|
|
Сите напади врз македонското 16 крако сонце беа смислен непријателски акт врз македонското единство |
Колку и да е свето македонското знаме, колку и да е посакувано, официјалното 8 кракото сонце не успеа да го обедини народот во Македонија, како што тоа го направи старото македонско знаме на кое се наоѓа ѕвездата од Кутлеш. Тоа знаме не само што ги обедини сите Македонци како дома така и од диаспората, туку беше почитувано и од останатите во земјата. Во годината на премрежје, на 11 август 1992 година, по тешки и долготрајни усогласувања во Уставната комисија, прифаќајќи го сонцето како симбол, Собранието успеа да го усвои симболот на државата, кој прв пат ги обедини сите Македонци. На тој ден, Собранието на Република Македонија ги усвои знамето (црвена основа со шеснаесеткрако жолто сонце) и химната ("Денес над Македонија") на Република Македонија (“Сл. весник на Р М.” бр. 50/92 од 12.08.1992 год.) Обединувањето на Македонците од сите страни на светот под ова знаме, ги заплаши непријателите на македонската држава. Оттука нема да се погреши ако се каже дека сите напади врз македонското 16 крако сонце беа смислен непријателски акт врз македонското единство. Сите тие напади имаа единствена цел, да се искриват доказите и да предизвикаат нови расправии, делби, дестабилизација на Македонија и уништување на македонската држава. Сепак, Македонија успеа да склучи договор со заменикот на поранешниот југословенски сојузен секретар за народна одбрана, Благое Аџиќ, за заминување на Југословенската армија од територијата на Република Македонија. Со тој договор склучен на 17 февруар се спречи војната и крвопролевањето во Македонија, а на 27 март истата година, по потпишаниот договор со генералот на поранешната Југословенска армија, Углеша Узелац, Република Македонија ја презеде контролата на целата своја територија со своја војска. Веќе на 14 април, во гарнизонот во Охрид пристигна првиот регрут на АРМ. Претходно за првпат еден државник беше пречекан на скопскиот аеродром со македонски државни почести. На 17 март, при дочекот на претседателот на Република Словенија за првпат беше интонирана македонската државна химна "Денес над Македонија се раѓа", прв пат беше построена почесната единица на Македонската армија со македонското државно знаме и прв пат командантот на македонската единица на македонски јазик му рапортираше на еден претседател на странска држава, кој допатува во официјална посета на Република Македонија. По барањето на Македонија до меѓународната заедница да биде призната под уставно име врз основа на извештајот на Бадинтеровата комисија, Република Грција се спротивставува на меѓународното признавање под уставно име. Европската заедница под притисок на Грција на 27 јуни 1992 година ја носи познатат Лисабонска декларација која забранува било какви територијални претензии кон Република Грција, непријателска пропаганда и користење на терминот Македонија од страна на Република Македонија. Но, на 3 јули 1992 година, Собранието на Република Македонија донесе Декларација со која ја отфрли Декларацијата на Европската заедница за поранешна Југославија, донесена во Лисабон на 27 јуни 1992 година, со која се оспорува независноста на Република Македонија. На 11 август 1992 година Собранието на Република Македонија ги усвои знамето (црвена основа со шеснаесеткрако жолто сонце) и химната ("Денес над Македонија") на Република Македонија, со што ги има сите државотворни атрибути. Жестоката дипломатска битка која ја води Првата техничка влада на Македонија со Грција, спласнува дури откако и била изгласана недоверба, а на 4 септември на нејзино чело доаѓа Бранко Црвенковски. Во периодот од 1992 година па се до 1995 година, Македонија го употребува како симбол знамето со ѕвездата од Кутлеш. Сето тоа предизвикува масовни протести во Грција, поради наводно „ексклузивните права“ кои ги имала грчката страна. Инаку првиот предлог за знамето било поднесено од тогашниот пратеник Тодор Петров на 6 август 1992 година. Денес ова знаме го користат македонските здруженија и организации во Македонија, во соседните држави и странство. Иако тоа не е официјално знаме на државата тоа сепак се вее на спортските натпревари и потсеќа на времето кога сите Македонци биле обединети под едно знаме. |