Среда, 21 Декември 2022    PDF Печати Е-пошта
Македонски лечебник од 19 век

1kiru3456789

Заразни и кожни болести

М а ј а с и л

От мајасил женски, од прасково лисје и калфр и за аспра кана да купи со вода во малку мет да измешаш, да пие и да стулчиш сосе да избркаш со заи(ин) да маже и шише на раната.

От мајасил ока пресно млеко офчо и сурово грозје 20 зрна лут бел лук и вари и пи и ручај.

Од суф маасил 40 стафиди и модар камен тури у зер и дај му да руча от мајасил најди ко шарен трн и цер и гроизе дај му, от маасил пресно млеко офчо 1 ока и стафиди и 2 чесен лук да се варет да пиет многу.

От мајасол женски от праскови лисје канфур за аспра, кана да кипе со воду малку мед да измешеш и пи и сипи на раната ке помини.

От мајасол што течи крв чугурица и каранфил истучи, изгори па ке поминит.

Л и ш а и

От лишај бел темјан и кромит и кибрит згреј ги со оцет – жешко мажи лишај.

З л и  с т р у п и

Ко има зли струпи копитјак зелен земај масло уедно, руку приложи мало душа во раци и процеди и дај да пиет.

Од зла струпа говежда жуч и млеко смешај со мед и мажи калкан, истрлај, измешај скаросмо пи прет сунце. Кому е едно чрево свари копрец с вино старо, наложи сос воду ту и оми чрево.

К р а с т а

Од краста секаква, бршланово лисје и бадемово масло и сол и вино пржи, лана у аван и солта с вода наедно мажи и мешај.

Аште на человека многу буди краста от штавел корен колку узмеш штавлак – толку сало неслано, вари у вода – помазуј крастата.

От шуга од штавлак корен со кисело млеко да го вариш, та да се мажиш да оздравиш.

Од шуга вари со омаиан(?) и мажи.

От шуга земај од топола коренето, смешај со расолна вода солена, вари со оцет (?) вари с водата та мажи.

В о ш к и,  б о л в и,  д р в е н и ц и

От вошки и гниди офчи желат бркај у вино и мажи главата и во тело и кози рог изгори, избркај у зејтин и мажи.

От стеници отвари цвекло с воду и кромпир и жули со водата додека не се испорибнут (веројатно изгубат).

От вошки лисје бршленови и сипур сотри та мажи.

От вошлива глава от офци жолч и сипур сотри ситно, измешај со вино и мажи глава.

Ц р в е н  в е т а р

От ветар вари пиперки и доливај 3(х) прецеди вода, но без да му го истолчи го и тураи у водата и напари се на бана и оми се...

арна ракиа помази она твар 3 или 4 поти.

От ветар захар итирак исто да вари от црна коска со вино да пие.

От ветар по бедру земи афион пол драм и зејтин тури у сахан калаисан да се стопи, седни при оган – намнажи харно...

уви со чисто платно и легни от вечер.

Црвен ветар – каурна со ракија и измашеј та мажи...

и афион да пиеш во едно шише та мажи.

Црвен ветар кога рана немат помажи со мет ... и црвен пипер или нови ... свари и ложи сркиа на ...

Од книгата „Македонски лечебник од 19 век“, приредил Драги Стефанија, Скопје 1985.

(Подготви Марко Китевски)

 

На прво место

News image

ОМД со конкретни предлози и договор со Претседателката Гордана Силјановска Давкова

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со гордост изве...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.