|
|
ВМРО-ДПМНЕ како Цунами ќе ги збрише СДС и ДУИ! |
Мане Јаковлески Над 60.000 граѓани присуствуваа на митингот „Македонија повторно горда“ на ВМРО-ДПМНЕ, со кој започна кампањата за претседателските избори. Масовното присуство за поддршка за кандидатката за претседател на државата проф. Гордана Силјановска Давкова најави цунами кој ќе ја збрише актуелната власт на СДС и ДУИ и нивните кандидати за пратеници и претседател на парламентарните и претседателските избори. Присуството на над 60000 илјади граѓани на митингот најави дека народот доаѓа по своето, дека сака да си ја врати во свои раце киднапираната држава, дека времето на власта на СДС и ДУИ заврши. Масовноста покажа дека народот е спремен да се бори за своите права кои сегашната власт бесрамно им ги одзеде. Македонецот е спремен да се бори против внатрешните и надворешните сили кои им го оспоруваат правото на идентитет, јазик, култура, држава. И покрај сите напори на актуелната власт да го скрши и обесхрабри македонскиот народ, тој застана сложно зад ВМРО-ДПМНЕ за да се спречи растурањето на државата. Народот со својата масовност стави јасно до знаење дека стои зад предводникот на опозицијата ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседателски кандидат, зад оние кои застанаа во одбрана на националните интереси. Присутноста на митингот на голем број граѓани од различна етничка припадност е знак на огромниот револт против актуелната власт на СДС и ДУИ која за седум години владеење доведе до хаос и анархија, и речиси ја уништи државата. Но, истовремено тоа беше и огромна поддршка на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и кандидатката за претседател на Македонија проф. Гордана Силјановска Давкова, да бидат избрани за да се справат со последиците од седумгодишното владеење на „Али-баба и 40 разбојници“. Од власта велат дека нивниот пат е европски просперитет, но тие со својот однос толку ја потресоа и разбрануваа водата што нечистотијата е насекаде видлива. Потресите кои ги предизвикаа создадоа високи бранови кои наскоро ќе ги збришат од власта СДС и ДУИ, партии кои ветуваат сешто, но не направија ништо, туку земјата ја втурнаа длабоко во калта. Масовниот митинг е само првиот бран против власта. По него следуваат се поголеми и поголеми бранови на незадоволство од алтуелната власт, кои ВМРО-ДПМНЕ како цунами ќе ги збришат СДС и ДУИ и нивните кандидати на парламентарните и претседателските избори. Во овие моменти кога во прашање е државата никој не смее да изневери! Никој не смее да не ја испочитува вољата на народот! Крајно време е опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ заедно со народот да ја исчисти нечистотијата од земјата, да се воведе ред и да се возобноват институциите на системот за земјата да стане пристојна и просперитетна. Големата присатност на митингот на граѓани од различна етничка припадност, е знак дека народот има огромна доверба во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ проф.др. Христијан Мицкоски и проф. Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател на Македонија. МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ТВОЈА! ПРОМЕНИТЕ ВО ТВОИ РАЦЕ! |