Среда, 08 Мај 2024   
ДЕН ЗА СУДБИНАТА (НЕ ВЕРУВАЈТЕ НА МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО)

1martin1 copy copy

Мр. Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

1. Денес, среда - 8ми мај, е ден од огромно значење, ако не и најважен во изминативе 33 години по 8ми септември 1991 година кога  успешно го организиравме референдумот за независност на Република Македонија. Денес народот на Македонија избира претседател и нов состав пратеници во Собранието од кои во буквално значење на зборот ќе зависи иднината на нашата земја.

  Мислам дека овие избори не само што ќе значат нови луѓе на претседателската функција и во законодавниот дом, туку уверен сум дека ќе означат нова епоха за сите нас во татковината но и за раселена Македонија која ќе се гордее со луѓето што денес ги избира народот - понижен, омаловажен, економски и духовно срозан за овие изминати седум години диктатура на измеќарите на туѓи интереси (СДС и ДУИ) кои направија пустош во сите општествени свери.

  Немам никаков сомнеж дека по 19 часот македонско време, кога ќе почне пребројувањето на гласовите и од кога ќе започне приливот на информации за резултатите од гласањето, конечно  ќе имаме можност да славиме на начин на којшто нашиот народ знае: со зурли и тапани, песни ширум татковината, факели, но и по некоја солза радосница!

  Денес Македонија ќе ја добије првата жена за претседател на државата, а тоа е Проф. д-р Гордана Силјаноска Давкова и ново мнозинство во Собранието кое ќе ја формира новата влада на чело со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, предводена од Проф. д-р Христијан Мицкоски.

  Се надевам дека овие избори и резултатите што се сосема извесни ќе бидат нов импулкс и за раселена Македонија, т.е. дијаспората, да ја вратат изгубената верба во Републиката која беше и останува Пиемонт на сите македонци, каде и да се ширум белиот свет!!!

  Но верувам дека и фамозната меѓународна заедница (длаболката држава од оваа и од другата страна на Атлантикот) конечно ќе свати дека мора да ја почитува вољата на македонскиот народ и ќе престане со сценаријата и ин/ињерингот за бришење на македонците како нација и Македонија како држава!!! Таквите сценарија, типични за прериодот на колонијалните освојувања (Како пример ќе наведам: 10 милиони црнци беа убиени во Конго од белгиските окупатори)  се минато што не смее и нема да се повтори, особено не на тлото на Европа. Амин!!!

2. Првиот министер за надворешни работи на независна Македонија и екс- професор на Правниот фскултет во Скопје Денко Малески (Д.М.), кој ќе биде запамтен по изјавите:  "Независна Македонија - само без мене"  (ја даде во два наврати како член на Првата- Експертстката влада на Акад. Никола Кљусев) и втората: "До 1945 година бевме бугари", објави неодамна прилог што, според мое скромно мислење, треба да биде дел од учебниците по меѓународно право, но и потсетник за сите политичари во земјата, сегашни и идни, кои се бават со меѓународна политика! Насловот на прилогот на Денкота гласи и е порака сам по себе: "Не му верувајте слепо на меѓународното право."

   Самиот наслов доволно јасно ја претставува идејата на д-р Денко Малески бидејки изминативе 33 години незвисност се пребогати со примери дека безброј пати сме влечеле лоши политички потези и сме правеле непромислени и наивни одстапки на меѓународен план - спротивно на националните интереси и спротивно на она за што се залага со полно право цитираниот автор, а на наша штета и со долготрајни последици!

  Својата теза д-р Д. Малески ја започнува со изјавата на екс-претседателот на РМ Киро Глигоров по повод прогласувањето на независност на Република Македонија со референдумот од 8 септември 1991 година во која посочил:"Сега Грција ќе не дави како змија - жаба" (Киро Глигоров), за самиот (Д.М) да констатира дека политиката е таа што доминира над правото! Наведен е и примерот со заклучокот на Бадентеровата комисија која констатираше дека само Словенија и Македонија исполнуваат услови за меѓународно признавање, но потоа, за жал,  уследи "одсуство на политичка) волја" кај  меѓународната заедница да го сторат тоа (Д.М), и нагласува дека "политиката е таа што доминира врз правото".  Поучна е констатацијата на Д.М. дека "Tокму политиката, која знаеше да ни одмогне, ни помогна во некои моменти да ја оствариме независноста" и наведува конкретен пример дека заради "конструктивното поведение на Македонија беше наградена од политичарите на САД и на Европа кои беа критички настроени кон поведението на нивниот сојузник Грција. Тие пронајдоа начини да ни помогнат – најчесто од безбедна далечина и зад завесата на меѓународната политика".

