Среда, 15 Февруари 2023    PDF Печати Е-пошта
ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛОТО „70 ГОДИНИ БИБЛИОТЕКА „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ – ОХРИД

1prlice2

На 3 февруари, 2023 година со промоцијата на книгата „70 Години Библиотека „Григор Прличев“- Охрид“ од авторот Милчо Јованоски започнаа годинешните „Прличеви беседи“. Промотор на книгата беше новинарот и публицист Свето Стефаноски, а настанот се одржа во „Прличевата одаја“ 

Со низа свечености и културни манифестации Охрид ја одбележа 130-годишнината од смртта на великиот поет и преродбеник, Григор Прличев. Притоа, чествувањата по повод годишнината од упокојувањето на Прличев започна со промоцијата на книгата „70 години библиотека „Григор Прличев“-Охрид“ од авторот Милчо Јованоски. 

Во воведот на ова дело, меѓу другото, се вели: „Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ оваа 2022 година одбележува 70 година откако го носи името на големиот поет и преродбеник Григор Прличев.

Тоа беше убав повод, гордо следејќи ја традицијата на Св. Климент Охридски и нашиот Патрон Прличев како автор да се зафатам со монографско меморирање на еден долг период од цели 25 години и да се надоврзам на основата која несебично срочена во монографија под наслов: Охридската библиотека „Григор Прличев“ издадена во 1998 зад себе ја остави нашата покојна колешка Маринела Јовановиќ. 

Сега, оваа монографија едноставно ја нареков „70 години Библиотека „Григор Прличев“ - Охрид“. Тој континуум изнедрен векови наназад носи со себе датуми кои не смеат да бидат заборавени. Но и настани и луѓе кои оставиле и оставаат трага во живеењето на Библиотеката и на овој наш сакан, убав и мил Охрид, опеан во безброј песни.

Градската библиотека како што и денеска ја викаат нашите сограѓани е дел од крвотокот на Охрид. Таа е култно место за сите генерации. На нејзините полици „живеат“ илјадници дела, автори и животни вистини и имагинарни ликови кои чекаат некој да ги земе и да ги прочита. Книгата се чини ја надживеа и брзата технолошка ера. Мирисот на книгата не може да се замени со модерната технологија на која може и да се чита ама чувството не е и исто ко она кога ќе се влезе во храмот на книгата и уште повеќе кога со задоволство ќе читате и ќе ги прелистувате страниците“.

Промоторот на делото „70 Години Библиотека „Григор Прличев“- Охрид“Свето Стефановски, познат новинар и публицист, пак, рече дека книгата претставува златен трезор на охридската Библиотека. Притоа, да се одбележат 70 години траење, издигнување и работа во континуитет на една библиотека е јубилеј кој заслужува висок респект, почит и внимание. Во работата на оваа библиотека што го носи името на големиот преродбеник и деец Григор Прличев, вграден е труд, ентузијазам и знање на стотици личности,почнувајќи од Ангел Групче кој својот дуќан го претворил во центар на народна писменост уште во 1830 година, па до денешни дни

Авторот на делото Милчо Јованоски, познат новимар и публицист е директорот на Библиотеката. Тој се зафатил со ни мала и уште помалу лесна задача да ги собере и обработи сите периоди од првите почетоци на библиотеката во Охрид до денес.

Тој, меѓу другото, рече дека „Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ минатата 2022 година одбележа 70 година откако го носи името на големиот поет и преродбеник Григор Прличев. Тоа беше убав повод, како автор да се зафатам со монографско меморирање на еден долг период од цели 25 години и да се надоврзам на основата која несебично срочена во монографија под наслов: Охридската библиотека „Григор Прличев“ издадена во 1998 зад себе ја остави нашата покојна колешка Маринела Јовановиќ“.

Инаку, празнувањата во рамки на манифестацијата „Прличеви беседи“ продолжи со изложба на ликовни дела од колекцијата на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“, по што следуваше централната свеченост посветена на годинешниот лауреат на наградата за најдобра поема што го носи Прличевото име. 

1prlice23

На свеченоста посветена на најдобриот поет за 2022 година се прочита наградената поема „Коњски житија“ на лауреатот Зоран Анчески. Потоа, чествувањата за Прличев продолжи со положување цвеќе пред споменикот на Григор Прличев и панихида на неговиот гроб во непосредна близина на црквата Света Богородица – Перивлепта.

Истотака, во чест на големиот охридски поет се одржа доделување награди од конкурсот за основците од училиштето што го носи неговото име, како и традиционалната средба насловена „Прличева визита“ во родната куќа на Прличев.

Во рамки на чествувањата на охридската библиотека, пак, беа предадени примероци на „Автобиографијата“ на Прличев отпечатени во Брајово писмо за луѓето со пречки во видот.

По повод годишнината од упокојувањето на охридскиот преродбеник се одржа уште и „Беседа за Прличев“ во неговата куќа, со обраќање на д-р Александра Ѓуркова и д-р Кристина Николовска, претседателката на Собранието на Друштвото на писатели на Македонија. Притоа беа прогласени и најдобрата беседа за 2023 година на тема „Прличев и ние“, а ќе биде промовиран и аудио-записот, есејот: „Душевните очи на Григор Прличев“ од академик Анте Поповски.

Манифестациите по повод јубилејот беа заокружени со традиционалната свечена приредба на основното училиште во Охрид што го носи името на патронот Григор Прличев.

Манифестацијата „Прличеви беседи“ беше во организација на Општина Охрид, НУ Центар за култура „Григор Прличев“, НУБ „Григор Прличев“, ООУ „Григор Прличев“ и Друштвото на писатели на Македонија.

Продолжува

1sla2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

ОМД со конкретни предлози и договор со Претседателката Гордана Силјановска Давкова

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со гордост изве...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.