Голем Македонски проект на млади патриоти во текот на 1947 година
По завршувањето на втората светска војна и формирањето на колективите - задругите, по селата кога неукиот и кроток македонски намачен народ, кој со векови работи по своите ниви со цел да го прехрани големото македонско семејство, се соочува со уште една голема мака, конфискација на имотот, добиток, жито, механизација.
За овај периот не само историчарите туку и високи функционери на тогашна СФРЈ не сакаат многу да зборуваат. Што уште немаше да им текне викаа старите луѓе по селата.
Законот на Лазо Колишевски, забрани да се чуваат кози, зошто козата била „штетно животно“, или пак ако сакаш пензија за учество во НОБ, најди двајца сведоци и ја добиваш веднаш, или пак уште еден „убав' пример, ако имаш шест крави, една за тебе другите за колективот, или накодоши некој близок во УДБА, добиваш работно место.
Гледајќи ги сите овие случувања, повеќе групи младинци, посегнуваат на мислата Македонија, протекторат на САД.
Епицентарот на случувањата е Прилеп и од таму мрежата се шири кон Битола, преку село Цер, до Кичево. Но тука сакам да додадам дека за нешто слично е осуден и Методија Андонов Ченто, силен противник на ставовите на Темпо, Видое Смилески Бато, Вера Ацева, Страхил Гигов.
Од март 1946 год, до пролетта 1947 год, во Прилеп се фромира македонска револуционерна организација, со цел за крајно политичко обединување на Македонија, под покровителство на САД, од каде доаѓа и името, ВМРО-СДРМА (Самостојна Демократска Република Македонија под протекторат на Америка).
Организацијата зема силен замав, во текот на летото 1947 година ширум цела Македонија.
Но како и сите позитивни работи кои се одвиваат во тоа време, па и оваа е разоткриена од тогашната УДБА. Голем дел од членовите на организацијата се затворени и осудени. Најнапред би го спомнал Г-дин Глигор Крстевски, кој е главен организатор на оваа дело, кој е осуден на 3 години затвор во воспитно поправна установа, Благој Рампов на 1 год и 6 месеци, Благоја Мрмевски 10 години затвор, сите пресуди се донесени во „името на народот“ и со образложение дека сите се осудуваат поради соработка со терористичкото крило на ВМРО на Ванчо Михајлов, и додавката соработка со агентот Ванчо Михајлов кој сакал да ја одцепи НРМ од ФНРЈ за некаква си Самостојна Македонија под протекторат на Америка.
Идејата за Македонија како 49-та или денес 51-ва, држава на САД, постои многу одамна.
Тука би го споменал и покојниот Вецко Стаматоски родум од село Цер, кој по наредба на органите на УДБА бил убиен во затворот во Идризово, а предходно осуден на 8 години затвор заедно со своите истомисленици.
Вецко при судењето многу директно се изјаснил: На америнаското знаме сега има 48 ѕвезди ќе додадеме уште една – Македонија, со тоа ние не мораме да одиме таму, туку Америка ке дојде тука. Со тоа Вецко Стаматоски ја потврдува својата саможртвеност за Самостојна и обединета Македонија како протекторат на Америка.
За овој “проект” е напишано во многу малку, има пишувано до Г-дин Глигор Крстевки, и германскиот историчар-балканолог Стефан Троебст од Универзитетот во Лаипциг Германија, кој покрај другото до детали ги објаснува работите за Македонското прашање во бугарскиот парламент, ВМРО во периодот 1924-1944, како и предлогот на Адолф Хитлер за Обединета Македонија, и Македонија Швајцарија на Балканот на Иван Ванчо Михајлов.
Денес ова тема е сеуште актуелна, голем дел од народот во Македонија има голема поврзаност и симпатии кон САД. Многу млади луге ја гледаат својата иднина во САД, по сево ова што и се случува денес на Македонија, најдобро е да се вратиме на старата идеја, да бидеме денес 51-та ѕвезда на американското знаме? За „Македонска нација“ од САД Ивица Белев |