|
|
Македонија низ изреките на Гоце Делчев |
Големиот македонски деец, апостолот на македонската борба за ослободување и самостојност Гоце Делчев кој покрај тоа што важи за голем револуционер тој бил и голем тактичар и политичар на своето доба. Низ своите мисли кои ги искажал тој ја предочил целата македонски идеолигија,македонската иднина,но исто така голем дел од изреките се и полезни за секој оној што сака да ја збогати својата душа својот личен мисловен капацитет. Во следниот дел ви ги преставуваме сите изреки на Гоце Делчев кои се важни за нас и нашата историја. 1.“Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.” 2.”Ќе удри утринската зора и за нас...” 3.“Труд и постојамство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива”. 4. “Да ја чуваме чистотата на ослободителното движење и на Организацијата - тоа е првиот услов за нашиот успех!” 5.”Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, ами и да го разбие нивниот ропски дух” 6.”Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население”. 7.”Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата; - или ќе водиме говеда на касапница”. 8.”Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите”. 9.”Но тоа е патот за ослободувањето на народите од туѓо его. По него оделе Грците, Србите, Бугарите. По тој пат треба да одиме и ние, Македонците, за да се ослободиме од Турците”. 10.”Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа...” 11. “Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?” Низ овие изреки,низ овие мисли се гледа македонската идеологија,идеологијата која требало да не однесе од мрачното доба на ропството кон светлината на утринската зора на слободата која нашиот народ ја посакувал толку многу. Низ овие изреки исто така се забележува и автономниот принцип на македонската борба која што никогаш кон никго не се приклонувала,бидејќи како што самиот Делчев ке рече во една пригода”Секоја подарена слобода е всушност ново ропство”. |