|
||||
КОН МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ“ (13) |
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од Солун, од угледно и богато византиско семејство, татко Лав и мајка Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил на гората Олимп и се предал на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружил и Кирил (Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивните мисии ги извршиле со голем успех со цел да ги описмени словенските народи. Константин, кој е познат со своето монашко име Кирил, за разлика од Методиј не тргнал по стапките на својот татко Лав. Тој уште од детски и ученички години својот животен пат го насочил кон совладување на наставните предмети кои подоцна му овозможиле длабоко да навлезе во тајните на повеќе научни дисциплини и да се нареди до најучените луѓе на својат епоха. Лав и Марија му овозможиле на талентираниот Константин да се школува во солунските училишта во кои учеле само деца од богати семејства. Ви историските документи за свети Кирил и Методиј, меѓу другото, е запишано дека Ростислав, кнезот на Велика Моравија, испратил молба до византискиот император Михаил III овој да испрати, епископ и учител, кој ќе им објаснува на нивни јазик вистинската христијанска вера. Изборот паднал на светите браќа. Тие биле речиси подготвени и за оваа мисија, зашто голем број од светите книги веќе ги превеле на словенски јазик. Тие избрале достојни ученици и помошници и тргнале во Моравија. Таму биле пречекани со голема радост и со големи почести. Набргу потоа отвориле училиште, во кое ги подготвувале идните свештенослужители и учители за западните словенски народи. Тука наишле на голем отпор од германски свештеници: билњ обвинувани за ерес. Затоа, биле принудени да појдат во Рим и да го докажат своето правоверие. Во Рим биле примени со големи почасти од папата Адријан II. Тој ги одобрил словенските богослужбени книги и наредил да бидат поставени во олтарот на црквата „Санта Марија Маџоре“ и богослужби да се вршат на словенски јазик во три римски цркви. Кирил во Рим тешко се разболел и починал на 14 февруари 869 година. Методиј епохалното мисионерско дело меѓу западните Словени го продолжува сам со помош на своите ученици, кои во Рим биле ракоположени во свештенички чин. Непријателството од германските свештеници не престанувало. Истоштен од напори и измачувања, Свети Методиј почина во Нитра, 885 година. Неговите ученици биле подложени на измачувања и прогони. Некои од нив распродадени како робови. Делото на светите браќа по смртта на Свети Методиј паднало во голема криза, но благодарение на нивните најдаровити ученици - свети Климент и свети Наум, охридските светители и чудотворци, учители и просветители, ползувајќи се со својот мисионерски метод, што имал за цел да им ја објави божјата вистина на новите народи, почнувајќи ја нивната културна самобитност, останал жив образец за Светата Црква и за мисионерите на сите времиња. Светите браќа Кирил и Методиј успеале да станат апостоли на Словените. Тие сакале да му служат на доброто на сите словенски народи и на единството на Универзалната црква. За овие и вакви свои заслуги, во своето апостолско послание „egrigae virtulis“ папата Јован Павле II на 31 декември, 1980 година ги прогласил за ко-покровители на Европа, чиј покровител е свети Бенедикт, прогласен од папата Павле IV на 26 октомври, 1964 година. Во пресрет на 1969-та година, кога се навршуваа 1.100 години од смртта на сесловенскиот просветител свети Кирил Солунски се роди идејата на 24 мај секоја година во Рим со пригодна свеќченост од името на македонскиот народ да му се оддава должната почит на св. Кирил за неговото епохално дело. Во познатата базилика „Сан Клементе”, кадешто се наоѓа скромниот гроб на свети Кирил Солунски, започна да се одвива церемонија во присуство на амбасадорите на СФРЈ при Република Италија, односно при Светата столица, со членови на колективите на амбасадите, Југословенската културна делегација, делегацијата на Македонската православна црква, официјални претставници од редот на италијанските државни и верски органи, организации, институции и асоцијации, новинари идруги јавни и културни работници, пријатели на СФРЈ и на Македонија, од Југославија на работа во Рим, странски туристи и групи верници од Македонија што доаѓаат да присуствуваат или да земат учество (црковни хорови) на овој редок и значаен настан. Тоа е трајно запишано на македонски и на италијански јазик на бакарната спомен-плоча поставена 1970-та година, преку која веќе се чувствува превезот на патината на времето. Свечениот церемонијал отпочнува со чинодејствието што го изведува делегацијата на Македонската православна црква со асистенција на хорот на „Русикум” од Рим и на македонски црковен хор. По пригодната беседа на шефот на делегацијата на Македоиската православна црква, на гробот на свети Кирил започнаа да полагаат венци амбасадорите на СФРЈ при Република Италија и при Светата столица и Југословенската културна делегација, а букети свежо цвеќе полагаат многубројните почитувачи на споменот и делото на свети Кирил Солунски. Ватикан Се’ до 1978 година само СР Македонмја подготвуваше програма поврзана со чествувањето на св. Кирил. Потоа манифестацијата доби нов и поширок организациски карактер, под наслов „Југославија во чест на свети Кирил”. Се одвиваа разновидни и богати програми во Рим, а дел од програмите на манифестацијата се изведуваа и во Неапол, Л’Аквила и во областа Лацио (Терачино), а секогаш е договарано и за нови видови соработка во областа на културата и науката (Равена, Сицилија идр.). Од 1978 година наваму програмата и составот на Југословеиската културна делегација го определуваше Меѓурепубличкиот координационен одбор за меѓународна културно-просветна соработка (МКО). По одлука на ова тело, координацијата и организацијата на оваа заедничка културна манифестација и’ беше доверена на СРМакедонија, односно на Републичката комисија за културни врски со страиство, а денес на Министерството за култура. Така, денес, кога Македонија е самостојна и суверена држава, во манифестацијата редовно учествува делегација на Македонската православна црква, како и претставницм од областа на политиката, културата и науката. Секоја година се изведуваат разни активности, со свечен дел, односно посета и почит на моштите на св. Кирил во црквата „Сан Клменте”, културни приредби од разновиден карактер и средби и разговори на официјалната културна делегација со италијански и ватикански државни органи и културни институции и творци. Еден дел ол програмата за престојот во Рим и надвор од него, односно протоколарниот дел се покажа како многустрано полезен за двете сграни. Престојот во Рим, мотивиран, пред се’, од желбата да му се укаже достојна почит на са Кирил, се наметна како среќен повод и прилика за воспоставување на непосредни контакти на Република Македонија со соодветни претставници на Република Италија. Овие бројни средби дури и кога се од формална гледна точка, имаат протоколарен белег, тие имаат благотворно дејство за подоброто меѓусебно запозиавање и разбирање, што наполно се совпаѓа со заедничките интереси и желби - преку проширување на меѓусебната соработка - и натаму да се придонесува за продлабочување на меѓусебната доверба и пријателска соработка. Досегашниот историјат на манифестацијата покажа дека престојот и програмата на Македонска културна делегација и на делегацијата на Македонската православиа црква, (во која авторот на овие редови Славе Катин, како потпретседател на Комисијата за односи со верските заедници на Република Македонија, бил член на делегациите и пет пати на прием во Ватикан и кај папата Јован II), се одржува на мошне високо ниво, Започнаa и редовни средби и со поглавпрот на Католичката црква - папата Јован ПавлеII, а денес со папата Францис. Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН |