Среда, 09 Август 2023    PDF Печати Е-пошта
ЕДИНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ ВО 1979 ГОДИНА (I ДЕЛ) (28)

3m3

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТАВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Манифестацијата „Југославија во чест на свети Кирил" што сеорганизира во спомен на сесловенскиот просветител светиКирил Солунски и неговиот брат свети Методиј, во 1979 годинасе одржа од 21 до 26 мај во шест италијански градовии тоа: Рим, Неапол, Соренто, Л'Аквила, Козенца и Тарквинија. Овааформа на организирано претставување на културата и на народите инародностите на Југославија во Италија, започна да прераснува во сепозначајно презентирање на југословенските традиции и културни достигнувања.

Растежот особено стана евидентен минатата година по потпишувањето на програмите за културна соработка меѓу Југославија и Италија. Според таа програма се предвидуваат мноштво размени и форми на соработка, во коишто спаѓа и манифестацијата „Југославијаво чест на свети Кирил", со учество на ансамбли, уметници и научни работници од сите простори.

И оваа година во Рим допатува делегација составена од државни и црковни претставници. Југословенската културна делегација ја сочинуваа: Матеја Матевски, претседател на Републичката комисија за културни врски со странство, како шеф на делегацијата, и членовите Цирил Злобец од СР Словенија и д-р Петар Милосављевиќ од САП Војводина,

Делегацијата на Светиот синод на Македонската православна црква, пак, беше предводена од американско-канадскиот и австралиски митрополит г. Кирил, а во чиј состав беа и дебарско-кичевскиот митрополит Ангелариј, протојереј Методи Гогов и ѓаконот Јован Таковски, професори на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски" во Скопје, како и протојерејот Јован Каровски, професор од Богословијата.

Во програмата, пак, активно учество зедоа КУД „Гоце Делчев " од Скопје, кое настапи во Рим и Соренто, Народното казалиште „Иван Зајц" од Риека, со претставата „Скуп" од Марин Држиќ, хорот на КУД „СветозарМарковиќ" од Нови Сад, кој настапи во Рим, Неапол и Соренто.

Студентскиот хор на Музиколошкиот институт на Српската академија на науките и уметностите, кој настапи во Рим и Л'Аквила, а музички рецитал одржаа Иван Калција (класична гитара) и Маргит Томиќ (мецосопран) од Сараево, додека академикот Харалампие Поленаковиќ одржа предавање во Рим и Неапол на тема: „Одекот на делото на свети Кирил во југословенската литература". Во продолжение се одржа изложба на југословенски книги, чиј фонд потоа беше подарен на Централната библиотека на Италија во Рим.

Исто така, се организираше вечер на југословенскиот краткометражен филм на тема „Културата на тлото на Југославија", програма од осум филмови кои беа прикажани во Неапол, а се одржа и „Вечер на современата југословенска поезија" во Л'Аквил и Неапол, со учество на поети од СР Црна Гора, СР Босна и Херцеговина, СР Словенија, СР Србија, САП Војводина и СР Македонија.

Централниот дел на приредбите се одржа на 24 мај во базиликата „Свети Климент Римски", пред гробот на сесловенскиот просветител свети Кирил Солунски, со молебен на митрополитот американско-канадско-австралиски г. Кирил и пригодниот настап на хорот на скопскиот соборен храм „Свети Димитрија", под диригенство на прота-ставрофор Борис Ангеловски.

Откако државната делегација положи венци, митрополитот Кирил, заедно со митрополитот Ангелариј и свештените лица Методи Гогов, Јован Каровски, Јован Таковски, како и поклониците прота-ставрофор Петар Давитковски и протојерејот Трајко Гроздановски отслужи благодарствен молебен на македонски јазик, при што, меѓу другото рече:

…Еве веќе единаесетти пат Светиот архијерејски синод на Македонскатаправославна црква испраќа своја делегација за да се помоли надсветите мошти и над гробот на Светиот рамноапостол, учител и просветителКирил Солунски. На овие молебени присуствуваа и поклоници- свештеници и верници на нашата света Македонска православнацрква.

