Среда, 22 Февруари 2023    PDF Печати Е-пошта
КИРИЛОМЕТОДИЕВСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА (6)

1harm0901236

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТАВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Најраната дејност на светите Кирил и Методиј во Македонија би требало да се бара во времето пред изведувањето на Моравската мисија. Во славистиката е познато дека Методиј управувал во една словенска област. Меѓу убедливите докажувања каде се наоѓала таа област, мошне показателни се и укажувањата за неговото дејствување во Македонија, лри што посебно се подвлекува Струмичката област, како и Брегалничкиот регион.

Во врска со оваа дејност на младиот и снажен Методиј се споменува посебно неговиот труп „3акон суднци модем”составен насловенски (старомакедонски) јазик. Во славистиката мошне убедливи документи во прилог на ваквото тврдење изнесе С. Троицки, истакнувајќи ја македонската теорија како место каде што настанало ова дело, составено со грчки алфавит, наспроти панонската и бугарската теорија.

Во развојннот период на славистичката наука, особено во периодот на активноста на Копитар и Миклошич, била афирмирана панонската теорија, којашто главно се базирала врз основа на бројните моравизми и панонизми што се среќавале во најстарите словенски ракописм. Со истражувањата на В. Јагиќ, и потоа на В. Облак убедливо предимство и’ било дадено на македонската теорија, според која во основата на старословенскиот јазик, издигнат од браќата св. Кирил и Методиј на ниво на литературен јазик, влегол говорот на македонските Словени од околината на Солун. Во селата Сухо, Зарова и Висока биле пронајдени остатоци од назалниот изговор на носовките, како и многу други старм црти, карактеристични за споменатиот старомакедонски јазик. Со ваква македонска основа, старословенскиот јазик ја одиграл она спонтана обединувачка улога меѓу Словените, кои во тој стадиум од развитокот, речиси подеднакво го разбирале тој јазик.

На овој јазик биле преведени од грчки јазик најнужните црковни дела неопходни за изведување на Моравската мисија. Од 863 година отпочнало активното одвивање на Моравската мисија, кога преведувачката работа на браќата Солунчани продолжила, исто така интензивно. Со проширувањето на првите словенски преводи и со афирмацијата на писмениот словенски јазик доаѓало и до интензивирање на македонските дијалекти, вткаени во општата основа на литературниот јазик.

Во 885 година, со смртта на Методиј, беше означен крајот на Моравската мисија. Непријателите на словенската култура и самостојност мошне сурово и нечовечки започнале да се однесуваат кон учениците на Кирил и Методиј, грижливо и систематски подучувани со години, првин од двајцата браќа, а потоа само од Методиј, кој по смртта на Кирил во 869 година самиот го понел тешкиот  товар на мисијата. Својот наследник, учениот Моравец Горазд Методиј го избрал за време на животот.

Тој, како исите кирилометодиеви ученици бил измачуван и протеран од Моравија и Панонија. Едни од нив, можеби највредните, Климент и Наум Охридски со група други учениии преку Белград стигнале во Бугарија, каде што кнезот Борис пријатно ги дочекал, бидејќи бил заинтересиран за словенски просветители и афирматори на словенскиот (старомакедонскиот) јазик.

Меѓутоа, многу бргу, речиси се’ уште неодморен од страдањата и патот, Климент заминал да учитествува во Кутмичевица, со средиштата: Девол, Главеница и Охрид. Во последниов центар Климент ќе ја формира познатата средновековна школа, т.н. Охридска книжевна школа или прв Словенски уни-верзитет. Во овој важен центар ќе се пренесе целата кирилометодиевска традиција, зашто Климент и Наум Охридски, целата наука што им ја пренеле браќата, ќе ја втемелат во овој центар, од каде шго се издигнале нови 3. 500 ученици, кои во разни делови од Македонија ја продолжиле кириломе-тодиевската традиција, којашто се огледувала низ повеќе развојни тенденции.

Во Охридската книжевна школа долго време продолжила глаголската традиција. Низ целиот X и XI век преовладувале глаголски словенски ракописи, а се јавувало и паралелно присуство на кирилските текстови. Јазикот на најстарите текстови е доста близок од кирилометодиевскиот и во однос на лексиката, како и според одредени граматички својства, глаголските ракописи покажуваат поголема старина, во однос на кирилските. Покрај тоа, тие откриваат одредени фази од развитокот на народниот јазик во Хвек: губење на еровите, нивна замена во силна позиција со О и Е, итн.

Зачуваните глаголски споменици од оваа школа влегде во старословенскиот канон. Меѓу нив посебно место зазема Асемановото евангелие, изборно евангелие пишувано со обла глаголица. Денес се чува во Ватиканската библиотека. Интересно е прашањето во врска со неговото датирање, кое се движи во распон од X до крајот на XI век.

1harm09012367

Добромирово евангелие, Асеманово евангелие

Постарата славистичка школа беше склона да го датира во XI век, додека најновите истражувања го поместуваат датирањето во X век. ова евангелие го содржи најстариот словенски глаголски синаксар. Во него се наоѓаат словенските (македонските) светители: Кирил и Методиј и Климент Охридски. Блнску до овој словенски споменик стои и Зографското глаголско евангелие.

Од кирилските споменици од овој центар кои стојат блиску до кирилометодиевската традицмја, спаѓаат: Охридскиот апостол, апракос од неполн текст на апостолски читања; Добромировото евангелие. мошне значајно македонско четвороевангелие препишувано во јужномакедонски центар каде што се чувствувало и влнјанието на грчкиот говор; Македонското кирилско ливче, класичен пример на старословенскиот канон и претставува дел од Методиевиот апилог (поговор) кон словенскиот превод на полниот

Нов завет (или на целата Библија); Евангелието на поп Јован, македонско мзборно евангелне, кое по-кажува доста сличности со Остромировото евангелие, Савината книга, Асемановото евангелие. Листовите на Ундолски, Добромировото евангелие; Болонскиот псалтир, всушност претставува толковен псалтир, пишуван во охридското село Рамне и се јавува како типичен претставник на ракописната традиција во Охрид од XIII век.

Во Охридската книжевна школа е вткаено целокупното дело на Климент Охридски, кој ја пренел и негувал глаголицата и успеал најдолго да ја одржи, за разлика од Преславската школат во која уште во почетокот на X век преовладува кирилицата. Климент Охридски е автор на многубројни книжевни состави, кои, главно, се поделени на поучителни и пофални слова, а се однесуваат на претставници и настани од христијанската религија, која Климент сакал да ја доближи до народот, по еден јасен и трасиран начин.

Откако во 893 годдина бил избран за велички епископ, неговата работа во Кутмичевица, особено во Охрид, ја продолжил Наум Охридски, за кого веќе се знае дека се јавува и како учител и како автор на химнографски творби. И двајцата ја негувале и употребувале глаголицата. Нивните творби биле проширувани преку бројните словенски преписи низ наредните векови кај сите Словени.

Постојат уверливи доказн дека кон Охридската школа припаѓа и делото на Црноризец Храбар, трактатот „О писменах”' кој ги изнесува мошне битните етапи од развитокот на словенската писменост, како и продолжителните полемики со тријазичниците, кои го оспорувале словенскиот напредок воопшто. Во науката преовладува мислењето дека Храбровата полемика првобитно била напишана со глаголска азбука. Се почести се искажувањата од современите слависти дека и Азбучната молитва од епископ Константин била напишана со глаголски букви.

Продолжува

1sla2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

ОМД со конкретни предлози и договор со Претседателката Гордана Силјановска Давкова

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со гордост изве...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.