Среда, 21 Декември 2022    PDF Печати Е-пошта
„Просветното дело во Федерална Македонија - Веронауката беше воведена како факултативен предмет“ (1)

1mkd1

„Просветното дело во Федерална Македонија - Веронауката беше воведена како факултативен предмет“ (1)

„На почетокот на септември 1944 година, Президиумот на АСНОМ, на предлог на Повереникот за народна просвета, донесе решение за седумгодишно основно образование. Веронауката беше воведена како факултативен предмет. Набрзо од поверенството беше озработена и испратена до одборите кратка програма со првата македонска азбука од 26 букви. Заедно со отворањето на училиштата никнаа и анафалбетски курсеви.“ –  пишува Епаминонда Попандонов, во својата статија „Просветното дело во Федерална Македонија. (2. ПРОСВЕТНОТО ДЕЛО ВО ФЕДЕРАЛНА МАКЕДОНИЯ, Македонска мисъл, кн. 5-6, год. 1, 1946)

 Епаминонда Попандонов (1898 - 1968) е македонски деец и револуционер, делегат на АСНОМ и прв повереник за народна просвета во ДФМ. Бил член на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ, делегат на АВНОЈ и на АСНОМ и секретар и член на Президиумот на АСНОМ. предлага да се издаде македонски буквар, да се отворат гимназии и учителски школи и да се проучи прашањето за отворање универзитет во Македонија. Формира Комисија за „унификација на македонскиот јазик“. Бил член на Уставотворното собрание за донесување на Уставот на НРМ (1946).

Со еден народ лесно се владее ако тој е неписмен и сиромашен, Свесни за тоа македонското раководство уште кон крајот на Втората светска војна започна со процесот за масовно описменување на наслението во Македонија. За тоа како се одвивал овој процес, пишува тогашниот прв повереник за народна просвета во ДФМ Епаминонда Попандонов. кој во својата статија „Просветното дело во Федерална Македонија“ објавена  во органот на Македонскиот научен институт во Софија во 1946 година меѓудругото ќе истакне:

Македонскиот народ во долгите и тешки години на своето ропство беше политички обесправен и национално обесправен. Не му беше признаен неговиот национален идентитет, правото да располага сам со себе, сам да си ја уредова својата куќа. Ниту еден лист не е објавен, ниту една книга не е испечатена на македонски јазик, ниту едно училиште не постоело во кое обуката се изведувала на мајчин јазик. Затоа што Македонците биле ту „Бугари“, ту „Срби“ (Јужнпсрбијанци), ту „Грци“. А македонската интелигенција морала да и служи на каузата на великобугарската, великосрпската или великогрчката империјалистичка клика. Затоа, просветената политика од тие реакционерни клики се фокусираше да создаде таква интелигенција која ќе биде инструмент во нивните раце, за народните маси полесно да бидат изложени и експлоатирани. За нивниот успех да биде уште поголем, народните маси требаше да потонат во незнаење, да не гледаат подалеку од сопствениот нос. Оттука и големата неписменост на нашиот народ (околу 75%).

До денес, реакционерните елементи, воопшто ненаучени од минатото, ни го одрекуваат правото на самостоен народ способен сам да се управува и да гради своја национална култура. Тешко им е да се помират со мислата дека ја изгубиле богатата пљачка, смислата на нивните империјалистички аспирации.

Но, македонскиот народ, кој се бореше со оружје во рака, заедно со другите југословенски народи, ја освојува својата слобода - рамо до рамо, во братска љубов со тие народи - градејќи ја својата иднина над жестоката  пустош што го оставија окупаторите.

Почнавме од алфа: без азбука, без буквар, без учебници, готово без литература. Почнавме со уништени или оштетени училишта, со незадоволен наставен или образовен кадар. И ете, надминавме многу тешкотии. Народот, свесен дека судбината е во негови раце, на оваа иницијатива сам си ги поправаше училиштата.Тие се во ред ... и подготвени за работа. Народот ги отвори уште пред да биде целосно ослободена неговата татковина, уште кога беа  создадени слободни територии со народноослободителни одбори.

На почетокот на септември 1944 година, Президиумот на АСНОМ, на предлог на Повереникот за народна просвета, донесе решение за седумгодишно основно образование. Веронауката беше воведена како факултативен предмет. Набрзо од поверенството беше озработена и испратена до одборите кратка програма со првата македонска азбука од 26 букви. Заедно со отворањето на училиштата никнаа и анафалбетски курсеви.

Но, со брзото ослободување на македонската земја, тешкотиите се зголемија поради недостиг на учителски кадар. Затоа беа поканети ученици од шести клас па нагоре, студенти и граѓани со исто образование да се вклучат во учителските редови. За нив беа организирани кратки едномесечни курсеви и брзо беа испратени да ги оживеат напуштените училишта. Вакви курсеви беа отворени без малку, во сите околиски центри. Само Скопје имаше околу 180, а Битола околу 120 ученици.

Се отворија десет полни гимназии: Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Струмица, Штип, Кавадарци, Велес, Куманово и Тетово, со 4.060 ученици и 148 учители. Покрај тоа, отворени се: средно музичко училиште, уметничко училиште, училиште за народни учители, техничко училиште и други.

На крајот на учебната 1944/45 година во основните училишта имало околу 92.000 ученици со околу 2.000 учители.

Албанското и турското малцинство, кои за време на окупаторските фашистички режими, исто така, немаа право на самостоен културен и просветен живот, денес имаат свои училишта во кои сè се учи на нивниот мајчин јазик. Така, на крајот од минатата учебна година Албанците имаа 50, а Турците 31 основно училиште. И едните и другите имаат свој весник, Албанците - „Флака“, а Турците - „Бирлик“, органи на Народниот фронт.

Благодарение на народната власт, се одржаа курсеви за учители и за тие малцинства. И денес во албанските основни училишта предаваат 86, а во турските 58 учители. Бројот на овие училишта и наставници се повеќе се зголемува.

За да се елиминира големата неписменост кај нашиот народ, Министерството за народна просвета од една страна и Народноослободителниот фронт како сенародна политичка организација од друга страна, организираа анафалбетски курсеви (за неписмените). Вакви курсеви се одржуваа во училиштата, по разни претпријатија, работилници итн. На крајот од минатата учебна година имало 390 курсови со 12.394 ученици.“

(продолжува) 

1Tihomir Подготвил: Т.К

 

На прво место

News image

ОМД со конкретни предлози и договор со Претседателката Гордана Силјановска Давкова

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со гордост изве...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.