Среда, 01 Мај 2024   
Албанофоби се тие кои последниве 7 години иселија илјадници Албанци од Македонија

1Mane 3 Мане Јаковлески

Албанофоби се тие кои последниве 7 години иселија илјадници Албанци од Македонија.

По седумгодишното владеење на ДУИ и СДС, селата и градовите во западна Македонија се празни, народот масовно се иселува.

ДУИ и СДС пред 7 години ветуваа во Македонија ќе имало  мед и млеко, сите ќе сме биле еднакви, редеа кондури пред влада демек сите што заминале од Македонија ќе ги врателе. Денес по седум години на власт не само што не ги вратија, Македонија ја напуштија нови илјадници со се' семејства.

Се што ветуваа тогаш излажаа, корупцијата е на прво место  во Европа, криминалот на највисоко ниво, урнисано здравство, корумппирано судство, уништено земјоделие,  потрошени милијарди евра а ништо не е изградено, дури и тоа што беше започнато од предходната влада на ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да го дозавршат,...Денес ветуваат и го лажат народот за истото што го ветија тогаш, демек сега ќе го направеле, никој повеќе не им верува.

За работа не ги бива, ама за криминал, за местење тендери за вршење притисок и заплашување на народот се први. Кога видоа дека многу наши сограѓани од албанска националност гласаа а уште повеќе ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на 8 мај  ги фати паника. Деновиве на семејства од албанска националнот во западна Македонија започнаа да им вршат притисок.

Пример е село Чегране-општина Гостивар. Веќе неколку денови полиција и инспектори од Тетово и Гостивар без налог, без да е запишано во полицискиот билтен, вршеле контроли и на граѓаните им барале да проверат дали имало знаме и го барале  штабот на ВМРО-ДПМНЕ во ова село. На малолетни деца им се заканувале и им вршеле претрес по нивните џебови и тоа без налог и без присуство на родител.

Сакам да ги прашам овие самонаречени патриоти,  не им пречеше кога ние дававме подршка на кандидати за градоначалници во Тетово, Гостивар, Врапчиште и во цела западна Македонија? тогаш не беше Мицкоски албанофоб. Ќе ги потсетам, тогаш Ни велеа фала Брат, тогаш бевме браќа. Е како сега од браќа испаднавме албанофоби?

Христијан Мицкоски, Претседателот на  ВМРО-ДПМНЕ не го дели народот по национална или верска основа, ги дели единствено на чесни и нечесни.

Уште еднаш ќе повторам, Албанофоби се раководствата на ДУИ и СДС, токму тие самонаречени европејци последниве 7 години иселија илјадници Албанци од Македонија токму во Европа.

Мои пријатели и комшии Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи и други, ДУИ И СДС СЕ ВЕЌЕ ПРОЧИТАНИ, НЕ СМЕЕМЕ ДА ДОЗВОЛИМЕ УШТЕ ЕДНАШ ДА НЕ ИЗЛАЖАТ! Ве повикувам масовно да го дадеме нашиот глас за Бр. 2, за Гордана Силјановска Дафкова и Христијан Мицкоски.

Заено сплотени државава да ја вратиме во твои, во наши раце!

df3a4d08ab606497442bc7dfc287b047

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски му ја честита победата на Трамп

Во мое лично име и во име на граѓаните, упатувам срдечни честитки до претседателот

Историја

News image

Македонија од Цар Самоил до Османлиското владеење од 500 години

Македонија отсекогаш била желба на многу освојувачи, водени од желба за власт и војна. Востанија кои...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА РОДНАТА ЗЕМЈА НА СТИВ ПЉАКАС – ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Манастир „Свети Димитрија“ Велес е изградена во 14-от век

На околу два километри јужно од градот на самиот излез на Велес се наоѓа познатиот велешки манастир ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.