Коментари

Зошто 8 Септември е пиреј и светол ден

Александар Џеповски

Александар Џеповски

Македонија имала и секогаш ќе има свои големи, па и преголеми денови и значајни празници. Ако Господ ги покаже сите тие златни денови, ќе треба да се додадат уште илјадници страници во календарот за некако да се сместат. И тогаш тешко ќе може да се одреди кој ден е поголем и позначаен од другиот.

Но 8 Септември е посебен, возвишен и светол ден.

Денес добро знаеме дека мрачните сили и западните империјалисти правеа сè, па и триста чуда, за да ја истребат Македонија и да го избришат дури и нејзиното име.

Ја парчеа и ја делеа македонската земја, создаваа нови држави, измислуваа кралства и царства врз светата земја благословена од Бога, а потоа славеа голема победа.

Со лажни истории и измислени докази запливаа во сопствениот лавиринт од лаги и мизерија. Но колку повеќе навлегуваа во него, толку појасно се гледаше дека тонат и дека еден ден ќе се удават во сопствените невистини.

Ни го забрануваа името, нè преименуваа во Вардарска Бановина, потоа нè означуваа како ФИРОМ, а на крајот ни го наметнаа и префиксот „Северна“. Но сè им беше залудно – Македонија остана Македонија во срцата на Македонците.

На 8 Септември Македонија воскресна којзнае по кој пат. Но овој пат воскресна со Сонцето од Кутлеш како свое знаме и со своето исконско име – Македонија.

Тоа е преголем историски настан. Сето време, сите милијарди и трилиони долари и сето злато вложени против Македонија беа поразени на кантарот на историјата од еден навидум обичен ден, кој за Македонија стана величествен, горд и светол – 8 Септември 1991 година.

Сега сите негатори и вампири што со векови ја цицаа македонската крв можат само немоќно да гледаат. Историјата и реалноста одат во наша полза, а на нивна штета.

Македонија и Македонците се пиреј – колку и да ги газат, повторно никнуваат. Тие се како подземна жива вода: можеш привремено да го запреш нејзиниот тек, но таа повторно ќе го пронајде патот кон светлината.

Денот е наш и е навистина голем. Сите денови во календарот се премалку за да се опишат македонската голгота и македонската слава.

Нека ни биде вечен 8 Септември! Нека биде ден на сите Македонци и вечен спомен за оние што ја пролеаја својата крв за нашата Македонија, верувајќи дека нивната жртва и нивните животи нема да бидат залудни.

Нека е честит 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија!

Нека е вечна Македонија!

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top