Коментари

Дијаспората е продолжена рака на матичната земја – Македонија

Гордана Димовска

Гордана Димовска

Заедно сме посилни!

Пред повеќе од еден век започна големата иселеничка сага на македонскиот народ. Првите поголеми иселувања се забележани околу 1900 година, во периодот по Берлинскиот конгрес, кога Македонија останала без самоуправа, а народот се соочувал со тешки политички и економски услови, бунтови и востанија против Отоманската власт.

Македонија како да водеше вечна борба меѓу темнината и светлината и која секогаш се пренесуваше  од една на друга генерација. Секоја генерација се бореше под различни услови и околности, но и со различни судбини. Целта на сите им  била иста – слобода за Македонија, како заедничка, обединувачка алка за сите генерации.

Безмилосно се спроведувани најразлични методи на уништување на националната свест за самостојност. Но ни тогаш македонскиот народ не потклекна и не се помири со тирании, ропства, окупации. Секогаш се бореше за своја национална слобода,да го сочува идентитетот,јазикот, црквата, обичаите, традицијата, т.е сите белези кои ја обележуваат македонската нација како посебна.

Денес  треба посебно да го потенцираме тоа што македонскиот народ никогаш немаше претензии за освојување на територии како што тоа го правата нашите соседи. Напротив, секогаш се борел и се бори за да си зачува својот идентитет  и да го заземе заслуженото место во Европа и светот. Јужниот сосед со помош на меѓународните и домашни лоби групи, поддржувачи, направи успешна пропаганда  за креирање поинаква слика за нашето историско минато. Но ние не се предаваме.

Од најраните времиња, човештвото е во постојано раздвижување. Некои луѓе се преселуваат во потрага по работа или економска можност, да се приклучат на семејството или да студираат. Други се преселуваат за да избегаат од конфликт, прогон или кршење на човековите права од големи размери. Други, пак, се движат како одговор на негативните ефекти од климатските промени, природните катастрофи или други фактори на животната средина.

Денес, повеќе луѓе од било кога живеат во туѓи земји, надвор од родната. Според последните статистички податоци има 304 милиони раселени по светот.

Додека повеќето луѓе ја напуштаа родината по избор, други заминуваат по потреба. Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) процени дека до крајот на 2022 година, светот примил околу 35,3 милиони бегалци, вклучително и 5,9 милиони палестински бегалци под мандат на Агенцијата за помош и работа на Обединетите нации (UNRWA), како и 5,4 милиони баратели на азил.

Денес, според неофицијални проценки, повеќе од 700.000 Македонци живеат надвор од границите на Македонија, распрснати во над 140 земји на сите континенти. Тие претставуваат значаен дел од македонскиот народ и важен мост меѓу татковината и светот.

Особено болен дел од македонската иселеничка историја е судбината на Македонците од Беломорска Македонија. Стотици илјади биле протерани од своите домови, разделени од семејствата и принудени да започнат нов живот далеку од родниот крај. Трагите од тие настани и денес се присутни кај многу семејства и генерации кои ги носат спомените за прогонството и разделбите.

Но, и покрај сите премрежија, Македонците никогаш не се откажале од својот идентитет. Напротив, во новите средини успеале да ја зачуваат националната свест, јазикот, традициите и љубовта кон родната земја. Денес тие се успешни бизнисмени, научници, лекари, инженери, професори, спортисти и уметници кои со својот труд и знаење придонесуваат во општествата каде што живеат.

Иселувањето не е појава карактеристична само за Македонија. Повеќе од 200 милиони луѓе во светот живеат надвор од својата матична држава, барајќи подобри економски можности и поквалитетен живот. И македонските иселеници поминале низ истиот пат – години адаптација, напорна работа и создавање сигурна егзистенција за своите семејства.

Затоа не треба секој иселеник да се гледа исклучиво како потенцијален голем инвеститор. Сепак, многумина од нив имаат желба и можност да придонесат за развојот на татковината преку инвестиции, деловна соработка или пренесување на своето знаење и искуство.

Токму затоа Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски вложува напори преку македонските дипломатско-конзуларни претставништва ширум светот да ги запознае иселениците со можностите за инвестирање во Македонија. Секој што има интерес да вложува во родната земја може преку амбасадите и конзулатите да добие информации за условите, поволностите и постапките за реализација на инвестиции.

Не е случајно што Министерството за надворешни работи денес го носи името Министерство за надворешни работи и надворешна трговија. Тоа е јасен показател дека економската дипломатија, привлекувањето инвестиции и поврзувањето со македонската дијаспора се меѓу приоритетите на државата.

Дали и колку иселеници ќе се вратат во родниот крај зависи од економскиот развој, политичката стабилност, довербата во институциите и можностите за сигурно вложување на капиталот. Но едно е неспорно – македонската дијаспора никогаш не ја заборавила својата татковина. Нивните дознаки, инвестиции, хуманитарни активности и поддршка на културните и националните организации со децении претставуваат значаен придонес за Македонија.

Затоа е неопходно да се создава позитивна клима и цврста доверба меѓу државата и иселениците. Каде и да живеат, тие остануваат продолжена рака на татковината, носејќи го во себе македонскиот дух, љубовта кон родната земја и вербата во нејзината иднина.

Потребно е тело кое ќе се грижи за иселениците и да развие програма за враќање на иселениците. Но дури да се случи тоа, треба да се има комуникација и развој на односите на некој начин. Во дијаспората каде и да живеат Македонци, силно ги чуваат своите национални белези и  матичната земја треба да игра улога и во зачувување на јазичните програми во туѓина. Јазикот е основно национално обележје кое го носиме каде и да одиме и тоа е наша лична карта кои сме од каде потекнуваме.

Македонија е нивниот корен, а тие се нејзината најсилна врска со светот. Македонскиот народ како единствен наследник на Македонија и кој секогаш застанува во одбрана на македонските национални интереси – заслужува подобро. Заслужува подобар економски развој, исправуање на историските неправди и рамноправна застапеност меѓу народите во светот.

Maкедонија е наша заедничка МАЈКА за која и понатаму и уште повеќе сите да допринесуваме.

Најново од: Коментари

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

To top