|
|
Регентот на Бугарија за македонскиот народ и македонската држава |
Тихомир Каранфилов
Кој е Тодор Павлов? Во продолжение на текстот стои. „Роден во Македонија, но порастен во Бугарија, авторот на овие редови беше воспитан во духот на идеите на Димитар Благоев, Ботев, Гоце Делчев и Георги Димитров, та затоа ја следел секогаш со најжив интерес славната борба на македонскиот народ за ослободување, како и неговите видни усилби за создавање на нова македонска култура, па, според своите сили, каков што е случајот и со големиот македонски поет Венко Марковски и др,, се обиде да даде свој скромен придонес кон тоа историско дело на македонскиот народ“.. . Обидувајќи се нешто повеќе да дознаеме за Тодор Павлов, истражувајќи ги интернет страниците наидуваме дека: Тодор е роден во 1890 година во Штип. Неговиот татко Димитар, познат како Штипјанин бил учител, автор на духовни напеви и црковен певец, еден од најдобрите во Штип кон крајот на XIX и во почетокот на XX век. Тодор Павлов се образувал на Софискиот универзитет, каде дипломирал во 1914 година на насока филозофија и педагогија. Потоа предавал како учител во Казанлак (1914-1919), Лом, Ихтиман и Белата црква. Во 1919 година станал член на БКП. Во 1922-1923 година бил главен уредник на прокомунистичкиот весник „Младеж“. Во летото 1923 година бил уапсен, но подоцна ослободен. Во 1924 година, тој беше избран за раководство на легалната Партија на трудот и за Централниот комитет на илегалната Комунистичка партија. По нападот во црквата „Света недела“ на 16 април 1925 година, бил уапсен и осуден на 12 години затвор. Во 1929 година бил амнестиран и ослободен. Во 1932 година емигрирал во СССР и станал професор по дијалектички материјализам на Институтот „Црвениот професор“ во Москва. Во 1936 година се враќа во Бугарија и се посветува на новинарската дејност. Во периодот 1941-1943 година бил интерниран во концентрациони логори. На 9 септември 1944 година, со одлука на НК на патриотскиот фронт и декрет на владата е назначен за регент на Кралството Бугарија. Како регент, тој ги користи сите права што се застапуваат во Уставот на Трново, вклучувајќи го и назначувањето и разрешувањето на високиот команден штаб на армијата. Долго време по Втората светска војна Тодор Павлов ќе зазема значајни места во бугарското општество. Умира во 1977 година. |