе ве излечиме. Ако не психоаналитичарите и психијатрите, тогаш кондураџиите. Ќе го соберат сиот ѓон од вашите сурати, и ќе зашпараат дел од трошоците, а вас ќе ве направат жигосани со одрана лузна која што цел живот ќе ја носите, многу грда, сите да бегаат од вас, ама со прст да покажуваат на вас ОБЕЛЕЖАНИТЕ, казнети и отфрлени од мнозинството. Како и секоја чума и инфекција, траете ограничено. Лек секогаш се наоѓа. НАРОДОТ. Народот ќе ви пресуди. Веќе ви го подготви мешовитиот бордел за заеднички престој на остарени проститутки кои во серија го изневерувале својот народ и сега е...те се меѓу себе. Не сте вредни ни интересни ни за тоа да ви го прават. Видовте ли? СÉ Е ПОЛЕСНО КОГА НАРОДОТ Е ТУКА! Допрва ќе видете што ќе ве снајде. Се намерачивте на непријател кого никој не може да го победи, а не вие дебелогазовци. |