|
|
По седум години од владеењето на ДУИ и СДС, веќе никој не им верува |
Македонска нација Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика народот на престојните парламентарни и претседателски избори да ја сменат оваа ненародна власт предводена од ДУИ и СДС. По неговиот повик да се врати државата на народот незадоволните граѓани, како поединци или здруженија и партии, масовно застануваат под развиореното знаме за борба против корумпираната и криминална власт. Во најбројната досега коалиција „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, рамо до рамо застанаа 24 политички субјекти и организации спремни да се борат за промени и создавање на стабилна и силна Македонија. Анкетите потврдуваат дека Проф. Др. Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ ја имаат најголемата доверба кај народот и дека нивнот рејтинг на дневна основа се зголемува, за разлика од нивните противкандидати чиј рејтинг секојдневно опаѓа. Народот повеќе не им верува на ДУИ и СДС, кои за седум години ништо не исполнија од ветувањата. И како да им се верува сега, кога верувале или не, ветуваат дека ако останат на власт ќе има 1.100 евра просечна и 600 евра минимална плата, уште поголеми ако се влезе во ЕУ, зголемување пензиите на 30.000 просечна и 20.000 минимална. Едноставно, лажеа дека нема да го сменат името, дека се започнати преговорите за членство во ЕУ, дека откако ќе влеземе во НАТО, во земјата ќе тече мед и млеко, дека ќе го доизградат автопатот Кичево – Охрид, па нов клинички центар, дека пензионерите ќе добијат минимална пензија од околу 18.000 денари и ред други ветувања кои не ги исполнија. Ветуваа многу, но ништо не направија. За тоа време државата го смени името, влезе во НАТО и наместо влез во ЕУ и прогрес, се' упропастија. Ги загрозија националните интереси, безбедноста, овозможија голема корупција и криминал, ја уништија економијата, ја зголемија сиромаштијата, го уништија здравството, образованието и т.н. По седум години од владеењето на ДУИ и СДС, веќе никој не им верува. Свесни дека немаат никакви шанси на престојните парламентарни и претседателски избори, челниците на ДУИ и СДС во немање друг избор за да ги задржат позициите, се користат повторно со лаги, со разни максималистички ветувања, но и закани по мирот во Македонија. Постарите велат „кој губи, има право да се лути“. Но тоа незначи дека треба некој да се заканува со насилства, зошто може да се изгори од огнот. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ се свесни за сериозноста на предизвиците кои престојат во борбата со корупцијата и криминалот, како и за борбата за обнова на секој уништен сегмет од државата. ВМРО-ДПМНЕ е партија која ветува и го исполнува ветеното. Во таа претстојна тешка борба за промени, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има целосна подршка од мнозинството на македонскиот народ. Особено таа е изразена од сите структури на Партијата, Униите на Ветерани, Жени и Млади, Патриотскиот Институт, неоределените, пензионерите, синдикатите, незадоволните членови на СДС и ДУИ. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ има целосна подршка од сите без разлика на вера и нација кои сакаат државата да оди напред, да не се иселуваат младите, да се зголемат пензиите, да нема криминал и корупција,... За да се острани од власт оваа ненародна власт на ДУИ и СДС, власт која го направи народот посиромашен и го погази аманетот на Илинденците и АСНОМ-ците, потребна е многу поголема излезност на престојните избори. Седењето дома на денот на изборите, е глас даден за СДС и ДУИ. За нашата и иднината на нашите деца и внуци се работи.
|