Среда, 23 Август 2023   
МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ, со вера во БОГА, постојат и ќе постојат довека, додека постои и светот!

1DOOM Македонска нација

БОЖЈИ ПАТОКАЗ

Да се оди напред, по пат  одреден и осветлен од БОГА.  Пат  на кој треба да се одолее на искушенијата кои мамат  да се тргне лево или десно од него. Бидејќи еден е патот  и едни се знаците од Бога поставени.

Наша е одговорноста  да ја ползуваме и живееме добрината и премудроста Господова.

Оние кои се посебно мили на Бога имаат и поголема одговорност од сите други и поголеми искушенија на кои треба да одолеат.

МАКЕДОНЦИТЕ СЕ БОЖЈИ НАРОД, А МАКЕДОНИЈА Е НИВНАТА ВЕТЕНА ЗЕМЈА!

Благословот Господов е врз народот македонски, и заштитата Негова е посилна од сите кои тоа сакаат да го оспорат.

Затоа МАКЕДОНЦИ, славете го БОГА

- со почит кон убавините земни НА ОВАА СВЕТА МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА со кои БОГ ве удостоил,

- со добрината во душите, чистотата во срцата и бистрината на умот со кои ве оплеменил,

- со мисијата на овој свет која ја доверил на МАКЕДОНИЈА.

Навистина. МАКЕДОНИЈА е преубава и пребогата земја. Покажувајте љубов кон својата земја, во секој миг од денот даден од Бога.

Не допуштете МАКЕДОНИЈА да заприлега на пуста пустина, на запуштена нива обрасната во коров и на ѓубриште кое шири отровна реа.

ОПЛЕМЕНЕТЕ ГО СЕКОЈ ЧЕКОР ОД ОВАА СВЕТА ЗЕМЈА!

Со баскрајна љубов и внимание грижете се да биде рајска градина и неизмерно плодна нива, прво за вас самите, МАКЕДОНЦИ, а потоа и за секој добронамерен кој во неа ќе стапи. Тогаш и Бог ќе се радува.

И ДА НЕ ЗАБОРАВИМЕ.

НАШАТА ЗЕМЈА СЕ ВИКА МАКЕДОНИЈА, А НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ!

Не` обдарил Бог, сестри и браќа Македонци, со име свето, со чувство благородно, со јазик преубав и култура пребогата. Да се радуваме и да ги негуваме!

И никогаш да не потклекнеме на злонамерните кои велат да се откажеме од нив.

ПО НИКОЈА ЦЕНА, ОТИ Е ТОА ГРЕВ ШТО НЕ СЕ ПРОСТУВА!

Господ не дарил со срца да чувствуваме и ум да мислиме, ни дал очи да гледаме и уши да слушаме, раце да работиме и нозе да чекориме.

ГОСПОД рекол да бидеме мудри и разборити со мисла, збор и дело, а не лесномислени, површни и поводливи.

ГОСПОД рекол да одиме во пресрет на предизвиците, а не да ги избегнуваме, оти тие се можност да се слави името НЕГОВО. Оти сме под НЕГОВА закрила.

Оти не создал за да создаваме во слава НЕГОВА, под негова закрила да создаваме добра за живот во благосостојба,  а не да битисуваме во немаштија.

И ГРЕВ Е АКО СЕ ПОМИРИМЕ СО ПРОБЛЕМИТЕ НА ДЕНОТ, ЗАНЕМАРУВАЈЌИ ГИ МОЖНОСТИТЕ НА ВЕКОТ ШТО ГОСПОД НИ ГИ ОТВАРА!

ЗАТОА, ОСМЕЛИ СЕ! БИДЕЈЌИ И ГОСПОД ТОА ГО САКА!

Не да бараме, туку да даваме! Не да завидуваме, туку да споделуваме! Не да гледаме отстрана, туку да откриваме, осознаваме и други да подучуваме!

МАКЕДОНЦИТЕ БОГ ГИ СОЗДАДЕ ДА БИДАТ ВОДАЧИ, А НЕ ВОДЕНИ!

Работете и заработувајте, градете и изградувајте, сејте и жнејте, МАКЕДОНЦИ! Оти работата и она што се создава се БЛАГОСЛОВЕНИ!

Оти не е во ред кога се уништува она што е со добра мисла и љубов создадено, кога се скврнави од Бог благословеното, кога се озборува добронамерноста и посветеноста на другиот.

А кој е повисоко, има само поголема одговорност! Велат, најосамено е на врвот оти малкумина се осмелуваат да се искачат таму каде мислата најдлабоко продира, каде зборот, искажан пред БОГА и пред луѓето, најмногу вреди, каде товарот на делата сторени и несторени  најмногу тежи.

Бидете горди МАКЕДОНЦИ, но внимавајте да не се вообразите, оти гордоста е доблест, но горделивоста е голем грев!

Негувајте ја, МАКЕДОНЦИ, добрината во душите, чистотата во срцата и бистрината на умот со кои ве оплеменил СОЗДАТЕЛОТ!

Кој добрина сее, добрина и ќе жнее. А кој омраза и молњи сее, невреме и виор бесен ќе жнее.  И самиот ќе исчезне во невремето.

Тоа е закон од Бога, се исполнува кога - тогаш!

Затоа, не плашете се, МАКЕДОНЦИ, оти е БОГ со нас! Со нас, МАКЕДОНЦИ, Бог сака да го оплемени овој свет. Затоа и ни дал таков товар, да бидеме подобри, помудри и поодговорни од сите други! ТОА ОБВРЗУВА!

МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ТУКА ЗА СИТЕ ДОБРОНАМЕРНИ!

Во АМАНЕТОТ рековме дека името и идентитетот МАКЕДОНСКИ не се на продажба.

Ниту пак се тема за расправа.

И дека само како МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИ придобивка сме за светот.

ДА за ЕУ, АКО НЕ`САКААТ КАКО МАКЕДОНИЈА И КАКО МАКЕДОНЦИ!

МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ, со вера во БОГА, постојат  и ќе постојат  довека, додека постои и светот!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.