Среда, 17 Мај 2023    PDF Печати Е-пошта
КНИГА ПРОТИВ ГОЛЕМОБУГАРСКАТА ПРОПАГАНДА ОД АЛЕКСАНДАР ДОНСКИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК

1dons 

Неодамна во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј во соработка со Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип  на англиски јазик е објавена книгата под наслов „Историските разлики помеѓу Македонците и Бугарите“ од Александар Донски.

1kana334455

Книгата е објавена само во електронска форма и истата веќе е испратена на сите над 700 членови на Европскиот парламент, на сите амбасади во нашата држава и на други меѓународни институции и поединци, а поставена е и на бесплатно симнување на интернет. Во книгата авторот Александар Донски, преку релевантни цитати, главно од бугарски и странски извори,  на едноставен начин објаснува зошто Македонците никогаш не биле Бугари ниту во историјата, ниту денес. Ја искористивме оваа прилика за краток разговор со авторот:

Г-дине Донски врз основа на што докажувате дека Македонците никогаш не биле Бугари во историјата?

Македонците и Бугарите никогаш не биле „ист народ” затоа што нивната етногенеза била различна! Етногенезата на овие два народа детално е обработена и објаснета на едноставен начин. Имено, според бугарската официјална историографија денешната бугарска нација настанала како мешавина помеѓу: Тракијците, Словените (Антите) и турко-монголското племе Бугари, иако ова е под знак прашалник. Од друга страна, според македонската официјална историографија (но и според други докази, меѓу кои и фолклорните сегменти со античка содржина останати среде денешните Македонци, но и ДНК анализите) денешните Македонци во најголем дел се потомци на античките Македонци и (според нашата официјална историографија) на Словените. Ова автоматски значи дека Тракијците и турко-монголските Бугари отпаѓаат од етногенезата на Македонците, а античките Македонци отпаѓаат од етногенезата на Бугарите.

Но, зарем денешните Бугари не се Словени?

Тие самите велат дека не се. Во 1997 година го прогласија хан Аспарух (турко-монголски Бугарин и припадник на жолтата раса, чие име значело „Виорен коњ“ и кој немал никаква врска со Словените) за најзначајниот Бугарин на сите времиња. Тој човек никогаш во животот немал ниту стапнато во Македонија, а камо ли да биде наш „предок“. Всушност Бугарите го менувале своето „потекло“ во склад со дневната политика. Во триесеттите и четириесеттите години на 20 век (посебно откако Бугарија станала сојузник на Хитлер) таму постоела  масовна националистичка организација под името “Ратници за Напре­док на Блгарштината” (РНБ) во која членувале стотици илјади Бугари и во чиј статут пишувало дека Бугарите не се никакви “Сло­вени”, туку дека се ди­ректни потомци на Хуно-Татарите. И денес постојат бугар­ски и татарски историчари, кои тврдат дека Бугарите и Татарите се ист народ. По Втората светска војна кога Бугарија станала вазал на Русите, почнало да се форсира нивното „заедничко словенско потекло“.

Какви биле вистинските Бугари?

Според бугарските и странски историчари (но и според реконструкцијата на нивните черепи од гробните наоди)  вистинските етнички Бугари биле турко-монголско племе и  тие припаѓале на жолтата раса. Тие нико­гаш масовно не се  населиле во Македонија и никогаш масовно не се из­ме­шале со македонското население, па затоа Македонците и да сакаат не можат да бидат Бугари затоа што немаат бугарска крв во своите вени. Првиот признат бугарски хан Кубрат целиот свој живот си живеел во својата татковина Азија. Тој никогаш немал ниту стап­нато во Европа и веројатно никогаш во животот немал ниту слушнато за Македонија, а камо ли да биде  “првиот етнички предок” на денешните Македонци. Освен, не сите Бугари во 7 век дошле од Азија. Некои од нив си останале во својата азиска татковина и нивните потомци денес се Татарите во Русија. Затоа денешните татарски историчари со право тврдат дека се ист народ со Бугарите.

Но, зарем денешните Бугари не се припадници на белата раса?

Да, токму тоа е најголемиот апсурд во денешната бугарска историографија. Денешните Бугари припаѓаат на белата раса, а како свои први крвни предци признаваат луѓе од жолтата раса. Тоа е смешно. Тоа е исто како кога денес некој етнички Швеѓанец би ве убедувал дека неговите крвни предци се припадници на Банту црнците од Африка (со целата почит кон сите народи и раси). Вака испаѓа дека постојат два вида Бугари – едните припадници на белата раса, а другите припадници на жолтата раса. Фали уште бугарската пропаганда да измисли и Бугари црнци, па да биде комплетен бугарскиот етнички спектар! Но, шегата настрана. Денешните жители на Бугарија во најголем процент се потомци на еден од најславните антички народи Тракијците. Впрочем тоа го докажа и ДНК анализата во швајцарскиот институт Игенеа според која дури околу неверојатни 50% крв и гени кај повеќето денешни жители на Бугарија е од славните Тракијци. Значи денешните Бугари етно-генетски во најголем дел се потомци на Тракијците и на Словените, но во одреден временски период (главно под диктат на Русија) им бил наметнат туѓиот турко-монголски етноним „Бугари“, иако своевремено токму тие Бугари откако доле од Азија, правеле вистински масакри врз Словените и Тракијците. Познат е масакрот врз Тракијците од Сердика (денешна Софија) што го извршиле Бугарите кога убиле неколку илјади Тракијци, иако тие мирно им се предале. Навистина е бизарно кога потомците на преживеаните Тракијци од тој масакр, денес се декларираат  како „Бугари“, т.е. со етничкото име на оние кои своевремено ги масакрирале нивните сонародници. Но, се е можно. Можеби еден ден некој во Бугарија ќе рече: Доста лаги дека ни сме Бугари. Си го бараме назад нашето вистинско тракиско етничко име и славно тракиско потекло!

