Коментари

Зоран Заев и Пендаровски се колнеа дека нема да дозволат да се смени името Македонија

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Свекрва

„Ќе го чуваме името. Ќе го чуваме идентитетот. Ќе го чуваме достоинството.“ со овие зборови Зоран Заев и Стево Пендаровски ги лажеа македонските граѓани. Денес, историјата ги бележи како луѓето што го погазија сето тоа што го ветуваа и повеќе.

Зоран Заев и Стево Пендаровски не еднаш, туку повеќепати јавно се колнеа дека никогаш нема да прифатат промена на името. Денес знаеме: тоа не беа заклетви, туку сценарија за манипулација. Сценарија со јасна цел лична и партиска корист, а по цена на националната чест.

На 30 септември 2018 година, македонскиот народ им порача „НЕ“. Над 63% од запишаните избирачи го отфрлија Преспанскиот договор преку бојкот на референдумот. Сепак, Заев и Пендаровски не само што го игнорираа гласот на народот, туку и отидоа чекор понатаму, насила го сменија Уставот, потпомогнати од закани, притисоци и уценети пратеници.

Никогаш нема да го заборавиме моментот кога во македонските пасоши почна да се појавува зборот „Северна“. Заев и Пендаровски ја извршија најголемата политичка измама во поновата македонска историја. Немаат право да повикуваат на „еднаквост“ и „иднина“, кога самите ја бришеле основата на државноста.

Колку и да се обидуваат да го нашминкаат, „новото“ лице на СДС преточено во Венко Филипче е ништо друго туку продолжение на Заев. Истата матрица на неодговорност, истата ароганција, истите шеми на криминал и корупција.

Од трагичните набавки за време на пандемијата, до прикривањето на вистината за модуларната болница Филипче не е симбол на промена, туку гаранција за континуитет на пропаст. СДС со Филипче не нуди ништо ново. Само старите ликови со нова етикета, кои мислат дека народот има кратко паметење. Но Македонија не заборава.

Македонија нема да се врати преку молк и сервилност. Ќе се врати со нова генерација која не се колне лажно, туку живее вистински за Македонија.

Никогаш Северна! Секогаш Македонија!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top