Коментари

Стапицата на молкот

И бидејќи молчат повеќето од оние кои мораа(т) да говорат, денес низ македонскиот етер доминира тој не-говор, таа лапавица од незнаење и таа промаја од глупости. И не мислам тука на секојдневните будалаштини на социјалните мрежи туку на јавниот говор подметнат како интелектуален, дури експертски став во пишуваните и електронските медиуми, на телевизиите со национална лиценца, од говорниците на партиите итн.
Ние немаме, како Кина и САД, на пример, проблем со „стапицата на Тукидид“. Таа очигледно е предизвик на „големите сили“, но тие ќе си ја решаваат. Некогаш и врз наш грб бидејќи некои им го даваат тоа право на „китовите“. Но ние имаме проблем со редица други стапици, на пример со моралот, вредностите, знаењето, стручноста, професионалноста, (само)почитувањето… и не умееме ниту една да разрешиме. Не дека не знаеме, туку заради тоа што ги „разрешуваат“ погрешни луѓе!

А сепак, денес, се чини е најопасна стапицата на заглушувачкиот молк што владее во јавниот простор – политички, општествен, морален, вредносен, професионален… Таа стапица лесно може да ни дојде до главата! Буквално.

Зашто кога наместо дијалог помеѓу двете најголеми партии имате или молк или река од навреди, кога од политичките табори рее молчалива омраза а на пошироката општествена сцена оро играат шутови чии ѕвончиња на капите не ви даваат минутка мир, што прави македонскиот интелектуалец? Молчи.

Не е лесно да се дефинира тој заглушувачки молк, има многу причини за него. Меѓу нив и апатија, замор, рамнодушност… Но македонскиот молк не е само тоа. Тој, делумно, е одраз на провинцијализмот на македонскиот интелектуалец. Да, има некои кои ќе прашаат дали воопшто останаа интелектуалци во државата или сите ги уби Ванчо Михајлов и „меката диктатура“ на Тито? Да, има шарлатани што ќе се фатат (и) на таа јадица. Меѓутоа, нашиот молк повеќе е одраз на страв, на чувство на несигурност, на нелагодност и непредвидливост на последиците од јавниот збор и настап… Некој ќе рече дека историски гледано тој страв е разбирлив. Впрочем, ни пет века „под турско“ не се малку, пишува Златко Теодосиевски за ПЛУСИНФО.

Или, ги убиваат оние кои говорат односно – не молчат. Ама не е баш така.

А сепак, колку и да е разбирлив тој страв, молчењето не е злато, како што сака да каже поговорката, особено не во земји како Македонија и во времиња како денешново. Зашто, кога молчат оние кои мораат да говорат, говорат оние кои не знаат што говорат. А тоа не е говор, тоа е измама, лага, манипулација и махинација…

И бидејќи молчат повеќето од оние кои мораа(т) да говорат, денес низ македонскиот етер доминира тој не-говор, таа лапавица од незнаење и таа промаја од глупости. И не мислам тука на секојдневните будалаштини на социјалните мрежи туку на јавниот говор подметнат како интелектуален, дури експертски став во пишуваните и електронските медиуми, на телевизиите со национална лиценца, од говорниците на партиите итн. Дури и од страна на поединци платени од државни пари да шират знаење, морал и вредности а не простотилаци, партиски кампањи, дури и монструозни квалификации за сопствениот народ и држава. Или коекакви пропалитети од бивши еднопартиски новинари да ви „толкуваат“ надворешна и внатрешна политика, секакви шушумиги да расправаат за темелни историски процеси, клиентелистички компањероси да подметнуваат партиска пропаганда како важни домашни проблеми…!

Односно, ако ние молчиме за нашите витални, суштински прашања, како ќе размислуваме, па и говориме, за нашето место во регионот, во Европа и светот? За она за кое што Бенда (Julien Benda) велел дека е суштината на интелектуалната должност: да ја гарантира сувереноста на универзалното! И ако така ги поставиме нештата, нема мали и големи теми, важни и неважни настани, тие се поврзани во една (идна) целост којашто мора да му се претстави, предочи на граѓанинот, на јавноста. Инаку, повторно, шутовите го преземаат и го вртат на сите страни! Како денес.

Или, ако сакате, гледајте во кои насоки се движи скандалот со „криминалот на векот“: кој што и каде ручал, зошто овој му се јавил на оној…! Тоа ли е експертски став за една трауматична разврска на толкав потенцијален криминал и истрага од една година? И колку такви „истраги“ завршија без резултат, а колку воопшто и не започнаа? Тоа ли е резултатот на „независноста“ на правосудството? И независност – од кого, и од што? Да не смее граѓанинот да праша: абе вие, нормални сте – и обвинители, и судии, и експерти…? А тој ги плаќа „независните“!

Или, ако баш сакате, а кога веќе говориме за „независноста“: нема ли баш никој да праша, или да каже, како „независна“ невладина организација врти милион долари годишен профит? Или – тоа не е наша работа? А што е?!

Следствено, говориме ли за страотното, историското предавство на македонскиот интелектуалец денес, за неговиот срамен молк пред налетите на полуписмени шарлатани од сите страни кои го користат токму неговиот молк, неговите често ниски страсти, поткупливост, страв… од дисквалификација, негирање, етикети…? За молк на цела една „партија“ дури и за навредите за Делчев од страна на нивен шарлатан? Па и тоа е дел од улогата на интелектуалецот, денес повеќе од кога и да е. Или и понатаму ќе се залажува дека неговиот молк и отсуство на квалификувана реакција се одбрана на нечие индивидуално право на збор и мислење? Затоа ли имаме и универзитетски професори кои пишуваат „незнам“?

