Среда, 17 Август 2022    PDF Печати Е-пошта
ДЕЛОТО РАСКАЗИ „ЈАНА“ НА ЃОРЃИ ЛАЗАРЕВСКИ – СВЕДОШТВО ЗА МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА

1jan2

Делото раскази „Јана“ на познатиот  публицист, раскажувач, писател, голем вљубеник во својата родна Пелагонија, во етничка Македонија и македонскиот народ, Ѓорѓи Лазаревски, „Учителот“, кој 8 години работеше како просветител за дополнителна настава по македонски јазик во Синделфингерн – Германија. Таму тој ги просветуваше и им всадуваше љубов кон македонскиот јазик, кон Македонија на младите македонски генерации и претставуваше мост меѓу двете татковини –Германија и Македонија за сите Македонци. Издавач на делото се „Пелагонски културно-научни средби – Новаци“ и е отпечатена на 230 страници во 2022 година.

Расказите на Ѓорѓи Лазаревски се сведоштво за неговиот живот и неговиот став кон животот кој е позитивен, ведар и инспиративен. Тој има реалистичен стил на пишување и мислата до народните кажувања им дава на расказите искрен, пријатен и смирувачки тон полн со топлина кон раскажувањето и кон читателите. Притоа, авторот со својот стил на пишување е близок до народното раскажување и до основните доблести што ги поседуваат македонските учители и секој Македонец во образованието, а тоа е несебично себедавање на учениците и потврда на своето почитувано занимање - учител.

Публикацијата „Јана“ е една од неговите дела кои сведочат за тоа колкава е неговата поврзаност со родната татковина Македонија, со неговата Пелагонија, од која  живее инспиративно, црпејќи различни теми во своето творештво. Резултатот од тоа е што писателот Ѓорѓи Лазаревски.има објавено 18 дела со различна тематика, а особено со објавувањето на ова дело, тој се вброи во најпродуктивните автори со објавени книги со проза од Битолскиот крај, од Пелагонија.

Делото „Јана“ содржи два дела: Првиот е насловен како „Војната, мамо војната“, а вториот дел „Низ трње до ѕвездите“. Првиот дел „Војната, мамо војната“, ги содрши расказите:„Јана“, „Покрстување“, „Бегалски судбини“ и „Војната, мамо војната“. Вториот дел „Низ трње до ѕвездите“, пак, ги содржи расказите „Ковид прозорец“, „Цвеќе неоросено, непомирисано“, „Верен слуга на својот господар“, „Мурте“,  „Азилант“, „Геле и Цале“, „Рамона“, „Младинска работна акција“ и  „Седенки“.

Публицистичкиот опус на Ѓорѓи Лазаревски е богат и разновиден. Меѓу бројните дела ќе ги споменеме  делата: „Зведени патеки“ (Auf dem Pfad der Sterne) (1993), зборник на песни од учителите во Германија; „Монографија 50 години на ОУ „Гоце Делчев“- Битола (1994); Монографија 55 години на ОУ „Стив Наумов“ – Битола (1999);  Монографија за Македонската православна црковна општина „Св. Кирил и Методиј“ – Штутгарт (2003); Монографија Кравари (2006); Дедо Кољо Добровенски, мариовско-лерински војвода (2012); романот Коста Моштенецеот (2015),  „Плачот на кларинетот“ (2021) и други.

За својата педагошка улога во образованието на Република Македонија, Ѓорѓи Лазаревски го добил звањето „Истакнат педагошки работник“ од Републичкиот педагошки совет во 1986 година, наградата „Кирил и Методиј“ од СИЗ за образование, Битола (1990), „Повелба за животно дело“ од „Пелагониските културно-научни средби“, Новаци во 2013 година и наградата „4-ти Ноември“, Општина Битола (2019).

