Среда, 08 Мај 2024   
Дајте им шанса на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ, гласајте за Бр.2

1svekrva copy Свекрва

Во овие клучни моменти потребен е секој глас од народот!

На 8 мај се одржува вториот круг на претседателски и парламентарни избори.  Тоа се клучни, историски избори, на кој македонскиот народ и припадниците на заедниците треба да одлучат по кој пат ќе одат.

Едниот, мрачен пат, по кој сакаат да не носат СДС и ДУИ, е исполнет со криминал, корупција и небиднина за македонскиот граѓанин и држава, а вториот, светол пат, по кој сака да не води опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, пат на просперитет, пат  кој треба да ја врати државата на народот, да донесе правда за сите, да ја сочува државата, идентитет, јазикот и културата на македонскиот народ.

Во првиот круг на претседателските избори, јасно беше кажана вољата на нардот. Мнозинството гласаше за Гордана Силјановска-Давкова, претседателски кандидат на опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Народот порача дека сака да оди по светлиот пат на просперитет, да си ја сочива државата, идентитетот, јазикот и културата.

Меѓутоа, мрачните сили, предводени од ДУИ и СДС не сакаат да ја почитуваат вољата на мнозинството. Тие ќе се обидат на секој начин да останат на власт и да ја погазат вољата на мозинството. За нив не важи ни Устав ни закони, што македонските граѓани можеа многупати да го видат и почуствуваат на своја кожа во текот на нивното седумгодишно владеење.

Овие мрачни сили за да можат да останат на власт се обидуваат да го поделат народот, како што тоа го правеле големите сили низ вековната историја на оваа земја. Денес тоа го прават со поткуп, со заплашување, исто како што во минатото тоа го правеле Римјаните, Византијците, Османлиите и пропагандите на соседите.

Но, токму деновиве кога го чествуваме Велигден, Воскресението Христово и Св. Георгиј Победоносец, можеме да почуствуваме дека кога верата е силна, можеме да се обединиме како народ  и да го победине змејот.

Пораката на овие празници е едноставна – на овие избори да го одбереме патот на светлоста, патот на просперитетна иднина и без разлика колку се јаки тие мрачни сили, обединети можеме да го поразиме змејот на СДС и ДУИ.

Македонскиот народ не треба од никој да се плаши бидејќи тој е помоќен од било кое оружје со кое власта го заплашува. Едноставно, неговиот глас може да го порази злото и да ја врати надежта во земјата. Затоа народе масовно излезете на гласање.

Во овие клучни моменти потребен е секој ваш глас. Ајде обединетесе и направете подвиг. Дајте им шанса на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ, која има капацитет од државата да создаде поубаво место за живеење, да овозможи сонот за поубав живот да стане јаве, место каде се води грижа за безбедноста, здравјето и образованието на народот, место каде со гордост се изговара македонското име и на македонски јазик се пренесува македонската историја од колено на колено.   

thumbnail copy copy copy copy

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.