Среда, 19 Јули 2023    PDF Печати Е-пошта
НАСТАП НА ЕСМА И ЛОЗАНО НА „ЕВРОВИЗИЈА 2013“ ВО МАЛМЕ, ШВЕДСКА (26)

1janij8

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЕСМА“ НА СЛАВЕ КАТИН

Евровизија е годишен музички натпревар што се одржува еднаш годишно.Секоја земја-учесничка доставува песна која ќе биде изведена во живо на телевизија, а потоа доделува гласови на песните на другите земји за да се одреди најпопуларната песна во конкуренцијата. Изборот се емитува од неговото воведување во 1956 година до денес, и е еден од најдолготрајните телевизиски програми во светот. Исто така Евровизија е и еден од најгледаните неспортски настани во светот, со бројка на гледаност помеѓу 100 и 600 милиони гледачи на меѓународно ниво во последните неколку години

Македонија за првпат учествуваше на Евровизија во 1998 година, кога претставник беше Владо Јаневски. Меѓутоа, честа да бидат претставници за 58. избор за песна на „Евровизија 2013“, што се одржа од 14 до 18 мај 2013 година во Малме, Шведска им припадна на реномираните имиња од македонската музичка сцена - Есма Реџепова–Теодосиевска и Влатко Лозаноски – Лозано.

Тие настапија  со песната „Пред да се раздени“ од Симеон Атанасов, Дарко Димитров, Лазар Цветковски и Магдалена Цветковска. Есма и Влатко Лозаноски беа избрани од Македонска радио-телевизија и ја имаа таа чест да ја претставуваат својата земја -  Република Македонија, како земја-членка на „Евровизија“.

Изборот на песна за „Евровизија 2013“ има подолга историја. Имено, првата песна на Есма и Лозано беше композицијата со наслов „Опсесија“, која премиерно беше изведена на 27 февруари 2012 година на МРТ. Таа  е во етно поп-стил,  чиј автор е синот на Есма, Симеон Атанасов, а текстот го напиша Борче Нечовски.

Во студиото на Македонската радио-телевизија, Кралицата на ромската музика, Есма Реџепова и талентираниот поп-пејач Лозано, учествуваа на  премиерна вечер. Таа беше возбудлива вечер на која тие настапија со композицијата „Империја“.

Таа претставува исклучителна комбинација на поп- игра и народна музика. На тој начин се направи мешавина на Влатко Лозаноски како современ поп-пејач и Есма Реџепова како пејачка на ромската музика. Песната беше испеана на македонски јазик.

Во текот на оваа телевизиска музичка претстава, Есма ја испеа нејзината песна „Чајорије шукарије“,  позната во целиот свет со поддршка на „Биг бенд“ . Лозано, пак, ја пееше композицијата на Џони Логан изведена на „Евровизија 1987“. Исто така, овој интересен македонски дует ја исполни народната песна „Благуњо дејче пожаранче“. Претставникот од Македонија на претходната „Евровизија 2012“, познатата Калиопи беше специјален гостин на шоуто и ја испеа нејзината песна „Црно и бело“ со која настапи на Евровизија во 2012 година.

Меѓутоа, поради јавна критика, МКРТВ , радиодифузер на Република Македонија се одлучи за промена на претходно најавениот влез на „Империја“  со друга песна. Вечерта, Есма и Лозано го презентираа својот нов акт наречен „Пред да се раздени“.

Македонската радио-телевизија, своето право за менување на евровизиската песна до 18 март го искористи целосно и ја повлече песната „Империја“. Затоа, песната „Империја“, од авторите Симеон Атанасов и Дејан Момировски, според текст на Борче Нечовски, во изведба на Есма и Лозано не беше изведена во мај на Евровизијата во Малме. Република Македонија на „Евровизија 2013“ во Малме беше претставена со новата песна со наслов „Пред да се раздени“, а во изведба на Есма Реџепова и Влатко Лозаноски.

Новата песна „Пред да се раздени“, која е замена на првичната и повлечена песна „Империја“, е дело на Лазар Цветкоски и Дарко Димитров, аранжманот го направи Дарко Димитров, а авторка на текстот е пејачката Магдалена Цветкоска-Ена. За делот на Есма комплетен автор е Симеон Атанасов.