  Процесот на стекнување независност и напредокот на Македонија по прогласувањето на независноста со споменатиот референдум од септември 1991 г. наликуваше - особено гледано од денешен агол, на одење по трње на внатрешен, а особено на надворешен план. На внатрешен, собено проблеми создаваа партиите на албанците (не "албански партии" бидејки такви партии постојат во Албанија) кои најавуваа формирање на некаква  "Илирида";  формирање на паралелна војска;  го бојкотираа донесувањето на Уставот на независна Македонија и др. На внатрешен план се појавија некои импланти во домашната политика, или подобро речено експоненти на пројугословенската опција кои дојдоа до израз конкретно со референдумското прашање (8ми септември 1991) каде во вториот дел стоеше:'Дали сте за независна Македонија СО ПРАВО ДА СЕ ПРИДРУЖИ НА ОСТАТОКОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА",  или така некако слично!?  Токму тие импланти (Сојузот на реформски сили, на пример) впрочем мислам дека се најзаслужни за соборувањето на Експертската влада која најодговорно и најпатриотски  беше посветена на поставување на темелите на независна Македонија и остварување на мечтите на генерации и генерации македонски дејци!

  Државотворната ВМРО-ДПМНЕ, а и некои други партии, од самото основање најавија дека членството на македонија во НАТО и ЕУ се цел за којашто нема алтернатива. Денес сме полноправна членка на Алијансата, но да потсетам - тоа не беше лесно и со глеми жртви. Во деведесетите години од минатиот век Македонија беше меѓу поактивнити десет земји аспиранти за членство во НАТО и тоа под слоганот "Со јато - во НАТО". Седум земји беа примени во членство, но Македонија - иако беше оценета како меѓу најподготвените, извиси/ Американците ја формираа групата Адриатик 3 + САД, но на самитот на НАТО во Букурешт (април   2008) Хрватска и Албанија беа примени во членство, а за Македонија уследи блокада од Грција. Во НАТО велеа дека, наводно, Македонија добила "условена подршка", со други зборови таа веднаш ќе постане членка, арно ама од кога ке го промени името на државата(!?), што и се случи со капитулантскиот договор од Нивице. Иако некои денес ми припишуваат дека јас сум бил притив членството на Мкд во Алијансата (а бев дури и амбасадор на РМ во НАТО), по кој знае кој пат нагласувам: НЕ СУМ ПРОТИВ ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО, НО НЕ СЕ М И Р А М СО  Н А Ч И Н О Т  НА КОЈШТО ТОА СЕ ИЗВЕДЕ - ПО ПРОМЕНАТА НА УСТАВНОТО ИМЕ (Во Вашингтонската делкарација од 1049, ниту во ниту во друг акт   Н Е М А  одредба која предвидува дека некоја земја треба да го поромени името за да постане членка. Во нашиот случај тоа било политичка одлука!!! Е токму ова е нешто на што укажува професорот Д.М. - суровоста на политиката!

  Нашето евентуално членство во Eвропската Унија е посебна (не баш пријатна) но многу слична приказна за што ќе ни треба огромен простор за елаборација. Ќе го наведам само последниот пример со воведување "кластери", наместо почитуванје на "Копенхагенските критериуми" кои важеа како услов за членство во ЕУ. Именуваањето Грк за нов амбасадор на ЕУ во Македонија (замислите: грчки амбасадор ќе не надгледува и ќе ни држи лекции за некакви стандарди (какво понижување), а тие кај нив дома ништо не почитуваат, или сосема малку!?).

 На крајот, ќе цитирам уште едно предупредување на Д.М, а тоа е: Да се води надворешна политика само врз основа на меѓународните правни норми зчачи да се доведе во опасност сопствената држава и таа да заринка на гребените на меѓународната политика со која владеат моќта и интересите.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.