|
|
КОИ СЕ ОСНОВАЧИТЕ НА ВМРО - ДПМНЕ? |
КОИ СЕ ОСНОВАЧИТЕ НА ВМРО - ДПМНЕ? Во 1963 год. се формира македонската организација ОКМ (Ослободителен комитет на Македонија). Во 1972 год. ОКМ, се трансформира во ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија).Драган Богдановски беше претседател на ДООМ до 1977г. Сигурно е едно, да не беше Драган Богдановски и да немаше ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија ) немаше да има ниту ВМРО-ДПМНЕ. На основачкото сообрание на 17.06 1990 година му претходеа средби на Драган Богдановски како иницијатор за формирање Партија, во Берлин и Минхен. Да не беше Драган Богдановски немаше да се случат средбите во Берлин и Минхен, исто така, да не беа средбите во Берлин и Минхен, немаше да има ВМРО-ДПМНЕ во Македонија. Драган Богдановски не дојде на основачкото Собрание на 17 јуни 1990 г. затоа што немаше патна исправа. Богдановски никогаш не изразил желба да биде Претседател на ВМРО-ДПМНЕ - ако искажеше таква намера сигурно дека ќе беше, затоа што негова беше идејата за формирање Партија. Ниту пак изрази желба да биде Премиер на Владата на Република Македонија. За функцијата Претседател на Република Македонија? ДА, Богдановски се надеваше дека ќе биде предложен и избран за Претседател на Македонија. Да беше жив КОСТАДИН ДИНЕВСКИ- ДИНКАТА, (македонски десидент, кој лежеше во затвор 4 години за „непријателско“ организирање) близок пријател и истомисленик на Богдановски, лично тврдам дека Тој ќе беше првиот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ. КОЈ ИМА ПРАВО ДА КАЖЕ ДЕКА Е ЕДЕН ОД ОСНОВАЧИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ? -ДРАГАН БОГДАНОВСКИ - ИДЕОЛОГОТ НА ВМРО-ДПМНЕ; -УЧЕСНИЦИТЕ НА СРЕДБИТЕ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН; -СИТЕ КОИ БЕА ВО САЛАТА 25 МАЈ - ДОМ НА МЛАДИ НА 17.06.1990г.; -СИТЕ ИНИЦИЈАТИВНИ ОДБОРИ ЗА ФОРМИРАЊЕ ВМРО-ДПМНЕ ВО: МАКЕДОНИЈА, ЕВРОПА, АМЕРИКА, АВСТРАЛИЈА И КАНАДА; -СИТЕ КОИ УЧЕСТВУВАЛЕ НА ОСНОВАЧКИТЕ СОБРАНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА ОД 1990 ДО 1994г. -ОСНОВАЧИТЕ НА ЗАДГРАНИЧНИТЕ КОМИТЕТИ НА ВМРО-ДПМНЕ; -СИТЕ КОИ УЧЕСТВУВАЛЕ НА МИТИНЗИТЕ ЗА САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА, ВО МАКЕДОНИЈА И ВО ДИЈАСПОРАТА; -СИТЕ КОИ СО ЗБОР И ДЕЛО ЈАВНО И НЕДВОСМИСЛЕНО ДЕВЕДЕСЕТИТЕ ГОДИНИ ЗАСТАНАА НА СТРАНАТА НА МАКЕДОНСКАТА КАУЗА. СИТЕ ПОГОРЕ НАБРОЈАНИ ИМААТ ПРАВО ДА СЕ НАРЕКУВААТ ОСНОВАЧИ И ВЕТЕРАНИ. Може да полемизираме кој колку има придонес за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија, но никој апсолутно никој поединец не би смеел да каже, Јас сум основачот или идеологот на ВМРО-ДПМНЕ. Зошто? Одговорот е едноставен - еден човек сам не може да формира Партија и да придонесе за својата држава без колективен амгажман. ВМРО-ДПМНЕ, е идеологија, формирана во исклучителен историски момент, се претвори во стеблото на МАКЕДОНСКИОТ непокор, сплотена и цврста, со братска искрена љубов и подадена рака со добра мисла, опстојува како гарант на МАКЕДОНСКАТА иднина, сега и засекогаш, АМИН!
Фотографии од Киро Кипроски |