1janij88

Есма и Лозано во Малме

Македонската радио-телевизија поради остри критики од македонската јавност, првпат направи целосна промена на евровизиската песна. Од националниот сервис тврдеа дека песната, првенствено, треба да биде избор на широката јавност и поради тоа се одлучија на таков драстичен чекор, комплетна промена и целосно нова песна.

Во врска со овој настан имаше различни коментари од различни личности, медиуми... Меѓутоа, во оваа прилика ќе ја цитираме изјавата на Љупчо Мирковски, шеф на делегацијата за Малме од Македонската телевизија.

Направен е спој што до максимум ги извлекува вокалните можности на Есма и Лозано. Оваа песна е модерна, со примеси на ромска музика по која Есма насекаде во светот е препознатлива како уметник. На овој начин се спојуваат два различни стила во еден производ достоен за наше претставување на Евросонг.

Името на Есма, нејзиниот квалитет во изведувањето на ромската музика познат во светски рамки, со одличниот вокал на извонредниот Лозаноски, ќе биде одличен начин за наше претставување во Малме“.         

Што се однесува до промената на песната, според Есма, такви работи се случувале и порано на „Евровизија“. „Најважно е што нашите гласови не се сменети и што ние сме во состојба добро да си ја завршиме доверената задача“,  рече Есма Реџепова.

Инаку, Есма Реџепова–Теодосиевска се обидела на „Евровизија“ да ја претставува поранешна Југославија во различни времиња, и беше финалист во македонската селекција за 2004 година, со Тоше Проевски и во 2006 година, заедно со Адријан Гаџа кој ја претставуваше Македонија во 2008 година. Влатко Лозаноски–Лозано, пак, се обиде да ја претставува Македонија два пати, во 2009 и 2010 година, завршувајќи на четвртото место и во двата случаја.

Педесет и осмиот евровизиски избор се одржа на 14, 16 и 18 мај во Арена Малме, која има капацитет за 15.000 гледачи за концерти и 13.000 за спортски натпревари.

На изборот што се организираше во третиот по големина град во Шведска  учествуваа претставници на 39 земји од Европа. Лозаноски и Реџепова настапија на втората полуфинална вечер.

Во врска со пеењето на македонски јазик, Лозано појасни дека според одлука на македонскиот евровизиски тим тој пееше на македонски, а не на англиски јазик. Притоа го изјави и следното: „Мислам дека претставниците на секоја земја на најголемиот европски музички фестивал треба да пеат на својот мајчин јазик. Европа е вистинско шаренило од народи, кои зборуваат на различни јазици и токму тоа богатство треба да му го покажеме на светот“.

За „Евровизија 2013“ е значајно тоа што за првпат се пееше на ромски јазик. По тој повод ромската Кралица Есма Реџепова-Теодосиевска изјави: „Јас мојот дел од песната го отпеав на ромски јазик и тоа е историски момент за „Евровизија“, бидејќи тоа се случи првпат“.

Во врска со „Евровизијата 2013“ Симеон Атанасов во интервјуто за  „Дневник“ го изјави следното„Нашата земја веќе е победник на евровизискиот избор затоа што покажа колку ги почитува своите малцинства дозволувајќи ѝ на Есма да пее на ромски јазик“ – вели коавторот на евровизиската песна „Пред да се раздени“. 

„Не сакам да прогнозирам, но ќе ја повторам изјавата на Есма за странски медиуми која гласи: Македонија однапред е победник на оваа Евровизија затоа што  покажа на Европа колку ги почитува малцинствата што живеат овде дозволувајќи ѝ да пее на ромски јазик, што првпат се случува во историјата на Евровизија. Македонската песна однапред ќе биде песна на Евровизија затоа што за своја ќе ја чувствуваат 16 милиони Роми кои живеат во Европа. Има ли поголема победа за Македонија од ова“, рече Симеон Атанасов, синот на Есма Реџепова-Теодосиевска.

Продолжува

1slavek1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

Договарани се тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, кои по спроведенит...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.