Среда, 17 Јануари 2024    PDF Печати Е-пошта
Обичаи за Водици во Зубовце под Шара
1vodi9 1

Со оваа песна се буди Зубовце и Зубовчани на ден Водици.

Во Јордање крештајусја Тебја Господи,

 

Троическое јависја Поклонение.

 

Родителе со глас Свидетелство ваше тебје,

 

Возљубљенога тја сина Именуја.

 

И дух видје голубиње

 

Известуваше словесе Утврждение.

 

Јављенсја Христе Боже

 

И мир просвеиште Слава тебја...

 

Традиција создавана со генерации и прифатена од генерации.

Овој ден е познат во с.Зубовце како ден кога се прима крстот.

Кумството и Водичарските обичаи во Зубовце започнуваат со сучење на врвки во куќа што го има крстот- стари кумови, инаку врвката се суче на Василица.Во овој обред учествуваат сите жени и девојки од маалото на крстот.Со сучената врвка се врзува крстот, со толку китчиња босилек колку што има куќи во маалото.

На 18 јануари Водопост, кумот што го предава и кумот што го наследува крстот, котлето со крстот и босилекот со врвките кои претходно се сучени го носат во црквата Света Марија. Таму се осветуват сите 10 крста и со осветените крстови, најнапред одат во куќите што го даваат и земаат крстот, потоа во останатите куќи во кругот на нивниот крст.

По традиција во секоја куќа најпрвин кумовите се послужуваат со топла зубовска ракија, а потоа и со веќе познатото јадење за водици: Посен грав, туршија, тазе месена погача од куќата, ореви, јаболка, црвено вино и на крај кафе.

Кумовите со осветената вода од котлето ги рисаат (прскаат) членовите на семејството и собите со една цел-да биде куќата среќна и весела, годината родна, и им посакуваат долг живот.

Истиот ден после пладне жените се собираат во селската црква, каде што новите и старите кумови даруваат варена пченица, лепчиња и греана ракија.

19 јануари... Водици... ден кој сите го чекаат со возбуда... ден кој стариот кум го носи котлето заедно со крстот во црквата Света Марија. Крстовите се одврзуваат од страна на свештено лице и се предаваат на новите кумови.

Новите кумови излегуваат од црква со крстот завиен во пешкир и ставен врз глава, првите неколку чекори од влезот на црквата кои ќе ги зачекорат ги двои од полевањето со околу 100 литри студена вода на еден кум, од страна на група млади зубовчани. Така покиснати со вода до кожа, новите кумови ги носат крстовите во својата куќа. Доаѓањето на крстот дома се пречекува свечено и многу радосно. Сите членови на семејството го бакнуваат крстот.

Крстот кај новиот кум останува дома се` до идните водици.

Подоцна, сите жители од маалото се собираат на одредено место во маалото, да го прослават кумството.

На отворено небо се поставува маса каде што стариот и новиот кум организираат заедничко славење со зубовски колбаси, топла ракила, пивтија, сирење, кашкавал, туршија, обичај на вакво организирање прослава на маалското кумство единствен е во целиот регион.

Вечерта на Водици старите кумови ја организираат таканаречената Зубовска „Кума вечера“.

На „Кума вечера“ (кумова вечера) присуствуват само оние кои што се во кругот на крстот. „Кума вечера“ секогаш поминувала и поминува во топла, ведра и срдечна атмосфера.

Времето не е ограничено до кога треба да се остане, се останува дури и до утринските часови…

Витко Огњаноски, с. Зубовце

 

На прво место

News image

ДУИ стана бренд на криминалот

Ковачки: ДУИ стана бренд на криминалот, криминална структура која не му мисли добро на сопствени...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.