Среда, 17 Април 2024   
КАКО ЈА ДЕЛЕА МАКЕДОНИЈА

1martin1

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор 

Во осумдесетите години од минатиот век во рамките на Здружението на новинари на Македонија постоеше Актив на новинари дописници во кој членуваа соработници на речиси сите поважни медиуми од поранешната федерација. Доајен, т.е. најстар и најискусен меѓу нив беше дописникот на белградска Политика од Македонија Јован Поповски родум од Струга.

   При една средба на членовите на Активот на новинари дописници колегата Јован Поповски ни раскажа едно искуство од неговата пребогата новинарска и животна кариера (забелешка: Јован Поповски е првиот новинар што му jа соопшти на светот веста за катастрофата што го погоди Скопје со катастрофалниот земјотрес на 26ти јули 1963 година), што и денес ми е како ноќна мора во моите сеќавања.

   Еве за што ни соопшти јован Поповски: весникот Политика повремено ги свикувал сите свои дописници во Белград за координација и договарање на идни активности. По работните состаноци - како што бидува, новинарите продолжувале да се дружат во блиската кафана до редакцијата позната како собиралиште на новинарската фела.

   При една таква седенка, раскажуваше Јован Поповски, во негова близина седел еден белоглав човек во многу длабока старост. Старецот го прашал Јован: -  Од каде си, на што стружанецот му одговорил: - Од Македонија.

  Старецот се претставил дека бил личен секретар на српскиот премиер Никола Пашиќ и продолжил во стилот: - Да ти кажам како ја делевме Македонија!?  Според него (како што ни пренесе Јован Поповски), од кога касапите на Македонија на конференцијата во Букурешт ја завршиле за нас трагичната поделба (како што ја замислиле според барањата и апетитите на победниците во Балканските војни - Грција и кралстворто Србија, но сепак  ја "наградиле" и губитничката во војните Бугарија со Пиринска Македонија , а исто така и Албанија со Мала Преспа и Голо Брдо), по вечерата на 9ти спроти 10 август 1913 се повлекле на спиење за утредента тоа што било договорено формално и церемонијално да биде ставено на хартија и де биде потпишан злосторничкиот договор за поделба на етничка Македонија.

   Истата вечер, околу три часот, ни раскажа Јован Поповски, соговорникот му соопштил дека го разбулило силно тропање на вратата од хотелската соба. Тој (белоглавиот старец) отворил и вчудоневиден видел дека пред вратата стоел лично премиерот на Кралството Србија Никола Пашиќ. - Станувај веднаш! Имаме нова ситуациуја. му се обратил Пашиќ.

   - Па каква ситуација, зарем не е се веќе договорено, реагирал секретарот?

  Новата ситуација ја испровоцирала - кој друг ако не грчката делегација која ги убедила претставниците присутни на конференцијата големите сили (Франција Германија, царска Русија...) да се помести веќе договоената линија на разграничување што било предвидено да се простира на 30 километри јужно од Гевгелија!? За возврат, според ноќната интервенција, да се награди кралството Србија со територии на сметка на Бугарија (Пирот, Димитровград...) што бугарите ги нарекуваат "Западните предели". И така и било: новонастаната ситуација на 10 август е парафирана со злосторничкиот документ познат како "Букурешки мировен договор" .

   Што изгубивме ние македонците со "интервенциите" во ноќта помеѓу 9ти и 10ти август 1913 година? Изгубивме многу! Генерално, со тој договор се распарчи македонското национално ткиво на четири дела и во секој дел поединечно започна невидена асимилација, однародување, погром и раселување на македонското население. А доколку не беше поместена новозацртната линија на поделба помеѓу кралствата Грција и Србија, што ја беа зацртале касапите во Букурешт ноќта помеѓу 9ти и 10ти август 1913), а Пела, Кутлеш со царските гробници на Филип II и голем дел од плодното солунско поле денес ќе беа составен дел од триторијата на Република Македонија.

   За жал, и над овој дел што ни преостана - Републиката, денес е надвиснато невидено зло спонзорирано од некои наши соседи а отворено подржано од  големите сили кои одработуваат за интересите на тие наши соседи. Тие "некои" наши соседи не можат да се помират со фактот дека на планетава земја постои држава што во своето званично име ја содржи именката Македонија и дека постои нација што се нарекува - Македонци. Но, наместо бруталната политика на уцени и условувања што беше манифестирана изминативе децении, сега нивните интереси ги застапува длабоката држава, на пример конкретно со за нас неприфатливи некакви преговарачки рамки, или со упорно инсистирање за промена на Уставот на Република Македонија. За среќа. во земјата постои политичка сила  (ВМРО-ДПМНЕ) што одлучно одбива секакви уцени, и сакам да верувам дека и малите партиички во Македонија во претстојните претседателски и парламентарни избори конечно ќе ја сватат заканата за опстанокот на нацијата, ќе ги надминат своите суети и ке застанат во единствениот фронт за одбрана на татковината!

  Патем, Јован Поповски ја опиша средбата со белоглавиот старец, личниот секретар на Пашиќ, во една од своите книги, а нам денес само ни преостанува да жалиме за тие случувања и да се свестиме дека мора да се обединиме да си го заштитиме барем ова што ни остана - Републиката.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.