Среда, 16 Ноември 2022    PDF Печати Е-пошта
ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН ЗАСТАПЕН НА ИЗЛОЖБАТА НА ИЗДАДЕНИ КНИГИ ОД ЧЛЕНОВИ НА МНД-БИТОЛА

345123

По повод одбележувањето на 10 ноември - Светскиот ден на науката, Македонското научно друштво од Битола на чело со претседателката д-р Невена Груевска ја организираше „Изложбата на издадени книги од членови на МНД-Битола“. Изложбата се одржа во просториите на библиотека „Свети Климент Охридски“, каде и се наоѓа Македонското научно друштво од Битола, а беше посетена од голем број членови и ѓраѓани на градот на конзулите - Битола

Меѓу другите членови на Изложбата беше застапен и Душан Ристевски-Македон, председателот на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија. Неговите дела „Творештвото на Славе Катин I и II издание“, „Каменот од Роби“, „Ченто“ и „„Преполнета чаша“ беа претставени на Изложбата на издадени книги од членови на МНД-Битола.

Инаку, Македонското научно друштво од Битола е најстаро македонско научно друштво кое по карактерот на дејноста е единствена научна асоцијација на интелектуалци во градот на конзулите и убавината – Битола. Друштвото е формирано на 25 април 1960 година во просториите на Државниот архив - Битола како Научно друштво, кое име го носело сѐ до 1968 година. Од 1960 па сѐ до 2002 година го носело името Друштво за наука и уметност - Битола, а тогаш било преименувано  во Македонско научно друштво - Битола. Во период од 62 години Друштвото како организација се занимава со научни прашања од различни области, а има статус на невладино, непартиско и непрофитно здружение на македонски граѓани.

За  Друштво кое оваа година слави 62 години од својата успешна работа на полето на науката, културата и уметноста, од формирањето до денес имаат голем придонес плеада раководни личности, научници, интелектуалци и друг персонал кои со своите активности волонтерски ангажмани и ентузијазам придонесоја оваа асоцијација да биде на пиедесталот во сверата на својата дејност. Исто така, голем придонес имаат и членовите на  Одделението за општествени науки; Одделението за правни науки; Одделението за природни науки; Одделенитое за применети науки и медицина; Одделението за технички науки; Одделението за уметност; Одделението за лингвистика и литература и Одделението за историско-географски науки.

Македонското научно друштво - Битола е сместено во зградата на Градската народна библиотека „Свети Климент Охридски“ во Битола.  Во него членуваат 254 членови, а има 8 одделенија и е отворена научна асоцијација не само за научната фела од Македонија, туку и за Македонците во иселеништво, особено од Австралија и претставува поттик и патоказ за македонските научни, литературни, театарски и други асоцијации насекаде во светот.

Македонското научно друштво – Битола се занимава и со издавачка дејност. Во неговата публицистичка дејност се отпечатени поголем број научни и други трудови. Меѓутоа, за одбележување е монографијата за Друштвото која е отпечатена во пресрет на големиот јубилеј 60 години, чиј автор е професор д-р Марјан Танушевски, поранешен претседател на Друштвото, а рецензенти на јубилејната публикација се професор д-р Игор Неделковски и професор д-р Борис Ангелков, поранешни претседатели на Друштвото. Ова значајно публицистичко дело претставува прилог и голем придонес на севкупната научните дејност на Македонското научно друштво – Битола и на Македонија.

СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

ОМД со конкретни предлози и договор со Претседателката Гордана Силјановска Давкова

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со гордост изве...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.