|
|
Македонците достојни на нацијата и доследни на организацијата |
Зоран Петров Многупати во поодалеченото и блиското минато, во најтешките моменти за опстанокот на македонскиот идентитет и овој пат македонската нација и Македонците како библиски народ ја докажаа својата љубов кон татковината Македонија, покажувајќи високо ниво на самосвест и почитувајќи ги своите славни корени и славно минато. На последните претседателски и парламентарни избори, коишто се одржаа на 24-ти април и на 8-ми мај, македонскиот народ недвосмислено и одлучно го искажа својот револт и незадоволство кон одродено-предавничката влада на СДС. Истата, со своите предавнички постапки и без вољата на народот (кој што е суверен во сопствената држава Македонија), незаконски го промени уставот на Р. Македонија, за чиешто име и нација животот го положија најхрабрите синови и ќерки. И покрај сите понижувања и навреди врз македонскиот народ и нација на последните избори, излеговме достојно и гордо, својот глас го дадовме за Гордана Сиљановска Дафкова за претседател на Македонија, а на парламентарните избори за ВМРО-ДПМНЕ, којашто претставува континуитетот на славното минато на организацијата. И овој пат се докажа дека македонскиот народ и организацијата во најтешките моменти за опстанокот на нацијата и државата се сплотија во една душа и едно тело. Со освоените 58 мандати во народното собрание, ВМРО-ДПМНЕ и македонскиот народ остварија голема победа, со што си ја вратија пред сè гордоста и сувереноста на својата татковина и нација. ГОЛЕМО БРАВО ЗА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА! ДА ЖИВЕЕ ОРГАНИЗАЦИЈАТА! |