Оваа година меѓу поклониците се наоѓаат и неколкумина нашиверници - Македонци од далечна Австралија.Стоејќи пред твојот гроб светителе оче Кириле, со трепетна радост ти благодариме за сето онашто го направи за нас низ вековите.

Во историјата на народите има личности, кои со својот живот исо своите дела значат вистински пресврт и решавачко долгорочнонасочување кон подобра и посветла иднина. Тие им влеваат нови духовнисили и ги разбудуваат и активираат сите нивни дотогаш латентнисили и дарби. Во оваа смисла тие се творци на нов живот и претставуваатнова етапа во нивното историско постоење.

3m33

Црквата Сан Клементе во Рим 

Во текот на престојот, црковната делегација беше примена од кардиналот Шепар, потоа во Словачкиот институт „Св. Кирил и Методиј" од професорот на Ориенталниот институт отец Михаил Лацко, како и од заменик-ректорот проф. Вавровиќ, кој срдечно и топло ја поздрави делегацијата велејќи меѓу другото: „Иако германските свештеницинастојуваа да го уништат ширењето на евангелското семе фрлено воплодната духовна нива на Западните Славени, тоа израсна и даде богати плодови

Драги Македонци, ве примаме со дух на љубов и благодарностза сето она што го правите низ вековите за зголемување накултот на светите браќа".  Исто така, делегацијата беше примена во хиепископот монсињор Римон Торела Касканте и неговите соработници, монсињорот Мелер, отец Дипре, отец Вирвол и други.

Ќе останат во долго сеќавање ручекот и приемот во југословенската амбасада при Светата столица на кои покрај амбасадорот Зденко Свете, членовите на делегацијата на чело со академикот Матеја Матевски, црковната делегација на чело со митрополитот Кирил, како и високите личности од Ватикан, меѓу кои, кардиналите Фрањо Шепар и Силвио Оди, архиепископите Ѓузепе Каприо и Роман Торела, загрепскиот помошник бискуп Ѓуро Кокша присуствуваа и голем број претставници и еминентни личности на институции и институти на Ватикан.

Меѓутоа, се чини највпечатлива ќе остане средбата со папата Јован Павле II. Имено, на 26 мај, точно во единаесет часот, во салата „Клементина", државната делегација на Македонската православна црква на чело со митрополитот Кирил беше пречекана и примена од папата Јован Павле II. Притоа, тој беше очигледно добро расположен и поздрават со секого му беше срдечен.

Еве што пишува „Весник" на Македонската православна црква во број 3 од мај-јуни 1979 година: „Веднашпријде кон својата работна маса, на која беше отворен атлас со картана Југославија, со зборовите: „Ајде да видиме каде се наоѓа Македонија", изговорени на полски јазик.

Водачот на делегацијата, митрополитотКирил, на македонски јазик, полека и разбирливо, рече:

„Еве,ова е Македонија", покажувајќи ги границите на нашата Република.Веднаш потоа додаде: „Ова е само еден дел од нашата македонска земја.Само во овој дел на Македонија Македонците се слободни и можатнепречено да кажат дека се Македонци. Ние сме рамноправни со ситенароди и народности во Југославија.

Имаме држава, наше школство Академија на науки и уметности, универзитети и наш културен живот исестрано творештво. Во овој дел на Македонија во 1958 година е обновенадревната Охридска архиепископија, која била основана од најдаровитиотученик на свети Кирил Солунски - свети Климент ОхридскиЧудотворец и неканонски укината од турскиот султан во 1767 година.

Тој е основачот на првиот Словенски универзитет, низ кој минале преку3500 ученици, кои мисионирале во сите словенски земји". Папата сеинтересираше за бројот на верниците на Македонската православнацрква и за епископските седишта во СР Македонија. Митрополитот Кирилодговари дека нашата Црква има околу два милиона верници, вокој број спаѓаат и оние наши сонародници кои живеат и работат во САД, Канада, Австралија и некои западноевропски земји, а таму повеќетосе појдени од оние делови на Македонија кои се под Грција, Бугарија иеден дел на Албанија“.

Продолжува

1slavek1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

Договарани се тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, кои по спроведенит...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.