Каква е тогаш заедничката средновековна историја помеѓу Македонците и Бугарите?

          Постојат многубројни документи за бугарските средновековни пусто­шења на Македонија, кои овде се преземени исклучиво од бугарски книги. Бугарите им биле воени сојузници на Османлиите во вре­мето кога тие ја окупирале Македонија, непосредно по битката на Мари­ца. Што се однесува до бугарските детерминирања за Самуиловото царство, тие не се никаков доказ за етничкото потекло на Македонците затоа што тоа била мулти-етничка држава која опфаќала неколку народи на Балканот, па тешка глупост е да се тврди дека сите тие биле „етнички Бугари“.

          Што е со декларирањето на поедини Македонци како „Бугари“?

Тоа во најголем дел било одраз на неинформираноста и на бугарската пропаганда, која посебно била засилена со создавањето на Бугарската егзархија. Во тоа време на Македонците не им било дозволено да создадат своја црква, па своите религиозни чувства, морале да ги реализираат во бугарската, грчката, а подоцна и српската црква. Овие цркви (финансирани од владите на нивните држави) тоа го злоупотребувале и во дворовите на речиси секоја поголема црква граделе училишта каде се школувале децата на Македонците кои ги посетувале, при што им биле подметнувани еднострани податоци за нивното потекло. Така се случувало во една фамилија да има тројца браќа од кои едниот се декларирал како Грк, другиот како Бугарин, а третиот како Србин. Сепак себедекларирањето на поединци и групи не е доказ за нечие етничко потекло. Вие можете од утре да почнете да се декларирате како Јапонец, тоа не значи дека преку ноќ ќе станете етнички Јапонец.  Исто било и со Бугарите. Постојат бројни сведоштва од странски патеписци и историчари, кои тврделе дека најголем дел од населението во Бугарија се декларирале како Срби и како Грци и тоа дури и во 19 век, што претставува дециден доказ дека жителите на Бугарија воопшто немале бугарска етничка свест дури и во првата половина на 19 век. Исто е и со јазикот. Наспроти лагите за наводниот „илјадагодишен карактер на бугарскиот јазик” бугар­ските преродбеници од 19 век, се жалеле дека бугарски јазик вооп­што не постоел дури ни во втората половина на 19 век, поради што мнозина од нив пишувале на - српски! Од друга страна бројни Македонци од 18 и 19 век себеси се декларирале како директни потомци на античките Македонци без било кој да ги тера на такво нешто, а бројни македонски илинденски револуционери  сосема јасно себеси се дек­ларирале како Македонци, потенцирајќи дека не се Бугари. Како Македонци себеси се декларирале и учесниците во Карпо­шевото, Разловечкото и Кресненското востание, додека бројни Бугари (дури и во 19 век) себеси се декларирале како Срби.

Каков ефект очекувате од оваа книга? Зарем сметате дека евро-парламентарците ќе ја прочитаат?

Не мора да ја прочитаат. Доволно е да ја погледнат насловната страница сосе насловот. Таа кажува се.

Дали сите ние доволно правиме за ширење на македонската историска вистина пред светот?

Не. Нашите непријатели вложуваат огромни средства за ширење на нивната анти-македонска пропаганда пред светот, а ние историските податоци кои се во наш прилог воглавно само си ги споделуваме меѓусебно на фејсбук или евентуално преку некоја наша телевизија или весник, кои никој во странство ниту ги гледа ниту ги разбира, па  после се чудиме зошто никој во светот не ја знаел нашата историска вистина. Како ќе ја знае ако ние самите не му ја доставиме на јазикот што тој го разбира? Значи потребно е што повеќе објавување пред меѓународната јавност на некои од светските јазици.

И за крај?

За крај сакам да се заблагодарам до оние кои помогнаа ова дело да се преведе, објави и масовно дистрибуира, а тоа се македонските активисти од Австралија: Џули Бубев, Живан Рендев, Светлана и Сашо Гаџев, Гордана Димовска, Бале Кузмановски, Ангело Вретоски, Вера Секуловска, д-р Васил Тулевски, д-р Маја Цветковска, Александра и Горан Серафимовски, Митре Мојсоски, Златко Игески  и Нове Младеновски, како и  Александар Стојановски од САД, Зоран Чулче од Холандија и Миле Кочоски од Шведска. Благодарност и до медиумските спонзори и тоа порталот „Македонска нација“ на Мане Јаковлески, електронското списание „Повод“  од Сиднеј со главниот уредник Душан Ристевски и Македонското радио од Перт водено од познатиот македонски активист Трајче Т. Трајкоски, а благодарност и до Марија Причкова-Митева од Штип и Џули Бубев од Австралија кои ја споделија книгата на повеќе стотици е-маил адреси и се уште ја споделуваат. Книгата е поставена и на веб-страната на Виктор Бивел Pollitecon Publications па ги повикуваме сите читатели да ја споделуваат на странски субјекти.

 

На прво место

News image

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

Договарани се тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, кои по спроведенит...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.