Коментари

До кое дереџе ја донесоа Заев и Филипче некогаш „државотворната“ партија?

Свекрва

Свекрва

По сè изгледа дека во СДС повеќе никој нема право да размислува со своја глава. Секој што ќе се осмели јавно да каже дека партијата е во катастрофална состојба, веднаш добива етикета-купен е од ВМРО-ДПМНЕ, човек е на Мицкоски, уценет е или продаден.

Наместо одговор на аргументи, следуваат дискредитации, навреди, наместо самокритика следува лов на вештерки.

Венко-заевистичкото крило очигледно смета дека единствената причина некој да не се согласува со нив е ако работи за политичкиот противник.

А тогаш логично се поставува прашањето: кој сè, според нивната логика, работи за ВМРО-ДПМНЕ?

Сите што заминаа во ЗНАМ?

Петре Шилегов?

Јован Деспотовски?

Радмила Шекеринска?

Бранко Црвенковски?

Стево Пендаровски?

Димитар Ковачевски – Таче? Градоначалници, Листата е предолга за да се набројат сите видни некогашни функционери на СДС.

Дали и тие според оваа матрица се луѓе на Мицкоски?

Ако секој што не се согласува со актуелното раководство е „купен“, тогаш проблемот не е во тие луѓе. Проблемот е во оние што денес ја водат партијата.

Наместо политичка понуда, јавноста гледа меѓусебни пресметки, наместо идеи, гледа обвинувања, наместо програма, гледа поделби.

Во таква атмосфера, секое поинакво мислење се казнува, следуваат медиумски напади.

Веднаш ги активираат партиските послушници по разни медиуми и на социјалните мрежи за јавно плукање по секој што ќе се осмели да размислува поинаку од Филипче и двајца тројца окулу него.

Таквиот модел можеби создава страв, но никогаш не создава доверба.

Жално е кога ќе слушнете дека денес и дел од членовите на СДС се двоумат или се срамат да кажат дека се членови на својата партија. Тоа е најсилниот показател колку е нарушена довербата внатре во партијата.

Но ваквите состојби не се случуваат преку ноќ. Тие се последица на погрешни избори на лидер и отсуство на внатрепартиска демократија.

Кога лидерите се избираат само со кревање раце, без сериозна анализа дали имаат знаење, капацитет, визија и авторитет да ја водат партијата, резултатот најчесто доаѓа подоцна. Во СДС тој процес започна со изборот на Зоран Заев продолжи по неговото заминување со Венко Филипче.

Да бидам искрен, како еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, политички би можел да бидам задоволен од состојбата во СДС. Но како човек кој се радува кога Македонија напредува, не можам да бидам рамнодушен.

На Македонија не ѝ е потребна слаба опозиција. На Македонија ѝ е потребна силна Влада, но и конструктивна, сериозна и одговорна опозиција, која ќе придонесува во реализацијата на проекти од интерес за државата. Таквиот политички баланс е здрав за секоја демократија.

Затоа, опозицијата не треба да се натпреварува кој повеќе ќе ја оцрни сопствената држава, туку кој ќе понуди подобри решенија, посериозни политики и поголема одговорност кон Македонија и нејзините граѓани.

Политичките партии се силни онолку колку што се подготвени да ја слушнат вистината за себе. Кога ќе престанат да ја слушаат, почнува нивниот пад.

Или, народски кажано, на функционерите на СДС како да им се скршило огледалото, па немаат каде да се погледнат и да се запрашаат до каде ја донесоа партијата со своите погрешни политики.

Наместо да ја бараат причината кај другите, добро е најнапред да ја побараат во сопствениот двор. Бидејќи ниедна партија не пропаѓа поради своите политички противници, туку поради сопствените погрешни одлуки, лошите политики и изгубената доверба кај граѓаните.

А кога ќе се скрши огледало, според народното верување, нешто тргнува на неарно. За СДС, тоа „неарно“ одамна не е суеверие, туку политичка реалност.

Најново од: Коментари

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Зошто Гоце Делчев и денес плаче над Македонија?

Пораката на Димо Хаџи Димов од 1924 година и во 2026 година нè повикува да се запрашаме: дали го чуваме Гоцевиот идеал со нашите постапки или само го споменуваме во свечените говори? Македонската историја е исполнета со херојство, саможртва и борба за слобода, но и со болни поуки за поделбите и за влијанието на туѓите […]

To top