И што, кај нас, значи тоа „право“? Секој полуписмен да се затскрива зад тие права и да исполнува некакви агенди, често и со антидржавна насока? Или да симулира предавања ex catedra преку наивно читање на туѓи текстови и да ни соли памет за некакво признавање на Македонецот со мало „м“, дека ние допрва „создаваме идентитет“ којшто треба да ни се потврди преку членството во еу (малите букви се…)? Или треба да ни го потврди Бугарија, како што во триесеттите години на минатиот век им наложуваше Германија на Унгарците?

И како е можно странците да го разбираат македонскиот проблем и опасностите од притисоците од бугарија и еу (малите букви се…) а локалнава „аристократска“ интелектуала да глуми дека е падната од Марс?

Но, до каде би можеле да одиме со вакви примери? И зошто, впрочем, кога реалноста секојдневно нѐ притиска и нѐ потсетува на светата интелектуална должност? Или навистина целосно ќе пропаднеме во стапицата на молкот и ќе „уживаме“ во тишината? Само што кај нас нема тишина, има какафонија од иритантни звуци кои никогаш не наликуваат на хармоничен говор.

Е па ако тоа ни се допаѓа… Само што баш и не знаеме што утре носи овој молк, какви разврски и последици!

П.С.

Инаку, гледано низ историска перспектива, ние имаме повеќе такви регионални стапици, а токму бугарија (малите букви се…) е нашата актуелна „стапица на Тукидид“, сега поставувана двострано – од источната и од внатрешната страна на границата!

Најново од: Коментари

Честит 8 Септември – Денот на независноста!

По повод 35-годишнината од прогласувањето на самостојна и суверена Република Македонија, редакцијата на „Македонска нација“ упатува искрени честитки до македонскиот народ, до сите граѓани во татковината и до Македонците ширум светот. На 8 септември 1991 година, граѓаните со огромно мнозинство ја изразија својата волја да живеат во независна и суверена држава. Тој историски чин претставуваше […]

Македонците се како пиреј – кога мислиш дека е крај, Македонија повторно се раѓа

Македонија ваквата судбина ја носи уште од времето на Александар Македонски до денес. Низ вековите се менувале царства, владетели, граници и политички системи, но секогаш кога некој ќе помислел дека Македонија е поразена или оставена без иднина, од земјата повторно никнувал пирејот. Такви се Македонците – можеш да ги делиш, да ги прогонуваш и да […]

Македонија папокот на светот

Македонија не е само географска точка на картата, туку простор на кој со милениуми се вкрстувале цивилизации, култури, верувања и историски патишта. Нејзината земја крие безброј археолошки сведоштва, а нејзиниот народ носи колективна меморија што не успеале да ја уништат ниту војните, ниту поделбите, ниту забраните. Токму затоа документарниот филм „Европската Атлантида? Изгубениот ‘папок на […]

Македонскиот идентитет не бара туѓо одобрение, туку наша одлучна одбрана

Идентитетот е основната приказна што ја носиме во себе – одговорот на прашањето кои сме, од каде доаѓаме и на која заедница ѝ припаѓаме. Тој ни дава чувство на достоинство, сигурност и припадност, но и рамка според која го разбираме светот и донесуваме одлуки. Затоа, кога некој ги оспорува нашите најдлабоки уверувања за сопственото потекло […]

Време е Балканот да се обедини околу Македонија

По сите години исполнети со расправии, поделби и безброј политички и историски перипетии, дојде време отворено да разговараме за минатото. Благодарение на интернетот, денес документите, старите записи, картите и различните историски толкувања се разменуваат со невидена брзина. Она што некогаш било затворено во архивите сега станува достапно за пошироката јавност. Затоа, време е сè да […]

Во чиј интерес СДС ја оцрнува Македонија?

СДС, предводен од Венко Филипче, сè почесто настапува со соопштенија исполнети со паника, обвинувања и катастрофични сценарија. Речиси секој проект што може да донесе инвестиции, економски развој или поголема самостојност на Македонија однапред се прогласува за сомнителен, опасен или штетен. Дали ваквата хистерија е само последица на политичката немоќ на СДС или зад неа стојат […]

Ако немало асимилација, колку Македонци денес би живееле во Бугарија?

Историските документи понекогаш поставуваат прашања на кои современите политики не сакаат да одговорат. Едно од нив гласи: ако на почетокот на XX век во Бугарија живееле стотици илјади Македонци, каде се нивните потомци денес? Во писмо од 9 март 1901 година, сер Франсис Планкет, британски амбасадор во Виена, пренесува податоци според кои во тогашното Кнежество […]

Мајка Тереза – „Србинка“? Кој и зошто ги менувал презимињата во Македонија

Училишните документи на скопјанката Гонџа Бојаџиу, подоцна позната во целиот свет како Мајка Тереза, отвораат важно прашање за политиката на посрбување во Македонија во времето на Кралството СХС, односно Кралството Југославија. Во нив нејзиното презиме е запишано како „Бојаџијевиќ“, а во графата за народност стои „Србинка“. Најточниот одговор е: Мајка Тереза била родена во Скопје, […]

To top