Расказите на Ѓорѓи Лазаревски содржат згоди и симпатични незгоди од младоста на раскажувачот кога учителствувал и забележани случки во неговиот ран, чист и искрен учителски период на лудите млади и возрасни години. Исто така, тие содржат многубројни запаметени, раскажани и нераскажани настани што се случиле и авторот ги запишал во неговиот бележник. Приказните од полето, кои се  длабоко почувствувани од авторот носат со себе ширина на бескрајното мирис на косеното сено и штотуку ожнеаното жито во топлиот летен период, во неговиот Пелагониски крај

Затоа и во Воведот на делото „Јана“ се вели дека откако ќе поминете низ селото Гермијан и го префрлите ридот на источната страна, патот се спушта кон селото Бач. Од десна страна на патот е Рудината, а лево Шупурот. Потоа пред вас се отвора убаво рамно поле кое се простира од двете страни на патот што води кон селото Скочивир и планинскиот врв Кајмакчалан. Тоа е рамнината викана Горно Јамиште, десно од патот и Долно Јамиште, лево од патот.

Низ рамнината Јамиште порано врвеше железничката пруга од село Кременица до село Живојно по која се пренесуваше јагленот од рудникот во село Живојно и се носеше во Битола за Термоцентралата која произведуваше струја и го снабдуваше градот со електрична енергија.

Во Бач се наоѓа и прекрасниот Кралски дворец кој бил изграден по завршувањето на Првата светска војна. Тој објект си имаше своја убавина и функционалност според намената за која бил граден. Многу години во тие простории учеа учениците пред изградбата на новото училиште. Денес, тој е целосно разурнат, а останале само разурнати голи ѕидови.

Инаку, Ѓорѓи Лазаревски или „Учителот“, како често го нарекуваат своите блиски пријатели, е роден во 1939 година во селото Бач, Битолско, а има завршено Филозофски факултет, отсек Педагогија, на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Почитуваниот Ѓорѓи Лазаревски целиот свој работен век го мина во подигање македонски генерации, особено во битолскиот крај, почнувајќи од училиштето „Мирче Ацев“во својот роден крај, селото Бач, каде бил и учител и директор, до воспитувач во ОУ „Коле Канински“ и педагог  во ОУ „Гоце Делчев“ во Битола.

Во период од осум години (1987-1995) Ѓорѓи Лазаревски беше наставник по македонски јазик и култура во Синделфингерн, Сојузна Република Германија, испратен од Минитерството за образование на Република  Македонија, каде го постигна својот врв како педагог, патриот и почитувач на македонските иселеници, на македонскиот јазик и на етничка Македонија. Од 1995  до  2002 година учителот Лазаревски беше вработен во ОУ „Стив Наумов“ во Битола, од каде замина во пензија.

Ѓорѓи Лазаревски е еден од основачите и претседател на „Пелагонските културно-научни средби – Новаци“, .манифестација која е формирана во 2000 година во Општината Новаци. Носители на активноста на оваа манифестација се познати писатели и научни творци кои со својот личен труд дале и даваат особен придонес за опстој на истите. Овие средби се од големо значење за Општината Новаци, за Битолскиот крај и во целост за зачувување на културно-научното наследство во Македонија. Се одржуваат секоја година, вообичаено во првата половина на месец октомври.

Во овие 21 година опстојување на  „Пелагониските културно-научни средби“, меѓу другите, треба да се нагласи  безпрекорнара посветеност на претседателите:  д-р  Цане Здравковски, Благоја Таневски, Ѓорѓи Лазаревски и актуелниот претседател  д-р  Весна Калпаковска

Во публикацијата „Јана“ може да се види дека од секогаш во животот Пелагонија на учителот Ѓорѓи Лазаревски му била и копнеж и носталгија и желба па се’ до инспирација. Затоа делото раскази „Јана“ го препорачуваме на сите читатели и вљубеници во пишаниот збор од сите генерации, бидејќи ова дело е сведоштво за македонската вистина..


Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

ОМД со конкретни предлози и договор со Претседателката Гордана Силјановска Давкова

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со гордост изве...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.