Среда, 23 Август 2023    PDF Печати Е-пошта
ЕСМА – ДОБИТНИК НА ТИТУЛАТА „НАЦИОНАЛЕН УМЕТНИК“ (31)

1feli4

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЕСМА“ НА СЛАВЕ КАТИН

Кралицата на ромската песна Есма Реџепова-Теодосиевска, е естрадната дива која има богата домашна и меѓународна музичка кариера и која непрекинато трае 55 години. По тој повод таа ја доби титулата „Национален уметник на Република Македонија“, која и ја врачи претседателот Ѓорге Иванов

Тоа е највисоко признание во културата кое им се доделува на личности што придонеле за афирмација на Република Македонија во светот. Титулата и се доделува на Есма Реџепова и за нејзината хуманост и за подобрувањето на социјалниот живот на Ромите.

Претседателот Иванов, кој пред три години ја одликуваше Есма и со „Орден за заслуги за Македонија“, на свеченото врачување на титулата рече дека признанието е благодарност за нејзината мисија на врвен уметник и културен амбасадор на Република Македонија.

Од најраната младост, Есма постојано и безрезервно нè дарува сите нас со својата музика, хуманост и љубов. Со својата прекрасна музика, таа допира до срцата на многумина и во земјата, но и надвор од неа. Со секоја испеана песна, снимена плоча и одржан концерт, таа ни овозможува повторно да уживаме во нејзиниот уникатен глас, но и во хуманата порака што ни ја пренесува. 

Музиката на Есма е музика на Македонија, на нашето многуетничко, многујазично и многурелегиско општество. Тоа е музика што поврзува наместо да раздвојува...  Есма ги надминува границите на семејството. Ангажирајќи се за подобрување на економската и социјалната состојба на Ромите, таа стана симбол на целата ромска заедница како нераскинлив дел на македонското општество, рече Иванов.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека Есма Реџепова со своите бројни изведби и креации, со талентот и умешноста создала вредности кои, рече таа, се наш печат за идентификација со светот.

За Есма Реџепова може да се зборува многу. Таа е веќе лесно препознатлив македонски бренд. Не постои континент и нема земја која Есма ја нема освоено со својата песна, со својот раскошен глас, со својот темперамент. Голема и неповторлива, Кралицата на ромската песна живее со репутацијата на светски уметник со импозантна кариера. Повеќе од осум илјади концерти, настапи на над 15 јазици, издадени преку 60 албуми - ова се основните контури на уникатноста кои ја прават Есма Теодосиевска единствена, рече министерката за култура.

- Есма Реџепова-Теодосиевска во последните децении се етаблираше во сите европски и светски центри и ја промовираше македонската култура во меѓународен контекст. Во текот на своите 55 години активно музицирање, учествувала на врвни музички фестивали и манифестации низ светот, со што даде голем придонес во афирмирањето на македонската култура и традиција надвор од нашата држава, рече денеска министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, презентирајќи го добитникот на титулата Национален уметник.         

За време на својата 55-годишна кариера, Есма Реџепова-Теодосиевска има остварено повеќе од 12.000 солистички концерти во Република Македонија и надвор од неа. Во дискографијата на Есма Реџепова-Теодосиевска се наведени 15 албуми за домашни и странски продуцентски куќи, а остварила соработка и со еминентни музички светски имиња.

Министерката за култура во оваа пригода потсети дека со оглед на тоа што оваа титула претставува најзначајно признание во културата, критериумите дадени во Законот за национален уметник  се строги, но реални, мерливи, универзални  и остварливи.

Ваквата поставеност на критериумите, додаде таа, го стеснува кругот на потенцијални добитници на титулата, но, истовремено, како што истакна, токму желбата да се постигнат и да се исполнат вакви космополитски критериуми, со кои се потврдуваат врвни вредности на едно уметничко творештво, треба да претставува силен мотив и поттик за уметниците.

„Ова признание е само една од многуте мерки кои во изминатиот период ги спроведовме во насока на подобрување на статусот на уметничкиот кадар кај нас. Се реализираа многу вработувања, зголемени се примањата на уметниците, ја воведовме националната пензија и ред други мерки. Македонските уметници се најголеми амбасадори на македонската култура и, како и досега, и во иднина ќе останат наш врвен приоритет“, рече Канческа-Милевска.

Одлуката Есма да биде добитник на титулата Национален уметник за 2013 година, ја донесе  Комисијата за утврдување предлог за национален уметник во состав Стојан Стојков – композитор, Данчо Чевревски – професор на Факултетот за драмски уметности, Влатко Стефановски – музичар, академик Луан Старова и академик Васко Ташковски. На конкурсот објавен во април 2013 година пристигнале три предлози за титулата. Покрај Есма, предложени биле и Борис Трајанов и Рамзи Бела.

1feli44

Есма со претседателот Иванов

Титулата Национален уметник беше доделена на 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија.

Есма Реџепова-Теодосиевска задоволна од одлуката нејзе да ѝ биде доделено високото признание се заблагадори на нејзината менаџерска куќа што ја предложила за наградата, а на Владата на Република Македонија и на министерката Канческа-Милевска им се заблагодари за тоа што се залагаат да се вреднува трудот на уметниците и тие да бидат среќни. Таа нагласи дека признанијата треба да доаѓаат за време на животот и нив ги посака и за своите колеги и пријатели што присуствуваа на свеченоста.

Многу сум среќна денеска. Многупати имам изјавено дека кога ќе умрам не сакам ништо да ми се прави, тоа сакам да го видам сега, додека сум жива. Јас сум едно големо дете на Македонија, а во суштина многу мала и многу приземјена. Сакам живот со народот, со сите сограѓани во Македонија“, додаде Есма Реџепова-Теодосиевска.

Таа е трет носител на титулата Национален уметник, која ја имаат и пијанистот Симон Трпчески, кој беше прв добитник и режисерот Милчо Манчевски, кој титулата ја доби во 2012 година. Наградата е доживотен паричен надоместок од 60 илјади денари месечно.

Продолжува 

1slavek1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

Договарани се тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, кои по спроведенит...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.